- Член од
- 4 август 2007
- Мислења
- 24
- Поени од реакции
- 2
Падна контроверзниот закон за знамињата на Уставен суд. Бил противуставен. Со ова најголемата заедница, албанската, не може да го истакнува албанското знаме пред општините.
Со законот своите знамиња можеа да ги употребуваат, но само во неколку општини, турската и ромската заедница. Опозицијата, во чие време беше донесен законот, стравува дека ваквата уставна одлука може да предизвика револт токму кај граѓаните Албанци.
„Имајќи го нашето негативно искуство од гостиварските настани во 1997-ма, јас би бил претпазлив во давањето на какви било политички проценки, каков одраз ќе има одлуката на Уставниот суд на сето она што ќе се случува во иднина“, рече Владо Бучковски, СДСМ.
ДУИ експресно најави дека одлуката на Уставниот суд нема да ја почитува. Ахмети го потсетува Груевски на една вечера кај европскиот амбасадор.
„Тој инсистираше по секоја цена да ги дознае вистинските причини за конфликтот во 2001 година. Јас се обидував најискрено, најотворено да му објаснам, но по се изгледа дека на господинот се уште не му е јасно кои се причините за 2001-та“, изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.
Партијата на Тачи жестоко ги обвини СДСМ и ДУИ. Правеле хаос во државата. Допрва викендов на претседателство ќе одлучувале што ќе преземат по ваквата одлука на Уставниот суд.
„Ние го повикуваме претседателот на Уставниот суд, господинот Јусуфи, кој е кадар на ДУИ и кој беше предложен од ДУИ, да поднесе оставка и да не учествува веќе во тие игри кои не се добри за никого“, вели Ружди Матоши, ДПА.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која е и иницијатор додека беше опозиција за поништување на овој закон, смета дека не треба да се коментираат уставните одлуки.
„Генерално, сите одлуки на Уставен суд не се коментираат“, рече Трајко Велјановски, ВМРО-ДПМНЕ.
Денеска Владата на Груевски не сакаше да ја коментира одлуката на Уставниот суд
Во наредниов период ќе почекаме и официјално да ја добиеме одлуката на Уставниот суд и потоа Министерството за правда ќе ја информира Владата за натамошните чекори коишто треба да ги преземе во врска со оваа одлука“, изјави Ивица Боцевски, портпарол на Владата.
Законот за знамињата го донесе Владата на СДСМ на чело со Бучковски. Тоа беше последниот закон што требаше да се спроведе од Охридскиот договор.
Граѓани, невладини организации, ВМРО-ДПМНЕ се противеа на носењето на овој закон и бараа со иницијатива Уставниот суд да го укине. Знамето што го одбра албанската заедница за свое беше знамето на Република Албанија.
(Од А1)
Малце чудно е што баш сеа му текна на уставниот суд да го поништи законов но сепак, топло ја поздравувам одлуката. Со оваа одлука верувам е ставено крај на албанската офанзива кон нашата земја. Редно време беше и ние зуби да покажеме. Меѓутоа, одлуката е донесена во кризни времиња, кога војна на Косово е неминовна. Али има уште една причина за радикализирање на "борбата за права" на Албанците во Македонија. Војна може да почне и во Македонија, а ништо добро нема да произлезе од неа...