Здраво. Имам еден проблем и се надевам дека тука има некој кој што е повеќе правно образован и кој би ми помогнал и посочил што да правам. Се работи за мобилен телефон кој што ми е оставен на сервис веќе 35 дена. Уште на 31-от ден, бидејќи не ме контактираа ниту да го земам поправен ниту дека треба нешто да се направи, отидов таму и ми кажаа дека ќе добијам нов уред ама имало некои административни работи кои требало да се завршат бла бла бла, и дека ќе ме контактираат за ден два да подигнам потврда за замена на уредот. Нормално, не ме контактираа, па денеска отидов пак и се расправавме таму како требало да почекам уште нареднава недела, како од овластениот сервис требало да добијат потврда или не знам што, да не сум се нервирал и да не сум одел да барам тие ќе ме контактирале и слични глупости. Излегов изреволтиран од таму и ѕвонев во Организација за заштита на потрошувачите и не ми крена никој, после ѕвонев во Државен пазарен инспекторат каде ми кажаа да се јавам понеделник после 8:30.
Е сега, дури чекам до понеделник да видам што ќе ми кажат тие, сакав да прашам и други што ќе ми кажат. Дали воопшто смеат така да постапуваат? Нели после 30 дена сервис ако не е поправен уредот треба да добијам нов или да ги добијам парите што сум ги платил? Дали од правен аспект сум во право јас и дали можам да ја тужам фирмата?
Однапред да ви заблагодарам на одговорите.