Последен гледан филм со кратка рецензија

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Paris Manhattan (2012)

Нарачав да ми слегнат филмови од Вуди Ален, овие последните посветени на Париз, Рим и Лондон (Вики, Кристина, Барселона го имав гледано), ама меѓу другите симнат е и овој.

Главната протагонистка е страствена обожавателка на Вуди АЛен и неговите реплики се најдоброто нешто во филмот. Се друго е вана би Вуди Ален, ама тешко.
На почетокот мислев дека филмот е негов и си реков: Човекот не го бива.
Се погоди и мојата омилена песна е таму .... Am wild again....mmmm

Ако имате слободно време, знаете дека животот нема смисла, ама баш ве брига за смислата, пуштете си го филмот... Нема врска ако задремете, на крајот децата ќе се земат ;)
 
Race 2

MV5BMjA4NzEzODQ3NV5BMl5BanBnXkFtZTcwMDMzMjg3OA@@._V1_SY317_CR2,0,214,317_.jpg


Колку е потценет филмов, мене лично многу ми се допадна филмчево.. Пари, женски, автомобили.. доволно е тоа да се каже, едноставно јас ги обожав таквите филмови како овој.

Првиот дел не ми е гледан, али чека на листата за гледање и во слободно време ќе го изгледам и се надевам дека е како вториот и можеби малце подобар.

На кој не му се допаднал филмов значи нема вкус, поздрав :love:
Оценка од мене 9/10 :icon_lol:

рецензија ме мрзи да пишам сеа, во друга прилика :icon_mrgr:
 
Јас уствари го гледав The assassins нарочито Кинески филм ама доста добар, има сега мала оцена на IMDb (5.5) у споредба со реално што би требало да има, јас би му дал 7.

MV5BMTYxNTAyNTUxOV5BMl5BanBnXkFtZTcwODAwNjA5OA@@._V1_SY317_CR51,0,214,317_.jpg


Сега нема некој којзнае кој познати фаци ама у реду беа овие не се обрукаа да речеш, погодени беа доста карактерите освен едниот син на Емперорот (да не откривам многу ке видите).

Имаше доста убави места со природа, снег и после со тие храмовите... класика.

Интересна приказна! Поред тоа интересно е да се види кој на што се е спремен да направи за нешто (материјално/корист или верување/филозофија[зависи до карактерот]).

Делот со акција некако не беше баш добро изрежиран.



 
The Great Gatsby
http://www.imdb.com/title/tt1343092/

Интересно филмче снимено според, мислам истоимената, книга. Филмот е раскажан од странана на соседот на Гетсби за кого во почетокот Гетсби претставува само мистериозен милионер кој приредува прекрасни забави. Еден ден сосема случајно добива покана од него за да присуствува на една од неговите забави.

Филмот всушност го раскажува животот на Гетсби и неговата љубов спрема Дејзи, братучетка на ликов кој ја раскажува приказнава (не ми текнува како се викаше). Станува јасно дека сите забави Гетсби ги организира само со надеж дека ќе ја сретне повторно неговата љубов и ќе продолжат онаму каде што застанале пред пет години. Филмот покажува ситуации во кои ќе помислите дека вистинската љубов е навистина силна и може да победи се, за во еден друг момент да ни покаже колку може човек да биде површен и да занемари се во име на парите. Колку нечиви туѓи одлуки можат да влијаат на нашиот живот.

Сценографија, музика и прекрасна глума особено од Ди Каприо кој прекрасно го доловува комплексниот карактер на Г-дин Гетсби.
Го препорачувам филмчево. Заслужена 7,4 отценка на IMDB, можеби дури и 8 ;)
 
Trance
Прочитав некаде препорака ама не ме воодушеви зошто на пола филм откриваш што ќе се случи на крајот. Нејсе малку за приказната главниот лик ќе украде вредна слика но ќе се спречкат со партнерот и тој ќе го загуби памтењето. Единствен начин за да се дојде до сликата е тој да се сети што се случило. Единствен начин е хипнозата и сега не би сакал да ви го расипам филмот погледнете го. Според мене за тепање време е добар ама не е ништо посебно. Оцена 6/10 имаше и многу фантазија.
 
Headhunters (Hodejegerne)
http://www.imdb.com/title/tt1614989/

За филмчево прочитав рецензија на форумов и решив да го изгледам со оглед на тоа што тој што ја пишуваше рецензијата толку убедливо го препорачуваше. До душа добра филм, да прочитав дека е Норвешки филм најверојатно никогаш не би го изгледала и би погрешила.
Интересен филм со премногу крвишта за мој вкус.

Главниот лик Роџер работи во агенција за вработување и ги спојува работодавците со соодветниот кандидат за отворената работна позиција. Висок само метар и 68 цм чувствува потреба тоа да и го надокнади на неговата, една глава повисока од него и поубава, жена. Ја опсипува со скапи подароци и на некој начин ја купува нејзината љубов. Кога неговата сметка во банка ќе се испразни и му се заканува банкрот се решава на кражба на ретко уметничко дело кое може да се продаде и за околу 100 милиони долари.
Како оди кражбата, дали Роџер ќе се извлече, кој е тој што го поткажува дали неговата жена или некој сосем трет погледнете во филмот.
За сите љубители на трилер филмовите го препорачувам. На ИМДБ има отценка 7,5 и од мене ја добива истата.
 
The Conjuring

MV5BMTM3NjA1NDMyMV5BMl5BanBnXkFtZTcwMDQzNDMzOQ@@._V1_SX214_.jpg


Интересен хорор. Малку сум разочаран бидејќи очекував повеќе, но што е тука е.

Седумчлено семејство се вселува во нова куќа. Куќата има минато. Темно минато. Непосредно по вселувањето почнуваат да им се случуваат необјасниви работи. Повикани се Ед и Лорејн Ворен, докажани истражувачи на паранормалното, да го испитаат случајот.

Филмо според мене заслужува 6.5/10
 
34_now-you-see-me-poster_7B13.jpg
Now You See Me (2013)
Филмов ептен ме изненади. Очекував да биде просечен како останатите во лејт најт и да заспијам на пола. Но, два саати. Два саати полни со неизвесност и возбуда (Исла Фишер). Уште од самиот почеток па до самиот крај. Се работи за луди магионичари со нивните луди идеи на кои им е дадено блабла... Нема да можете да ја предвидете следната сцена ниту пак што ќе се случи во таа послем неа. :P

Пред да размислете дали да го гледате филмот, погледнете ја актерската екипа. :)

О, и музиката им е перфектно одберена. :D
 
Ги изгледав Persona/The Seventh Seal.
Првиот ме воодушеви, навистина одлично одглумен филм од само една актерка ако земиме времетраење на глума. Истата глумица гледам беше и во Седмиот печат, но таму по не се истакнуваше. Навистина комплексен филм. Посебно сцената кога го објаснуваше неверството со младите момчиња и абортусот, одлично одглумени.

Седмиот печат - ух, или нешто со мене не чини но не сум за вакви филмови. Бог, смртта, триста тракаталци, циркуси, доста потежок филм, не е за секого дефинитивно (како што и по изгледаните два и Бергман не е за секого, но ете првиот ме бендиса). Филм повеќе за размислување, може и да е еден од најдобрите филмови некогаш снимени, но не ме запали мене.

Следни Wild Strawberries/Fanny and Alexander.
 
Now You See Me (2013)
Филмов ептен ме изненади. Очекував да биде просечен како останатите во лејт најт и да заспијам на пола. Но, два саати. Два саати полни со неизвесност и возбуда (Исла Фишер). Уште од самиот почеток па до самиот крај. Се работи за луди магионичари со нивните луди идеи на кои им е дадено блабла... Нема да можете да ја предвидете следната сцена ниту пак што ќе се случи во таа послем неа. :P

Пред да размислете дали да го гледате филмот, погледнете ја актерската екипа. :)

О, и музиката им е перфектно одберена. :D



Штотуку го догледав пред 5 минути. Стварно јако филмче со јака екипа и се скоцкано како што треба. И мене ме држеше во неизвесност цело време, се трудев најлогички да го разработам текот на следната сцена но речиси половината и повеќе ги промашив тотално. Ме изненади филмот, не очекував да биде толку добар. Забава, неизвесност, одлични актери, музика - мераци!

Ако планира некој да го гледа обавезно тоа да го направи на BR Rip снимка во 720p или 1080p.
 
World War Z (2013)

rWq1bW2.jpg



The bad: Ништо повеќе од телевизиски филм. Aко одземеме скапата продукција, Холмарк филм, style over substance, празен ми беше мене overall, ефекти незнам зошто се спомнуваат кога дури зомбињата не беа нашминкани, не пак подигравање со cgi, онака.. луѓе во забрзана снимка, налик supernatural и shaky камера за да не го забележиме тоа. Од аспект на блокбастер мене ме разочара. Приказната можеби не е prequel, sequel или трети дел, но веќе видено и неоригинално, мал милион филмови имаме за зомбиња и ширење вирус така да.. meh. Да не беше милионскиот маркетинг и неверојатната коса на Бред Пит филмот немаше да си ги извади парите. Цело време мислев колку ми се игра само Left 4 Dead. Е да видите пукање до уморувања, брзи зомбиња и хорор..

Тhe good: Mило ми е што се снимат вакви филмови. Ме потсети колку пати го гледав на тв како копиљ Outbreak. За секоја генерација треба вакви филмови. Имаше неколку одлични кадри, сцени и ефекти ама ништо со што би се натпреварувал за блокбастер на годината (Into Darkness засега е на врвот, ама се надевам на Man of Steel). Друго ми се допадна што имаше сериозност, не беше мачо-дај-хард акција и со тип кој и господ да се симне би го заебал со уанлајнер. Имаше сериозност и имаше добар хорор на моменти. Иако мразам инстант воведи, не ми пречеше тоа што сакаа да преминат на поентата, а посебно ми се допадна the change of pace, не завршија со бенг, побавно и потензично иако somewhat клише, но сепак цел филм беше таков, па ништо страшно. Линден ја видевме во дожд атмосфера, и имаше 10тина минути макс - штета. Пит одличен, би одел до таму да кажам дека на моменти тој го носеше филмот на грб. Буквално тепање 2 часа, и тоа е тоа.

The verdict: Неможам да замислам како изгледа филмот на кино, за каде што е и наменет, сигурен сум тоа ја зголемува оцената. Како блокбастер добива од мене пролазна, како филм генерално не ми остави впечаток, и дури допишам рецензијава ќе го заборавам. Апсолутна рамнодушност, штета на квалитетната продукција поради која вреди само да го ѕирнете. Препорачувам да го пуштите но не гарантирам дали ќе уживате. 6/10.
 
World War Z

wot ме претрка за филмот :) вчера го гледав ама јас сосема поинаку го перцепирав, цело време се концентрирав на Пит и како што кажа цел филм го носи на грб, мислам дека филмот е доста добар, односно одличен блокбастер филм кој што создава силна параноја кај гледачот и она чувство додека сонуваш, а неможеш да избегаш.

Мислам дека зомбињата не беа прикажани како supernatural туку всушност како вирус кој што пребрзо се шири. Приказната почнува одлично, семејство наутро оди на работа, како нели секој од нас накај центар наутро, на рекорд чекаш ред на семафори и наеднаш гледаш МНОГУ луѓе како бегаат од нешто, да не се залажуваме било кој од нас ќе се усере во гаќи.
Беше чиста среќа Пит што преживеа во текот на целиот филм без да биде гризнат, но мораше така да заврши, нели било каков happy end е задолжителен во ваквите филмови. "Humankind must survive"

Затскриено од модератор

Филмот се на се според мене е одличен, многу сличен како The Crazies 2010, но дефинитивно далеку по масовно...

Моја оценка 8/10 заради хоророт што го доживеав додека бегаа по скалите на почетокот
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
The Rainmaker (1997)

images


Во најава делуваше одлично. Напишано од Гришам, режирано од Копола. Во главните улоги Мет Дејмон, Дени Де Вито, Клер Дејнс, Анџелина Сениор ама не испадна како што очекував.

Се работи за драма/трилер кој се врти околу младиот wanna be адвокат Руди Бејлор. Тој со цел да заработи пари за да може да ги продолжи студиите добива работа кај еден познат но корумпиран адвокат. Наскоро по добивањето на работата компанијата пропаѓа па така Руди и неговиот партнер Дек решаваат да земат 2-3 случаи кои сами ќе ги работат во нивна сопствена канцеларија. Приказната е токму овие случаи од кои еден посебно на младо момче кое има леуќемија а му е одбиена лекарска грижа од осигурителната компанија.

Да скратам, премногу клише моменти. Релативно долг 2.15 (речиси сите филмови на Гришам се толку) очекував да биде неговиот најдобар филм ама испадна далеку од A Time To Kill. Од мене добива 6/10
 
Fast & Furious 6

Не сум некој љубител на филмови со коли, ама од мал сум ги засакал првите два дела од F&F, па ради-реда седнав да го гледам и издржав да го видам крајов на тешково комерцијално срање, со оценка на имдб 7.3 (од мене 4ка).
Незнам по која случајност во филмов Вин Дизел е супермен (ем Халк ем лета како во кинески филм) и како само е измешана приказнава на филмов со Tokio Drift после цели 7 години, back to the future :) срамота :mad:.
Бај да веј во филмов законите на физиката не важат, слабо трки со коли, повеќе е Рамбо-акција и можда ради тоа за мене филмов е катастрофа.
 
Good Friends (2013)

Ми се гледаше сабајлево акција филм, особено некој ваков со кинески актери. Вртев многу филмови налетав на овој и не гледав трејлери не читав рецензии веднаш го изгледав онлајн на интернет.

Тепачки до смрт во филмов, само тепачките вредат во филмов, ништо друго навистина. Имаше и добри коли, да :coffee:.


Актерската екипа беа аматер до аматер, немам гледано порано филм со овие актери, можеби имам али не ми текнува. Иако аматери ми се допадна нивната глума во филмов, не многу но сепак добро изгумија со мали грешки.

Рецензија: К, Тастуја, Џон - О и Џуји се 4 добри пријатели. Тие се дел од една корејска банда Сунг - Хо. Од бандата загина еден член 4рите пријатели се одмазуваат за него, но подоцна почнуваат да бидат прогонувани од полицијата. Тастујта подоцна е уапсен. Ме мрзи да пишам повеќе..

Од мене 5/10 мислам дека е доста.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom