Постдипломски

Член од
16 септември 2016
Мислења
21
Поени од реакции
0
Јас студирам магистерски на ФЕИТ и цената изнесува 1800 евра за два семестри. Знам дека во споредба со другите факултети е скапо, но се одлучив за овој факултет, бидејќи:
1. Дипломата е светски призната и е во ранг на најуспешните факултети во светот;
2. Образованието е квалитетно.
Другар, дали магистрира?[DOUBLEPOST=1474059870][/DOUBLEPOST]
Јас студирам магистерски на ФЕИТ и цената изнесува 1800 евра за два семестри. Знам дека во споредба со другите факултети е скапо, но се одлучив за овој факултет, бидејќи:
1. Дипломата е светски призната и е во ранг на најуспешните факултети во светот;
2. Образованието е квалитетно.
Другар, дали магистрира?
 
Член од
26 февруари 2013
Мислења
116
Поени од реакции
31
Дечки ај малце да ми помогнете. Дипломирав политички науки на правен факултет Јустинијан. Сега сакам да запишам постдипломски- казнено право. Сакам да ве прашам дали после завршувањето можам да полагам правосуден или нотарски испит. Всушност прашањето ми е дали после завршувањето на постдипломските студии јас се стекнувам со звањето правник? Или за тоа мора и додипломски да си завршил право? Некако ми е нејасно
 
Член од
16 септември 2016
Мислења
21
Поени од реакции
0
Сакам да се запишам на постдипломски на ФЕИТ на смер ЕЕС или Обновливи, некои ваши лични искуства, што е како е?
 
Член од
21 октомври 2016
Мислења
20
Поени од реакции
0
Дали од економски 3+2 на финки може да се магистрира, и дали од правен 3+2 на економски може да се магистрира и како иде постапката?
 
Член од
23 септември 2014
Мислења
3
Поени од реакции
0
Ме интересира дали има некој што магистрирал на финки или планира да запише мастер? Конкретно мене ме интересира Статистика и актуарска математика (Михова, Бакева и Жанета у комбинација) :)?
 
Член од
18 јануари 2018
Мислења
8
Поени од реакции
12
Читам на форумов како студирањето постдипломски на приватниве факултети било гола вода...Се запишав на ЕУРМ на мастер студии насока Маркетинг менаџмент вонреден студент. Ми дадоа книги, дознав кој ми се професори итн...Отидов на консултации да разговарам со професорка по одреден предмет каде што побарав од неа да ми даде насоки што да учам,каде што претходно и објаснив (вонреден студен, 2 работи работам за да ги платам студиите....итн. ) Жената толку беше дрска и ладнокрвно ме погледна и ми вика: Имаш книга...учи( толку од консултациите). Има некој што запишал мастер на ЕУРМ и да сподели искуства ? Дека искрено очекував подобра соработка со професори на приватен...али ова е потполно спротивното o_O
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377

Европски од Бојо? :pos:
 
Член од
18 јануари 2018
Мислења
8
Поени од реакции
12
Уште утре да си одиш по документите...
Кога би можел да но веќе ми се уплатени 2 рати 900 евра...во план ми е да правам муабет со раководителот на ЕУРМ...многу е лошо некој за твои пари на приватен да те...
 
Член од
18 јануари 2018
Мислења
8
Поени од реакции
12
Има ли некој што може да сподели искуство за мастер студии на Европски ?
 
Член од
11 јануари 2015
Мислења
7
Поени од реакции
0
Дали знаете колку чинат едногодишните постдипломски студии на Економски факултет, УКИМ - упис, испити, семинарски и се' што е потребно, изработка, лекторирање и одбрана на трудот.

Како се полагаат испитите, усно или писмено - оптички, како на додипломски или можеби со раскажување?

Колку е обемен материјалот и дали за полагање задолжително е учење и на дополнителна литература?

И уште нешто, затоа што поодамна имам дипломирано, дали знаете во кои земји се признаени дипломите од Економски, прв и втор циклус студии?
 
Член од
7 август 2010
Мислења
150
Поени од реакции
50
Дали знаете дали има втор циклус на студии од областа на астрономија и астрофизика на ПМФ? Дали имат овде некој или познавате некој што има посетувано доколку постои таков смер во втор циклус на студии?
 
Член од
17 август 2018
Мислења
1
Поени од реакции
0
Дали знаете колку чинат едногодишните постдипломски студии на Економски факултет, УКИМ - упис, испити, семинарски и се' што е потребно, изработка, лекторирање и одбрана на трудот.

Како се полагаат испитите, усно или писмено - оптички, како на додипломски или можеби со раскажување?

Колку е обемен материјалот и дали за полагање задолжително е учење и на дополнителна литература?

И уште нешто, затоа што поодамна имам дипломирано, дали знаете во кои земји се признаени дипломите од Економски, прв и втор циклус студии?
И мене ме интересира. Твое мислење, запиша магистерски на Економски?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom