Правна помош и совети

VMP

VMP
Член од
8 октомври 2010
Мислења
104
Поени од реакции
14
Дали подарен стан на дете детето може да му го врати на родителот и по колку време од подарокот? Ако може, дали плаќа порез или е ослободено од порез ако родителот нема живеалиште на свое ине?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Пак да прашам во врска со адвокат. Се обративме да раскинеме договор и да врати пари, досега реакција нема. Во овој случај кој е надлежен (освен она што пишува на договорот основен суд) да го натера да ни врати пари? Оти ако одиме на суд, пак ќе ми треба адвокат, што е нонсенс.

Инаку во прашање е поголема сума пари, за што пишував. Очигледно се преваранти.
Како да се постапи при проблем со адвокат и покрај писмен договор и покрај исплата на прилично голем аванс.
Дали за ова е надлежна адвокатска комора или граѓански суд, како најбрзо да се повратат парите.
а се сомневаме дека одолговлекува и работи во корист на оние против кои се бориме.

Дали некој имал проблеми со коруптивни адвокати и како ги решил.
 
Последно уредено:
Член од
2 март 2016
Мислења
481
Поени од реакции
468
Пак да прашам во врска со адвокат. Се обративме да раскинеме договор и да врати пари, досега реакција нема. Во овој случај кој е надлежен (освен она што пишува на договорот основен суд) да го натера да ни врати пари? Оти ако одиме на суд, пак ќе ми треба адвокат, што е нонсенс.

Инаку во прашање е поголема сума пари, за што пишував. Очигледно се преваранти.

а се сомневаме дека одолговлекува и работи во корист на оние против кои се бориме.

Дали некој имал проблеми со коруптивни адвокати и како ги решил.
Пишав како да направите во претходна страна, значи прво отповикајте го полномошното односно договорот, па барајте да ви достави пресметка колку сработил односно колку правни дејствија презел (состав на поднесоци, застапување пред суд на рочишта и институции) и да ви врати оригинал документи и да ви даде фотокопија од поднесоците и записниците, па ќе споредите со пресметката и авансот кој што сте го дале, ако остане разлика ќе барате да ви ја рефундира (минус данокот на таа разлика 10% данок на доход и 18% ДДВ) затоа што ако парите му се поминати преку банка тој должи данок на државата како да ги заработил тие пари.

Не носете веднаш заклучок дека е корумпиран можеби така ви делува ако мислите дека тој постапува поинаку од тоа што вие мислите дека треба да постапи, ако намерно пропушти рок, не ве известува редовно за предметот по секое рочиште итн., тогаш има сомневање дека не работи во ваш интерес, но треба да имате докази за тоа, но пак ќе кажам ако се согласи да ви рефундира пари и да се седнете да се договорите тогаш не верувам да работи против ваш интерес, а и реално ако се работи за висока сума на аванс и ако сте редовни во плаќање нема логика да работи против вас и да ве изгуби како странки сепак тој од вас заработува, али има различни луѓе, тоа е тоа, срамота ако на крајот излезе дека работи против интересот на својата странка...
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
Ке си извадиш имотен лист од катастарот и ако во него е се во ред со него ке отидеш во даночните служби во општината и ке ја исправите работата.
Нешто не е во ред со имотниот лист,на еден објект пишува дупло по 70 квадрати како да е приземје и кат а всушност објектот е нискоградба без никаков спрат,второ,земјиштето гласи на Р.Македонија.....Дали моите родители ја имаат заебано работата без да го легализираат земјиштето и дворот во времето на Груевски кога се легализираше за 1 евро квадрат,тоа не знам ама почнав да истражувам,интересно е што комшиите до нас слична конфигурација,на нивниот двор не пишува сопственост Р.Македонија туку дворот се води на нивните имиња....
 
Член од
13 март 2021
Мислења
18
Поени од реакции
7
Ми треба совет во врска со договор за вработување. Работам за фирма во Америка, како contractor, имам договор од нив на англиски. Фирмата е за outsourcing на други компании. Сега сакам да почнам јас самостојно да го работам тоа и да ги нудам истите услуги (би напуштила од оваа фирма, имам потенцијални клиенти). Но во договорот стои дека не смееш во рок од 3 години да работиш како нив и може да те тужат за 1милион долари. Ако има некој што знае, разбира, да му го пратам договорот да погледне како што пишува и дали би можеле навистина да ме тужат од таму.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.659
Поени од реакции
34.951

За ова не треба да бараш некој од мкд форум, туку на американски форум.
Прашањето е дали може да те тужат како странски државјанин/фирма, втора работа е дали имаш professional liability insurance, следна работа е дали воопшто сакаш да ги изгубиш како клиент или подобрата опција е да разговараш со нив за да го прошириш тимот.
Од мкд адвокати за слични работи сме соработувале со Јован, види дали може да ти помогне: https://mk.linkedin.com/in/jovan-najdenovski-46a424266?trk=public_post_feed-actor-name
 
Во случај на спор кое законодавство е предвидено?
Ако е законодавството на САД тогаш да може да ве тужат ако ве фатат дека не го почитувате договорот, ако е Европското континентално законодавство (на некоја ЕУ членка или нашето) тогаш не можат, сепак ако е на ЕУ членка треба да се има предвид и одредбите од меѓународното приватно право, или ако е договорена арбитража пред постојан избран суд законодавството на државата кадешто се наоѓа тој суд освен ако не е договорено нешто поинаку.
Ова е општо што можам да кажам, ако сакате подетално пишете ми порака.
 
Knoppix

El Patrón
Член од
16 април 2012
Мислења
723
Поени од реакции
1.908
Имам стари сметки за струја од пред 2014 во стара куќа. Струјата е исклучена во 2017 и има ставено електронско мерило и од тогаш нема струја. Сега сакам да ја платам струјата. Има тужени сметки. Прашањето ми е дали да ги плаќам сметките пред 2014та и дали 10 години стари сметки (тужени) се рачунаат за застарени и да платам само од 2014 јануари до 2017 (и останатите по 150-200 ден) за да биде приклучена струјата. Благодарам.
 
Член од
13 март 2021
Мислења
18
Поени од реакции
7
За ова не треба да бараш некој од мкд форум, туку на американски форум.
Прашањето е дали може да те тужат како странски државјанин/фирма, втора работа е дали имаш professional liability insurance, следна работа е дали воопшто сакаш да ги изгубиш како клиент или подобрата опција е да разговараш со нив за да го прошириш тимот.
Од мкд адвокати за слични работи сме соработувале со Јован, види дали може да ти помогне: https://mk.linkedin.com/in/jovan-najdenovski-46a424266?trk=public_post_feed-actor-name
Не е опција сорсботка бидејки они самите се outsourcing за други компании. Истото што сакам да го направам јас. Немам pd insurance, имам само договор со нив.
Ќе го контактирам Јован, кога ќе финализирам све.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.659
Поени од реакции
34.951
Не е опција сорсботка бидејки они самите се outsourcing за други компании. Истото што сакам да го направам јас. Немам pd insurance, имам само договор со нив.
Ќе го контактирам Јован, кога ќе финализирам све.
Зошто да не е ако се аутсорсинг?
Ние најмногу луѓе имаме баш на клиенти кои се аутсорсинг за владите во нивните држави, и тиер 1 корпорации. И да сакаме нема како да влеземе директно за нивните клиенти, нивните владини институции, и корпорациите, соработуваат само и само со локални големи фирми, или интернационални гиганти. Плус за таму треба едно чудо сертификации, лиценци, далеку поголеми покритија на осигурување и тн. Од друга страна овие се носители на тендерите, ние сме им подизведувачи со што ти го носат товарот за иницијална документација, тие вложуваат во повеќе маркетинг и продажби, ние им ја завршуваме техничката работа.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.736
Имам стари сметки за струја од пред 2014 во стара куќа. Струјата е исклучена во 2017 и има ставено електронско мерило и од тогаш нема струја. Сега сакам да ја платам струјата. Има тужени сметки. Прашањето ми е дали да ги плаќам сметките пред 2014та и дали 10 години стари сметки (тужени) се рачунаат за застарени и да платам само од 2014 јануари до 2017 (и останатите по 150-200 ден) за да биде приклучена струјата. Благодарам.
сега има за ова емисија на тв24, за отпис на долговите..
не знам дали струјата има третман како вода, т.е. не смее да те исклучува ??
Едно е застареност на Долг, друго е дали истиот давател на услуга мора пак да услужува неплаќач..
За сега колку знам има само една компанија за струја, не е како телефон оди кај друг..
Баш ме занима како е овој проблем на НЕПЛАЌАЊЕрешен во Регионот, посебно во ЕУ??
Овој на ТВ од Ромската партија во програмата стаил ЗАБРАНА НА ИСКЛУЧУВАЊЕ на Струја :cool: + со БРЗО Застарување = Нишка Бања топла вода, за Ци@ане жива Згода
 
Член од
10 септември 2009
Мислења
155
Поени од реакции
48
Здраво!
Сакам да прашам како би одело со оставинско,

Татко ми почина во јануари, сега сум сама јас дома. Во куќата живеам цел живот, не сум мажена (исто презиме) ниту пак сум се отселила тука или во странство. Татко ми има уште едена ќерка (од првиот брак) која е иселена од Македонија уште од пред 30г. Некогаш не живеела тука. Не се ни имам запознаено со неа, ниту пак знам како изгледа. Знам само дека има повеќе од 50г, а јас имам 34.

1. Како би била распределбата на имот, односно семејна куќа?
Јас не сакам рушење и станови (пари) туку дали може физика поделба? Татко ми ми остави во аманет дека не сака да се руши куќата, цел живот се грижеше и ја уредуваше.

2. Дали како ќерка која живеела со него, била до крајот на неговиот живот со него, му помагала во болеста пред да умре ми следува повеќе од 50% ? Некаде така прочитав, затоа и прашувам.

Ако имате препораки за добар адвокат, пишете. Фала!
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
Каде да пријавам директор на Јавно претпријатие на кој незаконски му го продолжуваат мандатот повеќе од 12 пати а легално е 2 пати!! Типот досега само во нето-плати има набалирано 50 иљади евра,за штелуваните набавки и да не зборам......Типот е со виша,без високо образование,нема положено разговорен англиски,без положен државен испит за директор и редица други дубиози......Се работи за политички дил и јас таквите ликови не ги сакам затоа што прават штета на целото општество
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Знам дека е можно родител да се пријави кај дете и обратно при пријава на живеалиште во ЛК. Имаше октомври и некои измени во Законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште, но измените беа главно за бездомници и лица во бесправно изградени објекти.

Лице живее во зграда која не е бесправно изграден објект (има платени комуналии, елаборати и комплет документи), туку не е сеуште изложена/впишана во Катастар (и не знаеме кога ќе биде, заради стечајниот, главниот доверител и нивни одредени дејанија) така да нема валиден документ за фактичкото место на живеење (ако сметки за струја и вода не се сметаат). Што би значело измените во законот изгледа не важат за него (претпоставувам, не знам, според документи што треба да презентира).

Прашањето ми е
Дали може лицето да се пријави со адреса на живеење кај свој внук во друга зграда?
 
Последно уредено:

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Каде да пријавам директор на Јавно претпријатие на кој незаконски му го продолжуваат мандатот повеќе од 12 пати а легално е 2 пати!! Типот досега само во нето-плати има набалирано 50 иљади евра,за штелуваните набавки и да не зборам......Типот е со виша,без високо образование,нема положено разговорен англиски,без положен државен испит за директор и редица други дубиози......Се работи за политички дил и јас таквите ликови не ги сакам затоа што прават штета на целото општество
Koj e toj ziti majka
 
Kajgana Shop

На врв Bottom