Последен гледан филм со кратка рецензија

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.993
Поени од реакции
84.522
Дрво до дрво или како научив да престанам да се грижам и да ги сакам шутевите за три (2013)

Ми се гледаше некој спортски хорор сабајлево, па случајно го најдов филмчево. Феноменален филм. Не само за спортски, може да помине и за сериозен хорор. Филмот навидум изгледа инспиративен. Се работи за 5-6 дрва, кои што имаат сон да станат кошаркари. По пат на среќни околности стануваат кошаркари, и тамам кога мислиш дека филмов е среќен, почнува хоророт. Има еден рус актер, најдобро одглуми у цел филм, од кога почна неговиот дел во филмот цело време во страв бев. Исто имаше и едно високо дрво. Кастингот беше феноменален, овој високиов глумеше феноменално. Имаше една сцена во филмот во кој што овој треба да промаши положување од 2цм одалеченост и толку добро изглуми што ме натера да помислам дека стварно постои толку висок некој што би промашил положување од 2цм оддалеченост. Е сега имаше и црна точка филмов. Имаше еден црнец што воопшто не се трудеше да го исплаши гледачот, баш напротив. Ваљда го ставиле за comedy relief во филмот, ваљда за да го продолжат клишето дека црнците во хорори умираат први.
Крајот на филмов крвав како тинејџерка при прв однос. Феноменален крај има филмов ама ај да не ви го расипувам филмот.

Од мене конечна оценка има 3/25.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.515
Поени од реакции
33.686
"Oh my god, I so care."
-Nobody, on Caring.

Eуфоријата је врло опаќа ствар, а јас како немакедонецот кој не гледа кошарка што сум, неможам да ја сфатам, па замисли колку ми е тешко да го оставам постов. Но ете, нека служи како пример&потсетување, едно на правилата на темата, друго на тоа дека живееме во Македонија. Еднаш кошаркарите ќе разочараат, еднаш хуморот на џрагонски, секогаш економската состојба. Како и за сите филмови после 99', штосот е да немаш очекувања.

Будите умни одсат.
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
Елизиум (n)
(пази со слика да не се замарам :P)

Дистрикт 9 копија, веќе видено, ист филм...од Дистрикт 9 нити креативноста, нити интересниот главен лик, нити добрата акција...башка пола филм чекаш да се случи нешто...и до кога со таа слоу моушн акција...? Во една сцена, не е спојлер, на еден лик му паѓа ножот и ми покажуваат каде паднал ко да е тоа важно и тоа у слоу моушн едно 10-15 секунди гледаш како паѓа ножов (јебига не ми е ни смешно, а ме мрзи да стаам фејспалм).
Од Бломкамп очекував многу повеќе, ме разочара уште со вториот филм исто како Данкан Џоунс (син му на Боуви).
На ИМДБ има 7 :ROFLMAO:, а бе умрев од досада...после ваков клише филм, морам да се опраам со некој веќе виден добар, да се потсетам зш обожавам филмови...

5/10

сега се крстам у Гравити...баш пред некој ден и Џ.Камерон го пофали ама он и не е за верување повеќе, забега со тоа штрумфовите, само лажеше дека ќе го екранизира Бетл Енџел, шо да се замара со нешо ново кога може со штрумфојте да иде на сигурно, малку пари има уште му требаат.

ај доста хејтав...
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Beneath (2013)

Уште еден потценет филм на имдб, 4.1 има филмов :eek: What the fuck?.
Мене лично хороров многу ми се допадна, и од кога ќе го изгледам Evil Dead ќе направам споредба меѓу овие два хорора, но според мене Beneath ќе излезе подобар но останува да видиме, деновиве ќе го гледам Evil Dead

Рецензија: 2 Девојќи и 4 машки (верни другари/ки) матурираат и решаваат да одат на викенд во езерото на дедото на Џони (еден од децата). Стигнаа таму се океј, но во езерото има чудно „чудовиште„ за кое само Џони знае и незнае како да им објасни на другарите. Тие тргнаа во езерото со чамецот, подоцна 3 се фрлија во водата и почнаа да пливаат. После одредено време чудовиштето излегува на виделина, и веќе ја има првата жртва, тоа е едната девојка. По нејзиното умирање, наместо да се смират останатите почнуваат да се караат и на крај не останува ните еден жив, сите умреа. Доста е рецензијава мислам. :icon_lol:.

Оценка. 7/10
 
П

Пепси_

Гостин
Into The Wild (2007)

Одлично авантуристичко филмче,кое иако трае 2 часа едноставно секој момент те задржува да го следиш внимателно.Од едно место до друго главниот лик не носи на различни фантастични места,одлични пејсажи за гледање.

Станува збор за младо момче кое решава својата заштеда за колеџ да ја донира,и да избега од гнасниот свет потполно да се препушти на дивината и природата.Вкрстени се две времиња,неговото растење со неговите родители кои го прават грозно неговото детство,од каде и доаѓа желбата за бегство од сите нив,и самото патување низ низ дивината и ликовите кои ќе ги сретне по пат.

Релаксирачки филм,а воедно и напнат кон крајот,кој патем е снимен според вистински настан.


9/10
 
G

Geezer

Гостин
THE EAST
:cuc:
За мене, многу повеќе од филм. Фантастично филмско остварување, нема да го оценувам, мислам дека тоа е веќе излитено. Ќе кажам само дека во овие 120 минути, нема само да уживате како и во секој друг филм, без разлика на жанрот.​
Туку ќе ви се постават многу прашања, ќе ви се разбистри свеста, ќе прекинете со мижење пред очигледното, барем во тие 2 часа и ќе ви се ококорат очите. Главното прашање можеби ќе ви биде: '' Што направив јас, за да не биде тоа така ?​
Расипаноста на системот, профитот на корпорациите и нивната добивка, наспроти она што луѓето секојдневно го губат. Три, ако не и малку повеќе, лоши страни на капитализмот, од многуте кои ги поседува, прикажани на филмско платно, преку одличната глума на актерите, полумрачната атмосфера која не те остава рамнодушен. Филм со многу силна поента, со многу силна симболика. Особено сцената кога сите вечераат, кој го гледал или ќе го гледа, ќе знае за што зборувам.​
Инаку, не очекував дека филм од 2013 ќе биде олку добар, по мој вкус и дека ќе ми стане за брзо, еден од омилените филмови воопшто.​
Ви го препорачувам од срце.​
Јас посакувам...​
 
H

HoT IcE

Гостин
Now You See Me
Ова е навистина ремек дело. Го ѕирнав на трејлер пред некое време, и тотално заборавив на него чекајќи 1ви септември за нов лимит. Сега го изгледав на раат, уз добра чил атмосфера надополнета со дожд, филингот уште појак со добро озвучување и квалитетна ХД слика.
Не памтам волку добар филм да излегол во последно време, ме држеше 2 саати во претпоставки и тотална конфузија што ќе се деси следно. Дел од дејствијата го погодив, ама поголемиот дел не. Ептен непредвидлив филм со прејак крај и предобра порака! А реткој кој ја разбра.
Да се свртам на филмот конкретно, како што реков, приказна - совршена. Глума - такоѓе мада младиот Џек ме разочара тотално и плавушана француска.
Музика, сценографија, костимографија и остало - савршено. Ремек дело е целиов филм. А како дејствијата се поврзани меѓу себе е фантастично со оглед на тоа дека се свестуваш при крајот на филмот.
Не знам, феноменален филм. Оценка 10/10.

Into the Wild
Го гледав вчера, уз слична атмосфера како претходниот филм, и уште едно феноменално парче. Филмов го дознав преку препорака од другарка, и сакам да ја гушнам многу јако, ама ќе почека до понеделник тоа. Предобро филмче, фантастична приказна и одлична глума. Пејсажите, целиот филм како е снимен и претставен е феноменално дело на Шон Пен и компанија. Прилично сум изненаден затоа што не сум запознаен со квалитите на Шон Пен како режисер, ама со ова дело ме остави без зборови, маесто е, освен глумец и режисер маестро.
Не знам што да кажам, со оглед дека филмов е постар веќе се има кажано се што има да се каже, фантастично филмче кое те остава да се размислиш за животов пуст. Браво.
Оценка, 9/10, не знам зошто 9ка, и 10ка би му дал:X3:
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
This Must Be The Place (2011)

Шон Пен како Шенај, славен рокер кој е западнат во тешка меланхолија и пасивност откако решава да ја прекине својата успешна кариера. По 30 години, заминува во својата еврејска заедница на погребот на својот татко и веднаш потоа започнува потрага по преживеан нацист за да го одмазди својот татко.
Филмот е една огромна катастрофа. На страна брилијантно одиграната глупава улога на Шон Пен, филмот нема никаква приказна и никаква цел што треба да се постигне. Музиката е одлична, кадрите и пејзажите на Америка се исто така одлични. Толку.

Adore (2013)


Наоми Ватс и Робин Рајт во главните улоги. Две милфички прекрасни кои другаруваат уште од малечки. Постојано се заедно, како вистински сестри. Двете стануваат мајки и добиваат по еден син. Интригите започнуваат кога границите меѓу пријателството, мајчинството, љубовта и годините се вплеткуваат во една целина која нема да знаеме дали да ја критикуваме како неморална бидејќи по ниту едно "мерило" на морал она што се случува во филмот не е настрано и неморално. Врската која другарките ја градат уште од малечки ја принудува публиката да ги гледа нив две како една целина, а автоматски со тоа, детето на едната од нив е дете на другата. Тотално погрешна перцепција која на тест ја става нашата идеја за моралот и границите на љубовта, ако истите воопшто постојат. Вреди да се погледне :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
The call (2013)



Ухх, стварно не знам од кај да почнам...
На IMDB е пишано дека ова е жанр- трилер, со што не се согласувам баш, бидејќи имаше доста хорор елементи, и тоа квалитетни...
Вакво морбидно и језиво сценарио, во најмала рака, може да произлезе единствено од по малку изветиперен ум, но оригинално е, барем во суштина, ако ги исклучиме неколкуте клише моменти својствени за ваквиот тип на филмови...
Хали Бери како главна актерка беше брилијантна...И кога сме кај актерите, појавувањето на Мајкл Империоли, ептен позитивно ме изненади:love: иако на кратко беше само...:)
На неколку пати од филмов осетив вознемироност дури го гледав, најпрво кога киднапираната се разбуди затворена во гепек од кола...На неколку секунди се замислив јас на нејзино место и ми проработеја клаустрофобични чувства и доволно беше...Поготово последната третина од филмот стварно беше језива и не е за луѓе со слабо срце...
Од мене оцена 7,5 -10 заради неколкуте клише моменти, кои стварно не беа потребни...
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.030
Поени од реакции
714
Night Train to Lisbon

Филмчево го пуштив без никакви очекувања. Ама ме изненади.

Еден професор, одејќи накај работа, сосем случајно спасува една млада девојка од самоубиство. Таа си заминува и го заборава палтото. Професорот во џебот од палтото наоѓа книга и билет за воз до Лисабон. Се решава да ги остави обврските и да тргне за Лисабон. Кога ќе пристигне, почнува да го бара авторот на книгата и да ја одгатнува неговата чудна животна приказна.

Инаку филмот е со релативно просечна приказна, но бидејќи е сниман низ Лисабон, дефинитивно ќе ви го задржи вниманието.

Од мене добива 7/10.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.702
Поени од реакции
27.645

Убава порака дава самиот наслов на филмот. И покрај тоа што настаните што се случуваат не се ништо ново, познати на оние што пратат интернет "култура" одамна, убаво е да се потсетиме. Изгаси се од интернет! Отсекогаш сум си велел дека на интернет сум еден, во живо сум друг, само поради фактот што голем дел од моето користење на интернет беше за зезанција на времето. Но за жал, има млади/стари неискусни што го сфаќаат сериозно. Бараат утеха во него. Некои ја наоѓаат, некои западнуваат во поголеми проблеми.

Не можам да кажам лош збор за филмот, ама не можам да кажам дека е нешто којзнае што посебно или пак којзнае колку забавен. Во секој случај вреди да се погледне, глумата е солидна и убаво е снимен. Уште еднаш, гаси се од интернет и чувствувај луѓе!
 
Член од
23 јуни 2013
Мислења
132
Поени од реакции
244
Scenic Route (2013)




Интересна егзистенцијална драма, во која двајца најдобри другари, поради проблем со возилото заглавуваат сред американска пустина. Едниот некогашен музичар, а сега типичен американски клерк, работи досадна работа што не ја сака, женет со жената што му се паднала, другиот недораснат, пропаднат и невработен писател, кој решил да не му се покори на системот, да си живее во својат филм и да сонува. И двајцата знаејќи дека се залажуваат со својот моментален комфор и избор, наметнуваат куп прашања, поставувајќи го најбитното: „дали го живееш животот што го заслужуваш“, посочувајќи кон другиот и кон себе.
Целиот филм е дијалози помеѓу двајцата во сред пустина, со расипанао возило, без вода и храна, по што доаѓа до тензии и дури физичка кавга, меѓу повредените ега. Сепак на крај „успеваат“ да најдат излез од ситуацијата заедно, после што и двајцата, препородени започнуваат нов променет живот. Но, колку е тој реално променет кажува малиот твист на самиот крај.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
Друштво на мртвите поети.

DRUSTVO.jpg

Неам зборови да го опишам филмов, само ќе речам дека тие што го немаат гледано сместа да седнат и да го гледаат а тие што го гледале повторно да седнат и да го изгледаат.

Оцена 10/10 .

Oh Captain My Captain
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.731
Поени од реакции
1.486
The Emperors New Groove


Незнам како сум го пропуштил ова :pos:премногу е смешен и со силна порака. Накратко за приказната императорот Куско ќе биде претворен во лама од неговата соработничка Џазма. Тогаш самобендисаниот императот ќе научи многу битни лекции од кој највеќе ми се допадна тоа никогаш не го потценувај мислењето и помошта на другиот. Оцена 8/10
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.360
Поени од реакции
28.376
Enchanted



Одамна немам гледано филм што е толку лесен за уживање како Enchanted.
Познато е дека Дизни има најголем профит од франшизата со принцезите. Уште кога Дизни ја издаде Снежана во 1937 година, се постави модерниот стереотип за принцот на бел коњ, и убавата девојка што го чека, и секако лошата вештерка што е противник на љубовта и што сака да биде кралица. :D

Дизни знае дека е најголем влијател на ваквиот стереотип, затоа продолжуваат со прераскажување на сите бајки во веќе познатиот дизни стил кој на сите ни е познат: Пепелашка, Малата сирена, Заспаната Убавица и така натаму.
Но, Дизни знае да ги искористи сите клише стереотипи на една принцеза и знае како да си поигра со нив и да ги претопи во филм, за една таква принцеза што преку магија од лошата вештерка ќе биде испратена од анимираниот во реалниот свет, каде не постои happily ever after.
Во главната улога е Amy Adams како Жизел и додека го гледав филмов постојано се прашував колку ли и било забавно додека глумела. :D
Жизел е убава, вредна, кога пее сите животни доаѓаат да и помагаат, и е изгубена во Њујорк чекајќи го својот принц да ја спаси и да се венчаат. Во филмот особено што ми се допадна беше култните сцени што ги знаеме од дизниевите филмови што сме ги гледале како деца како големата книга што се отвара да ја раскаже приказната, јаболкото на снежана, илјадници меури со ликот на пепелашка, и секако true love's kiss :D.
8/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom