Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Член од
24 април 2008
Мислења
10.514
Поени од реакции
11.585
Pochnuva da se "shushka" za mozhnosta Hillary da se otkazhe od kandidaturata za prezidente, pa demokratite pochnuvaat da razmisluvaat za nominiranje na drug kandidat...Krupni raboti se trkalaat zad zatvoreni vrati...

http://www.express.co.uk/news/world/709613/Hillary-clinton-hillaryhealth-health-911-memorial-donald-trump-DNC-nation-comittee-scare

http://www.express.co.uk/news/world/709733/what-happen-hillary-clinton-drops-out-us-election-replace-kaine-biden-bernie
Најобична изборна пропаганда, се со цел да се заплашат гласачите, демек сега најмногу и треба поддршката на Хилари Клинтон од гласачите, или во спротивно нема да дочекаат жена претседател ни во наредните 50 години, а Доналд Трамп е пријател на Владимир Путин и ја сака Русија за пријател и сојузник на САД.

Кога сите аргументи паѓаат во вода, стравот останува единствено можно средство за залажување на гласачите.
 
Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164

Што знам, најновите анкети поторно покажуваат блага предност за Трамп. Пред да почнат овие испади на Клинтон водеше таа со скоро 10-на проценти.

Никој не би се коцкал со таква предност.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.514
Поени од реакции
11.585
Што знам, најновите анкети поторно покажуваат блага предност за Трамп. Пред да почнат овие испади на Клинтон водеше таа со скоро 10-на проценти.

Никој не би се коцкал со таква предност.
Тоа се јавните анкети, за кои е општо познат фактот дека речиси секогаш се неточни, бидејќи речиси секогаш се нарачани или од некоја политичка партија или од некој медиум кој е близок до некоја политичка партија.

Јавните анкети велат едно, но внатрешните анкети во изборните штабови речиси секогаш велат друго - ова е правило кое важи од кога постои повеќепартиската демократија.

Очигледно внатрешните анкети во изборниот штаб на Хилари Клинтон располагаат со статистики комплетно поинакви од јавните анкети, па затоа Клинтоница е приморана да премине кон применување на нејзините актерски вештини.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Најобична изборна пропаганда, се со цел да се заплашат гласачите, демек сега најмногу и треба поддршката на Хилари Клинтон од гласачите, или во спротивно нема да дочекаат жена претседател ни во наредните 50 години, а Доналд Трамп е пријател на Владимир Путин и ја сака Русија за пријател и сојузник на САД.

Кога сите аргументи паѓаат во вода, стравот останува единствено можно средство за залажување на гласачите.
Нема врска ова, баш е скроз обратно.

Поголема е веројатноста Америте да не гласаат за кандидат кој има проблеми со здравјето, него „од утеха и сожалување“ да гласаат за таков кандидат. Американскиот претседател е претставен како прототип на надчовек у нивните очи. Хилари да сакала да ќари поени на ова ќе објавеа порано а немаше да ја кријат пневмонијата ко мејл пратен до Сирија.

Затоа и Трапм оди да „докажува“ кај доктор факинг Оз дека е здрав, оти ако го сметаат и него за болен ќе губи поени.
 
Ова држи вода било која година, освен изборна година.

Во изборни години дозволени се секакви идиотизми.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Ова држи вода било која година, освен изборна година.

Во изборни години дозволени се секакви идиотизми.
Значи не, баш е обратно. Во кампања на меричики избори секогаш кандидатот е идолизиран а не сожалуван. Зошто инаку Трамп два дена после случката на Хилари оди да докажува дека е здрав и на настап вика дека „Ја можам да издржам цела дебата, Хилари на пола ќе падне.“?

За Берни Сандерс некои не гласаа само заради тоа што сметале дека е престар за да биде Претседател.

Не и оди никако ова во прилог на Хилари затоа и направија обид да ги хакираат и Републиканците сеа.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.514
Поени од реакции
11.585
Значи не, баш е обратно. Во кампања на меричики избори секогаш кандидатот е идолизиран а не сожалуван. Зошто инаку Трамп два дена после случката на Хилари оди да докажува дека е здрав и на настап вика дека „Ја можам да издржам цела дебата, Хилари на пола ќе падне.“?

За Берни Сандерс некои не гласаа само заради тоа што сметале дека е престар за да биде Претседател.

Не и оди никако ова во прилог на Хилари затоа и направија обид да ги хакираат и Републиканците сеа.
Затоа што Доналд Трамп, исто како и Хилари Клинтон, е опортунист и никогаш не пропушта шанса да удри по противникот со сите можни средства.

Се е` дозволено во политика, војна и љубов.
 
Член од
14 август 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
1.377
И јас мислам дека не и оди на Хилари во прилог болеста, само губи поени на тој начин
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Интересна работа, секој дегенерик во САД застана против Трамп.

А Трамп е цар, и ја ора како бавча, ја натера Вештерката Хилари да брка жаби, и да држи говори против Alt-Right движењето,
а жабата е доказ дека тие се расисти.

На дегенериков и е дадена задачата да го поистовети Доналд со Нацизмот,
па гледајте како се пењави и уживајте :)

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Види ги само морониве што се собираат да протестираат против Трамп. Им се поставува едно просто и едноставно прашање “Зошто протестирате?“, а тие или не знаат да одговорат, или одговорот им е “тој е расист, сексист, антисемитист, морон, кловн, против исламот....“. Добро, наредното прашање е уште попросто- “Зошто мислите така?“, и тука системот се кочи. (Акекс Џонс поточно е новинарот)

1. Трамп не е расист. Вистина е дека нивните училишта се за никаде, дека +50% се невработени и дека постои негативна дискриминација врз нив иако претседателот им е афро-африканец....овај афро-американец. А еден од доказите кој му оди во корист е тоа што на неговите терени за голф им било дозволено на црнците и на евреите да играат, додека другите тоа го кочеле поради “угледот’.
Патем, има и големи поддржувачи црнци, како на пример Мајк Тајсон (кој покрај тоа е и муслиман) и уште неколку кој секојдневно се на телевизија како Карлсон или Кеин. Ако сакаат промена, можат да пробаат нешто поразлично.
2. Не е ниту сексист. Дали некогаш потценил жена? Не. Неговиот облакодер е дело на жена, а сега и една жена и му е советник.
Навистина има неколку невкусни пораки кон одредени жени (како на пример дебелата Рози О’Донел или една од неговите поранешни жени), но тоа се лични пресметки.
И апортусот, зар не е убиство!?
3. Не ги мрази ниту мигрантите. Факт е дека тој е оженет со мигрантка и неговиот дедо бил германец. Тој сака само да си ја обезбеди границата од непосакуваната дополнителна миграција, дрога и криминал. Патем, ако американски државјанин влезе така во Мексико може да добие најмалку 3 г. затвор! Зошто и тие да се направат системска евиденција кој влегува и кој излегува од државните граници!?
4. Не е ниту антисемитист. На сликата што ја постирал имало ѕвезда!!! Тоа не може да биде доказ, тоа може да биде предмет за измевање на глупите новинари.
5. Не ги мрази педерите. Токму лудата го имаше седнато таткото на детето кое стави бомба во геј-бар на видно место за време на еден говор! Зошто тука не испорипаа новинарите или знаат дека е луда и не ја чепкаат? Сега “тој имал човек обвинет за сексуално малтретрање“.....ок , тоа е само обвинение кое може да се поништи и не значи ништо повеќе од расипување на угледот и црна дамка во понатамошната политичка кариера (мислам дека вршел некаква политичка функција).
6. Спорно е дали е против исламот. Сака да забрани влез на муслимани од земјите каде што се војува. Тука апсолутно се согласувам со него. Не се работи за религијата, се работи за принципот. Во некои држави (пример, а има уште 20-тина) атеизмот значи смртна казна! За тоа нема бунење, тоа е сосем нормално, убаво, мило, слатко, а за ова цел свет би се кренал....човекови права и слободи......глупости. Ако сакаш меч- почитувај ги правилата инаку нема да играш.

Инаку се сложувам со тебе. Лудачава ќе направи војна. Или во Казахстан (сега власта е слаба) или во Зимбабве или во ЧАД, каде веќе постоеше обид за државен удар. Една од овие ќе биде мета 100%. А и Балканот може да продалжи онаку каде нејзиниот застана.
Ја видовме “историјата која ја направија во Ирак“ каде таа полудата рече дека е оправдана смртта на 500.000 деца, а сега е голем сопственик во една недржава- Косово.

Сега Трамп или Лудата? Трамп кој рече дека сака соработка со Русија, а Лудата го нарече Путин “човек на КГБ без душа“ и “треба со Русија цврсто“ (и на тоа Путин се насмеа).
И зема (феминистката) милиони од Саудиска Арабија! Тоа е повеќе трагично него комично и прашање е што треба да направи за возврат ако стане претседател!?

Изборот е лесен и затоа американскиот народ ќе избере правилно. (y)
 
S

silmarillion

Гостин
Види ги само морониве што се собираат да протестираат против Трамп. Им се поставува едно просто и едноставно прашање “Зошто протестирате?“, а тие или не знаат да одговорат, или одговорот им е “тој е расист, сексист, антисемитист, морон, кловн, против исламот....“. Добро, наредното прашање е уште попросто- “Зошто мислите така?“, и тука системот се кочи. (Акекс Џонс поточно е новинарот)
(y)
Се прашувам на кого ме асоцираат :)))
Како да ги имам видено и кај нас со сендвичите во рака :)))[DOUBLEPOST=1474193296][/DOUBLEPOST]
Види ги само морониве што се собираат да протестираат против Трамп. Им се поставува едно просто и едноставно прашање “Зошто протестирате?“, а тие или не знаат да одговорат, или одговорот им е “тој е расист, сексист, антисемитист, морон, кловн, против исламот....“. Добро, наредното прашање е уште попросто- “Зошто мислите така?“, и тука системот се кочи. (Акекс Џонс поточно е новинарот)
(y)
Се прашувам на кого ме асоцираат :)))
Како да ги имам видено и кај нас со сендвичите во рака :)))
 
Последно уредено од модератор:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.220
Поени од реакции
35.824
Овие избори се резултат на тоа колку денешните американците обожаваат шоу и колку само тоа ги интересира и слика на нивното денешно општество.

Не е само со политиката. Само на телевизија во последниве години секој канал кој се занимаваше со нормални програми дава шоу, пред се риалити шоу. На секој канал само тоа им сервира како дневна порција телевизија.

Национал Географик од емисии за животни се префрли на емисии за продажби на запленети работи и redneck аукции на предмети, mtv од музика се префрли на Џерси шор емисии и набилдани момци со мозок голем колку на риба како се пердашат со силиконски курви.
History Channel веќе не се занимава со историски документарци туку со емисии кај што човек оди да проверува хотели и да прави драма со газдите или брачни двојки како купуваат или опремуваат куќа.

Земајќи го се тоа во предвид Трамп им го дава тоа што американската публика сака, шоу и забава. Нив не ги интересира кој има поголемо познавање за состојбите во Блискиот Исток, Источна Европа или Африка. Не ги интересира кој има сериозни и опсежни економски планови за државата. Трамп тоа го знае и не се ни труди да презентира нешто суштинско. Не се ни труди тоа таа мера што на секои два дена дава различни изјави за тоа што планира да прави. Едноставно не му е битно воопшто. Не го интересира на кој континент се наоѓа Израел а на кој се наоѓа Полска. Американскиот народ не го интересира тоа, не го интересира дека он е банкротиран бизнисмен со куп пропаднати бизниси, оти тоа е досадно и небитно. Нив единствено ги интересира човекот да им прави шоу и забава.

Нив ги интересира кој ќе каже нешто по скандалозно, навредливо, нешто што некој разумен не би го кажал, кој ќе биде анти естаблишмент, кој ќе биде по арогантен, кој ќе направи шоу или драма. И они се палат на такви работи. Кур ги боли дали знае надворешни односи, макроекономски фактори или дали има долгорочни планови.

Тоа игнорирање на реалноста се виде на ден по републиканската конференција кога упорно се тврдеше дека Америка е се повеќе небезбедна земја за живеење со растечки криминал. Кога беше соочен со бројките дека во последните 10 години криминалот во САД е во постојано опаѓање, тој едноставно рече дека тоа не го интересира и дека едноставно така имал чувство дека е криминалот е поголем од кога и да било.

Они си сакаат да гледаат шоу, а Трамп баш тоа им го дава, а не досадни бројки и да збори за земји што не знаат ни кај се наоѓаат.

Тоа се должи на долгиот период кој они го живеат во благосостојба и мир. Веќе не ги интересираат основите кои го прават тоа општество толку силно или суштинските проблеми, туку сега сакаат само да си гледаат шоу и да се забавуваат. Дали било политика, или некое друго телевизиско шоу или нешто друго, не е битно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom