Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?

  • Да, веднаш по формирање на новата Влада

  • Да, во првата година од мандатот на новата Влада

  • Да, но не веднаш - до крајот на мандатот на новата Влада

  • Нема да го ревидираат, ама нема и да го почитуваат

  • Не, туку ќе мораат да го почитуваат договорот и за внатрешна и за надворешна употреба

  • Не ме засега / Сеедно ми е

  • Не знам


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
11 август 2017
Мислења
466
Поени од реакции
383
И Чаир конечно го изброија.

ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 1:
ВМРО - 8 пратеници
СДСМ - 4 пратеници
ДУИ - 3 пратеници
АА - 2 пратеници
ЗНАМ - 2 пратеници
Левица - 1 пратеник
ГРОМ - 0

По 4 изборни единици:
ВМРО - 34 пратеници
СДСМ - 16 пратеници
ДУИ - 11 пратеници
АА - 10 пратеници
ЗНАМ - 6 пратеници
Левица - 3 пратеници
ГРОМ - 0
За 5ка ќе има наскоро? или утре?
 
Член од
23 април 2024
Мислења
151
Поени од реакции
345
Епа турската партија, толку Турци има таму што имаат право на глас
Според последен попис има ~4300 роми+турци радовиш.Ама сепак многу е еве пример у струмица има ~4100 а само 70 гласа за бугарот
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.026
Поени од реакции
34.641
За 5ка ќе има наскоро? или утре?
Во петка фали Кичево. 10 избирачки места не се избројани таму. Инаку, земете ги со резерва овие резултати, зашто на пример, Кичево не е цело во петка, Зајас спаѓа под Кичево, но е во шеста изборна единица. Јас не можам да ги делам и по избирачки места, премногу работа е тоа. Значи може да има +-1 до 2 пратеници кај сите.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.105
Поени од реакции
18.307
Според последен попис има ~4300 роми+турци радовиш.Ама сепак многу е еве пример у струмица има ~4100 а само 70 гласа за бугарот
Епа финтата е што во истокот многу цигани се имаат пишувано турци, овие од дуи влегоа во коалиција со турската и со оние од шутка мислам а циганите традиционално си гласаат за сдс и вмро или пак за тоа кој ќе даде повеќе. Во Струмица и нема Турци во кои живеат во градот барем не некој значителен број колку што знам за разлика од Радовиш во кој има вистински Турци а не цигани кои се пишале Турци.
 
Член од
11 август 2017
Мислења
466
Поени од реакции
383
Во петка фали Кичево. 10 избирачки места не се избројани таму. Инаку, земете ги со резерва овие резултати, зашто на пример, Кичево не е цело во петка, Зајас спаѓа под Кичево, но е во шеста изборна единица. Јас не можам да ги делам и по избирачки места, премногу работа е тоа. Значи може да има +-1 до 2 пратеници кај сите.
да знам, мислам дека и неколку избирачки места од Битола има во 4-ка
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.009
Поени од реакции
7.072
Според последен попис има ~4300 роми+турци радовиш.Ама сепак многу е еве пример у струмица има ~4100 а само 70 гласа за бугарот
Имаш разлика, од Турци до Турци во југоистокот, во Струмица конкретно 98 % а и голем дел на Радовиш тоа ти се турцизирани ѓупци, се декларираат како Турци а се исти ко браќата им од Шутка, едниве се јуруци кои не се занимаваат со политика толку, и оние кои се Турци ко остатокот во Македонија, кои се во ДПТМ но и во другите партии, кои си гласат за сопствената партија, па конкретно тие од ДПТМ си гласаат за нивниот кандидат Бујар.
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
1.689
Поени од реакции
4.059
Според последен попис има ~4300 роми+турци радовиш.Ама сепак многу е еве пример у струмица има ~4100 а само 70 гласа за бугарот
Се што е вештачко ќе се сруши како кула од карти, нема ништо што ги поврзува Албанците со другите малцинства освен интересот.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.105
Поени од реакции
18.307
Се што е вештачко ќе се сруши како кула од карти, нема ништо што ги поврзува Албанците со другите малцинства освен интересот.
Реално беше ова да се случи некогаш да се игра на карта на исламот и муслимански гласови, може не сега но зависно од повеќе фактори мислам дека во иднина ќе продолжи ваква коалиција, може овие од дуи не се баш тие кои би го воделе тоа, они реално и крст би ставиле за да продолжат да крадат ама од некои други понатаму може да стане и пракса.
 
Член од
11 август 2017
Мислења
466
Поени од реакции
383
Максо во Битола 5000, на некои ИМ пред Пендаровски е :vozbud:
 
Член од
23 април 2024
Мислења
151
Поени од реакции
345
Епа финтата е што во истокот многу цигани се имаат пишувано турци, овие од дуи влегоа во коалиција со турската и со оние од шутка мислам а циганите традиционално си гласаат за сдс и вмро или пак за тоа кој ќе даде повеќе. Во Струмица и нема Турци во кои живеат во градот барем не некој значителен број колку што знам за разлика од Радовиш во кој има вистински Турци а не цигани кои се пишале Турци.
Мислам има едно или две јуручки села во општина струмица инаку тие во град се роми
Се што е вештачко ќе се сруши како кула од карти, нема ништо што ги поврзува Албанците со другите малцинства освен интересот.
Па не ги поврзува со овие на исток и југоисток ама другите исламски етнички групи пробуваат активно да ги асимилираат.Бошњаците и торбешите ќе исчезнат ако продолжи политичката албанска доминација која ја имаат веќе подолго време над нив
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.105
Поени од реакции
18.307
Мислам има едно или две јуручки села во општина струмица инаку тие во град се роми

Па не ги поврзува со овие на исток и југоисток ама другите исламски етнички групи пробуваат активно да ги асимилираат.Бошњаците и торбешите ќе исчезнат ако продолжи политичката албанска доминација која ја имаат веќе подолго време над нив
За Радовиш има, Струмица не знам далеку ми е да ја знам целосно до детали :icon_mrgr:
Автоматски споено мислење:

Колу што гледам Стево не собра ни 200.000 гласови, си остана на 179.000...дебакл од епски размери е ова за СДС Секташка
Тие се тие 200к народ што сите ги збориме цел живот, дека кога би ги снемало од државата се би било полесно.

Инаку Апасиев ти е доказ дека жена не се слуша никогаш и жена е само за дома иако изгледаа на јак пар уште која ја муваше додека ми минуваа пред порта или се испраќаа пред Оаза :D
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.185
Поени од реакции
21.222
Самите резултати од изборите се многу поинтересни и од најлудите очекувања кои човек можеше да ги има, вториот круг ќе биде формалност на претседателските избори, она што е многу побитно е како ќе се поделат картите на парламентарните, е тука е забавата до бесвест.
Ако на овие избори ВМРО ДПМНЕ успее да освои 61 пратеник сами, ова ќе биде тотален рестарт на системот кај нас, баш чекам да се пресметат гласовите од претседателски на парламентарни од денес, а плус ВМРО ДПМНЕ ќе биде партија која доста повеќе гласови ќе освои на 8ми.

Од избориве имаме тотални победници, но и тотални лузери, прво победник е Мицковски кој донесе најголема победа на ВМРО ДПМНЕ од нигде никаде, какви и да се условите што му ја донесоа победата ќе се препише како негов резултат, вториот а воедно и најголем победник на изборите е Максим, ги надмина сите очекувања, се позиционира како трет најсилен политички субјект во Македонија, а и од него може да зависи идната влада т.е. тој ќе одлучуваше кој да е на власт при тесна разлика, со тенденции на наредни избори да е втора најголема политичка сила во државата, се покажа што е работа на терен, од друга страна најголем лузер во историја на избори кај нас Стевчо Муња, кој го излажа него да се кандидира за претседател, се самоуби, повеќе гласови освојуваше како градоначалник на Карпош, не газел на гнила даска, он се утепа со сите салтанати, а вториот за кој мене лично ми е најмило е ЧЕ, кој ќе остане да сонува дека ќе биде неозабиколен фактор за правење влада, а Левица станаа на избориве лузери до даска.


ВМРО ДПМНЕ сега треба да видиме како ќе игра со албанскиот фактор, ако останат покрај се да праат влада со ВРЕДИ, ќе биде почеток на тотална војна со ДУИ која ќе биде многу тешка, но со оглед какви се ликови собраа ДПМНЕ кај нив, имаат капацитет да ја водат до крај, собраа ептен батиња кои со одврзани раце и родена мајка нема да поштедат во такво расчистување, само да не попуштат во тоа, дури и пак да одат со ДУИ, овие нема да имаат ни 10 % од власта шо ја имаат сега, тука е главното прашање за кој ќе биде дел од идната власт, кој ќе е албанскиот фактор.

СДСМ нема што да се коментира, потоп, очекуван распад после се шо испосраа, не ми се троши време да ги коментирам.

ЗНАМ како нова партија е правиот победник на изборите, 80 илјади гласови, сигурна пратеничка група, одлучувачки фактор без кој нема да има Влада во Македонија (освен ако ДПМНЕ не осови 61), ниту една партија на политичкава сцена немала таков молскавичен старт и такви асови да им се паднат на маса од сам почеток, Максо не верувам да игра сега со СДСМ да коалицира, сега има шанси да ја распадне СДСМ и сите тие гласови да си ги додаде на свое конто, па да биде втора сила кај нас со шанси во иднина да стане и иден премиер, најглавно што покажа ЗНАМ е дека не важно како котираш на анкети, и по социјални медиуми, туку да имаш прави луѓе и јаки теренски активисти (како што имаат) што го орат теренот секојдневно.
Најголемото изненадување ми е што во Скопје ги растурија по број на гласови Левица во нивните бастиони, а се збореше дека нема да освоел повеќе од 1000 гласови низ Скопје, барем што читав овде.

Левица, таа партија од 30тина сајбер воини ако не направи чудо на 8ми да дуплира бројот на гласови оди во заборав, ај што нема да имат ни пратеничка група, со ваков број на гласови распоредени дали тежат и 3 пратеника, друго се виде дека е важно да имаш луѓе шо се теренски активисти а тие немаат ниту еден, па од кога ги избркаа тие малкумина што ги имаат имат пад на гласови во тие места што ги претставуваа како свои бастиони, друго пак ставени се во шахмат ситуација, од една страна ако влезат во влада со ДПМНЕ ќе падне митот непоткупливи, не сме исти, од друга ако останат во опозиција, ВМРО ДПМНЕ такво насоколено и моќно нема да бира средства да ги распадне, а тоа реално може тоа да го стори за 48 часа, но мислам тој процес ќе го тераат бавно и ќе ги вратат на бројот на гласови од 2016 и помал, сега Левица ќе осетат што е реална политика и како таа се води, а не со пеење борбени песнички, сечење глави по статуси, малата фб/форум партија ќе исчезне од сцената, освен ако ептен не се смилуваат овие од ДПМНЕ, а не гледам зошто тоа би го правиле после се што Левица направи изминатиов период.

ДУИ-Вреди битката може да биде и крвава, сега се гледа дека влезот на помаливе турски партии е добра инекција за ДУИ да направи разлика, но ако ВМРО ДПМНЕ стварно се држи до тоа да прави коалиција со Вреди по секоја сцена, ќе биде уште толку посилна битката таму, ќе се разгори уште повеќе.

Тоа е се народе за првиот круг, го чекаме вториот па да видиме каде ќе оди Македонија после 8ми мај.
Се согласувам со поголем дел од твоето писание, ама сепак да почекаме до 8ми. Парламентарни избори и претседателски не е исто.
Се знаеше дека Максим како личност има поголем рејтинг од неговата партија, како што се знаеше дека Ванковска има помал рејтинг од Левица.
Тоа што не се знаеше, т.е. што ретко кој можеше да го предвиди е тоа дека разликата помеѓу Максим и Ванковска ќе биде два спрема еден, или во апсолутни бројки над 40 илјади гласа (80 и нешто илјади на 40к). А, тоа може да промени некои работи (т.е. сигурно ќе промени), како на пример паѓање на рејтингот на Левица и раст на рејтингот на ЗНАМ на парламентарните избори за две недели.

Друго, ако сакаме да успеат изборите и да имаме избран претседател на 8ми мај, мора уште помасовно да се излезе, затоа што Османи и Таравари заедно имаат над 200.000 гласа, а барем две третини од нив сигурно нема да гласаат во вториот круг.
На 99% обработени резултати, петте кандидати без Османи и Таравари, имаат вкупно околу 675 илјади гласа и околу 20 илјади неважечки ливчиња (кои влегуваат во излезноста, нормално). Тоа се 695 илјади гласа.
За успешни избори во втор круг, потребни се 730 илјади гласа.

И да, нема да разберам како братот Стевчо собра 10.000+ потписи за една недела (процедура во која мора да одиш во регионална канцеларија на ОИК, за да се потпишеш ЈАВНО за одредена личност), а на ТАЈНИ избори не успеа да ја достигне ни таа бројка. Не ми доаѓа пологично решение на памет, освен тоа дека СДС му ги собрале потписите, со надеж дека ќе одземе гласови од Гога. Јбг, залудно. Друга опција (малку веројатна) која ја слушнав уште кога се собираа потписите е дека Стевчо плаќал за потпис.

Како што пишав погоре, резултатите од оваа вечер трасираат некои трендови за парламентарните избори за 2 недели од денес. Како што партијата на Максим ќе расте, а ништо чудно Левица да ги зафати разочарување и дефетизам па да освојат помалку гласови и од оние кои веќе беа решени да гласаат за нив на парламентарни, исто така очекувам и ДПМНЕ да растат, а СДС да паѓаат.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Hoy

Kajgana Shop

На врв Bottom