Поништен законот за знамиња

Член од
4 август 2007
Мислења
24
Поени од реакции
2
Падна контроверзниот закон за знамињата на Уставен суд. Бил противуставен. Со ова најголемата заедница, албанската, не може да го истакнува албанското знаме пред општините.
Со законот своите знамиња можеа да ги употребуваат, но само во неколку општини, турската и ромската заедница. Опозицијата, во чие време беше донесен законот, стравува дека ваквата уставна одлука може да предизвика револт токму кај граѓаните Албанци.
„Имајќи го нашето негативно искуство од гостиварските настани во 1997-ма, јас би бил претпазлив во давањето на какви било политички проценки, каков одраз ќе има одлуката на Уставниот суд на сето она што ќе се случува во иднина“, рече Владо Бучковски, СДСМ.
ДУИ експресно најави дека одлуката на Уставниот суд нема да ја почитува. Ахмети го потсетува Груевски на една вечера кај европскиот амбасадор.
„Тој инсистираше по секоја цена да ги дознае вистинските причини за конфликтот во 2001 година. Јас се обидував најискрено, најотворено да му објаснам, но по се изгледа дека на господинот се уште не му е јасно кои се причините за 2001-та“, изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.
Партијата на Тачи жестоко ги обвини СДСМ и ДУИ. Правеле хаос во државата. Допрва викендов на претседателство ќе одлучувале што ќе преземат по ваквата одлука на Уставниот суд.
„Ние го повикуваме претседателот на Уставниот суд, господинот Јусуфи, кој е кадар на ДУИ и кој беше предложен од ДУИ, да поднесе оставка и да не учествува веќе во тие игри кои не се добри за никого“, вели Ружди Матоши, ДПА.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која е и иницијатор додека беше опозиција за поништување на овој закон, смета дека не треба да се коментираат уставните одлуки.
„Генерално, сите одлуки на Уставен суд не се коментираат“, рече Трајко Велјановски, ВМРО-ДПМНЕ.
Денеска Владата на Груевски не сакаше да ја коментира одлуката на Уставниот суд
Во наредниов период ќе почекаме и официјално да ја добиеме одлуката на Уставниот суд и потоа Министерството за правда ќе ја информира Владата за натамошните чекори коишто треба да ги преземе во врска со оваа одлука“, изјави Ивица Боцевски, портпарол на Владата.
Законот за знамињата го донесе Владата на СДСМ на чело со Бучковски. Тоа беше последниот закон што требаше да се спроведе од Охридскиот договор.
Граѓани, невладини организации, ВМРО-ДПМНЕ се противеа на носењето на овој закон и бараа со иницијатива Уставниот суд да го укине. Знамето што го одбра албанската заедница за свое беше знамето на Република Албанија.
(Од А1)

Малце чудно е што баш сеа му текна на уставниот суд да го поништи законов но сепак, топло ја поздравувам одлуката. Со оваа одлука верувам е ставено крај на албанската офанзива кон нашата земја. Редно време беше и ние зуби да покажеме. Меѓутоа, одлуката е донесена во кризни времиња, кога војна на Косово е неминовна. Али има уште една причина за радикализирање на "борбата за права" на Албанците во Македонија. Војна може да почне и во Македонија, а ништо добро нема да произлезе од неа...
 
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
Ништо не ќе беше спорно... доколку Албанците користиеа нивно малцинско обележје исто како и ромите и турците и сите оние кој ги исполнуваат условите за користење на овој закон меѓутоа со тоа што на наш државен празник се вее знаме на друга држава автоматски се нарушува интегритетот на Р. Македонија

Ја поздравувам одлуката на Уставен.
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.114
Поени од реакции
22
dosega kolku tolku pokraj albansko imase i makedonsko zname na skoro sekoja manifestacija na albancite.sega ce ima samo albansko pa neka odi nekoj neka go izvadi.od vakvi dubiozi nema kraj :( arno velat gluposta i vselenata se beskonecni ama koga ce razmislam vselenata nekako e dostapna ama gluposta i nema kraj.
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Во еден разговор со македонец , кој бил на посета кај сестра му во Америка дојдов до една интересна приказна.Човекот го однеле на некоја забава во изнајмена куќа , во која долниот спрат била наменета за изработка на разни видови реклами а и разлицни знаминја.И лугето се направиле летви од пиенје па на некој паметен му текнало да земе неколку знаминја и да ги мавтаат на терасата .За многу кратко време дошла полиција и покрај тоа што ги притвориле, уште им удриле асален ќотек.Моабетот ми беше дека знамето во една држава не може да биде предмет за пазаренје , па сега „колку толку „ поред албанското стоело и македонското знаме.Сега постои еден друг проблем .Јас мислам дека премногу наивна е ситуацијава затоа што 2 години му требаше на уставниот суд да види дека одлуката е неуставна?????? Ова уствари е кец од ракав сто го извади истиот оној и сто диригира со сите институции веке 17/тина год.Октоподот има пипци насекаде.Па категоријата знаме во уставот зарем е толку дискутабилна да му требаше толку долго време на уставниот суд да донесе заклучок дека одлуката е неуставна???? А одлуката на пример за дополнителна работа докторите на министерството за здравство падна на уставен после неколку месеци.Понаивно не може да биде.Јас сега на пр. би ги ставил пред одговорност сите тие сто имаат гласано за таа одлука и би ги пратил они да идат по општините каде што има албански знаминја да ги симнат .Демек никој не знаел дека е неуставна таа одлука .А кога се во прашанје пари за краденје , ги знаат и најмалите законски дупки и акти да стрпаат нешто во джеб.Него сега пак ке си ги трлјаат тие газови усмрдени во фотелјите а други ке треба да гинат и очи да си вадат со Албанците.И све ова зашто????? Па за власт , испробана формула .Тешко на овој народ , осиромашен ,понижен до максимум, со вакви себични, подмолни политичари кои се толку навлечени на пара , и око нема да им трепне ако пак ги завијат во црно македонските па и албанските фамилии.Мислам дека декларативноста на оваа влада околу борбата против криминалот паѓа во вода со тоа сто ги сервира пипците на октоподот пред народот.Додека не му ја стави глават на октоподот на тацна ништо нема да направи. Редно е веќе некој да виси на скопскиот плоштад и народот за промена да почне да излегува за да исплука и измоча некој деген сто крвта им ја пие со години , наместо да пали свеќи да жали изгубени млади животи .
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Уставот а и сите устави се децидни и јасни,во ни една држава во светот не смее да се вее истоветно знаме на друга држава освен на федерација доколку таа држава е членка.Овде имаме чиста состојба која не ни требаше да биде дадена на уставен суд,општините со доминантно население на друга држава треба да имаат видно изменето знаме за својата заедница или општина од она што е званично на онаа држава чии припадници се оние кој го веат знамето на туѓа територија без разлика дали се мнозинство или малцинство.Е сега тајмингот на спорното решение од уставниот суд навистина е дискутабилен и непримерен,со тензична позадина.
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Не треба да ги мешате работите. Се знаеше уште од почеток дека законот за (туѓи) знамиња нема да помине на уставен суд. Сега дали го поништиле одма или после две години не е ни битно. Одлуката е конечна.

Сосема друга работа е дали државата може и ќе сака одлуката на уставниот суд да ја спроведе во пракса. Тоа значи дека може да се случи ништо да не се промени во реалноста се до оној момент кога државата ќе оцени дека се созреани услови за спроведување на законот. Тоа може да биде после 6 месеци или после 5 години, се ќе зависи колку економски, воено и политички ќе зајакне Македонија.
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
И покрај одлуката на Уставен, мислам дека моменталнава влада не е толку будала и одма да рипа да го спореведува, туку дипломатски и политичи коректно индиректно да укаже дека ќе го толерира се додека не се создаде општо политички и општоетнички консензус во однос на знамињата и нивното користење.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
И покрај одлуката на Уставен, мислам дека моменталнава влада не е толку будала и одма да рипа да го спореведува, туку дипломатски и политичи коректно индиректно да укаже дека ќе го толерира се додека не се создаде општо политички и општоетнички консензус во однос на знамињата и нивното користење.
Или на кратко:-кој го ебе Уставниот Суд,тој е нула,ние сме си влада која си спроведува сопствени неуставни одлуки по сопствена желба на нас 2-3ца што си се договараме кој закон најмногу ќе ни одговара нам за сопствени потреби.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

TOCNO TAKA, e sega koga toa ke se zeme kako premisa...STO PONATAKA ?????
 
M@We4kA

Loading . . .
Член од
26 јуни 2007
Мислења
559
Поени од реакции
5
Ако останеа знамињата на другите националности, не ќе се знаеше дали сме во Македонија, или Албанија или Турција... Вака ќе се знае : МАКЕДОНИЈА!
 
Член од
21 октомври 2007
Мислења
16
Поени од реакции
0
Во оваа држава секој е припадник на народ кој има матична држава: за Албанците Албанија, за Србите, Србија. За Турците, Турција,.За Власите Романија,За Циганите Индија,за најбројното население нема потреба да објаснувам која е таа држава.Зошто истото, па макар и најбројно (но не на цела територија) си дозволува да вее знаме со кое другите не можат да се идентификуваат, а на останатите тоа им го ускратува?
 
Ова нема врска што го збориш! На Власите и Ромите не им се Романија и Индија матични држави! Власите воопшто не се Романци ниту пак се дојдени од Романија. Таа Индија што ја спомнуваш воопшто и не постоела кога Ромите се дојдени во Европа.

За вториот дел, кој не сака да се идентификува со знамето на државата може да си оди, никој не го тера да седи во Македонија. Можеби Турците во Германија исто не се идентификуваат со германското знаме па Германија не го менува заради нив. Немој да бараш преку леб погача.
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Или на кратко:-кој го ебе Уставниот Суд,тој е нула,ние сме си влада која си спроведува сопствени неуставни одлуки по сопствена желба на нас 2-3ца што си се договараме кој закон најмногу ќе ни одговара нам за сопствени потреби.
АВС Сигурен сум дека владата го нема тој став „кој го шиша уставниот суд“. НО не смее ни да биде слепа пред сеуште големиот број на неуко албанско население кое неможе да го разбере принципиелниот проблем со јавно истакнување на знаме на туѓа држава надвор од дипломатско претставништво или при спортски натпреварар, дек тоа претставува напад врз интегритетот на територијата на државата чии државјани се самите.
А ако остане владата слепа кон тоа е тек тогаш навистина ќе гледаме реприза од 2001, како што ти очигледно љубиш, иако со малку трпение и политика може мирно да се реши проблемот.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Vidi vaka Bacillus gagous....vladata ic nema sto da komuncira so :"неуко албанско население кое неможе да го разбере принципиелниот проблем со јавно истакнување на знаме на туѓа држава "......taa komunicira so svoite "Badinterovi" partneri vo vlasta so taa proviniencija i so opozicionerite od istiot "vid"..., a tie se "KULTURNI,OBRAZUVANI I UMNI" LUGE NA KOI EPTEN IM SE JASNI I GO RAZBIRAAT PRINCIPIELNIOT PROBLEM......: " со јавно истакнување на знаме на туѓа држава "....
Znaci treba jasno i glasno da se prasa "MENTOROT OD EU" sto toa se slucuva i koj vo ovaa raspaljotka e GLUP do nivo na LUD , A KOJ ZBUNET...i da im se objasni na ova FYR-ovcive deka se ovci so rogovi...sto ocigledno nim ne im e jasno.....
 
Репризи гледаме секојдневно од излагања на премиерот па една или повеќе нема да бидат воопшто чудни доколку се појават,а јас лично се надевам дека нема,впрочем напоменав дека не им се гине ни на очигледно повластените Албанци во Македонија кој живеат многу поубаво отколку на Косово или во Албанија.

Vidi vaka Bacillus gagous....vladata ic nema sto da komuncira so :"неуко албанско население кое неможе да го разбере принципиелниот проблем со јавно истакнување на знаме на туѓа држава "......taa komunicira so svoite "Badinterovi" partneri vo vlasta so taa proviniencija i so opozicionerite od istiot "vid"..., a tie se "KULTURNI,OBRAZUVANI I UMNI" LUGE NA KOI EPTEN IM SE JASNI I GO RAZBIRAAT PRINCIPIELNIOT PROBLEM......: " со јавно истакнување на знаме на туѓа држава "....
Znaci treba jasno i glasno da se prasa "MENTOROT OD EU" sto toa se slucuva i koj vo ovaa raspaljotka e GLUP do nivo na LUD , A KOJ ZBUNET...i da im se objasni na ova FYR-ovcive deka se ovci so rogovi...sto ocigledno nim ne im e jasno.....
Менторот од ЕУ ќе рече онака како што ќе му речат неговите финасиери и снабдувачи со кревко мевце и некои други бели прашкасти суптропни производи.:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom