Не сум правник но интересна ми е темав и случајов на
@badluckguy . Незнам колку е ова логично размислување но еве кога пример судот би го сменил т.е. намалил делот на мајката за сметка на таткото т.е. неследниците колкав дел би добиле тие ?
Значи платена е цена многу помала од реалната вредност на станот, пример 5000евра(мада мислам дека се марки наместо евра) а реалната вредност на станот сега е пример 50000евра што судот со проценка ке го утврди. Дали тоа значи дека они би станале сопственици на 1/10дел од станот т.е за вредноста од 5000евра што е платена. Ваљда нема судот да им даде половина од станот што е далеку од платеното. Евентуално овој дел би се зголемил доколку во годините наназад е плаќана кирија за станот (дедека биле во брак) и плус за делот со сменетите прозори и евентуално докази за други поправки во станот.
Добар адвокат вероватно може да најде докази за префрлањето заробени девизи во евра и префрлањето на тие евра од таткото на сметка на мајката.(Мајката како купувач морала да ги има на своја сметка)
Тешко некој да даде реална слика и математика колку пари ке се потрошат при една ваква постапка и што на крајот ке се добие како вредност од сопственоста т.е дали тој дел ке ги покрие давачките за постапката.