Петарди, ракети, пиротехника ...

Г

ГОЦ-К.О

Гостин
мирновец или орион ;)
Ги изумив..Ама не гледам разлика..А кинеска а хрватска,петарда е петарда,пуна барут спремна да експлодише.
А башка што суровините на Мирновец им се 100% од Китаи т.е Кина..
И шо ги омаловажуеш кинеските,коа уствари они се изумители на тие тракатанци..Ја колку што сум информишан..
Ама нема врска бе,купи си какви сакаш.Ти си знаеш..
Само ќе ти дадам еден совет,гледај да се со црвен фитиљ.
И глеј да не купуваш од шиппазар,зашто наместо барут ќе пукаш пилевина.
 
Член од
15 декември 2012
Мислења
4
Поени од реакции
0
Во право си за кинезите и јас исто мислам и фала за советот.ако најдам со црвен фитиљ ке земам за проба
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Ја мајката, значи јас ако мразам чоколадо и љубител сум на ванила, треба да го забранам чоколадото така? Нема ли диверзитет на вкусови? Ако вие сте се упрпале од 2 петарди, не значи дека секој е таков. Чим до толку ви пречи пиротехниката, седете си дома бе или најдете си друштво што мрази пиротехника. Мислам што ви е гајле, ионака за нова година ќе се набутате во некое кич кафуле кај што идат "метросексуалци" па петарди нема да ви пречат. Остајте не` нас примитивците да се забавуваме на наш начин, ионака поубаво не умееме.

Има некој sирнато на битпазар?
Како одат цените?пиратки,буренца итн
60 денари за пиратки, 140 за буренца. Секој денар над тоа ќе значи дека те одрале.

незнам.мене ми нудеа пиратки(обични)ама 120ден кутија-не ми беше исплатливо да купам и + беа кинески
Колку години имаш? Оти ми се чиниш како детуле. Оди со некој постар, по можност некој што има влакна на фацата.
Ги изумив..Ама не гледам разлика..А кинеска а хрватска,петарда е петарда,пуна барут спремна да експлодише.
А башка што суровините на Мирновец им се 100% од Китаи т.е Кина..
И шо ги омаловажуеш кинеските,коа уствари они се изумители на тие тракатанци..Ја колку што сум информишан..
Ама нема врска бе,купи си какви сакаш.Ти си знаеш..
Само ќе ти дадам еден совет,гледај да се со црвен фитиљ.
И глеј да не купуваш од шиппазар,зашто наместо барут ќе пукаш пилевина.
WTF are you talking about? Ај бато да те просветли...

1. Разлика има огромна од петарда до петарда, но државата не значи апсолутно ништо туку производителот и неговиот метод на производство.
2. Петардите не содржат барут туку флеш.
3. Јачината на детонацијата нималку не зависи од количината на флешот туку дебелината на ѕидовите и начинот на кој се пресувани.
4. Суровината се прави во самата фабрика, се увезува само алуминиумот кој впрочем доаѓа од Германија. Флешот има формула со многу мали маргини така да нема многу простор за експериментирање, флешот е секаде ист.
5. Петардите од Fantasy (кина) се со најслаб квалитет бидејќи немаат контрола на квалитет. Мирновец продава препакувани петарди од Fantasy така да исти се. Најдобрата пиротехника во моментов доаѓа од Enigma, бугарија.
6. Црвен фитиљ? wut? Фитилот нема апсолутно никаква врска со ништо, едноставно таква боја имал производителот при рака во тој момент. Добри се шансите дека кутија пиратки од Мирновец лани имала жолти, а годинава портокалови фитили. Композицијата е целосно иста и не означува варијација на квалитетот, тоа што го зброуваш е само мит од детството. Впрочем фитилот нема никаква улога во детонацијата, тој е само тука да го олесни палењето. Обичната пиратка е всушност двостепена експлозивна направа, пред да детонира флешот има мала количина на црн прашок кој создава позитивен притисок и не дава гасовите да искочат од дупчето каде што си ја запалил.
7. Ако не ги купи од шитпазар, од каде? Веро? Рамстор? Оти пиротехниката е нелегална во земјава, и искрено не знам кој морон го донел тој закон. Ај утре пиштолчињата на каписли нека се забранат, па ново игралиште на децата нека стане фејсбук. Наопака земја.
8. Пилевината е клучен дел од експлозијата, таа има улога на филер и без неа не би добил детонација туку шиштење и искри од долната страна. Некои производители користат ситна глина, други пилевина но улогата е иста - да се спречи избивање на гипсаната заптивка на дното оти гипсот е крут и кога црниот прашок ќе се запали и ќе создаде позитивен притисок, гипсот би искочил како тапа од винско шише. Затоа има мала количина на филер за да се амортизира овој притисок и енергијата од флешот да се насочи кон ѕидовите на петардата, а не кон отворите.
Во право си за кинезите и јас исто мислам и фала за советот.ако најдам со црвен фитиљ ке земам за проба
Со среќа, и прими мое сочувство за разочарувањата и потенцијалните разнесени прсти бидејќи годинава само Fantasy од кина излезе на нашиот пазар со петарди, и буренцата им се пола здробени, со премногу кратки и брзи фитили, немаат пластични капаци а ѕидовите се претенки. Буренцето на Fantasy не е ништо појако од пиратката, само е повеќе опасно поради тоа што имаш едвај секунда ипол да го фрлиш буренцето откако ќе го запалиш, а големи се шансите да ти рикне спонтано во рака бидејќи во кутијата 100% ќе има 2-3 буренца на кои гипсот им се изронил и флешот истекол од нив, па затоа сите други буренца ќе пливаат во флеш. Што да ти расправам, тоа е исто како да се обидеш да запалиш цигара откако претходно си бил полеан со бензин.

Пиратките од Fantasy се со издробени фитили а ѕидовите не се од компресиран туку вртен картон. Поради издробените фитили добри 30% од петарите нема да ти пукнат бидејќи при фрлање ќе се истури флешот и само ќе добиеш мала огнена топка и малку шиштење.

Enigma веќе 4та година применува полимерни филери во нивните петарди и користи пресуван картон, што во моментов нивните петарди ги прави најгласни на нашиот пазар. Да не зборам за тоа што фитилите им се 3х подолги од било која петарда, барем на буренцата а тоа е многу битен фактор бидејќи не би сакал да ти пукне во рака нешто што може да распарчи бетонска цигла, нели?

Questions?
 
Indigo

баниран/а
Член од
8 септември 2012
Мислења
763
Поени од реакции
414
Браво еј, до збор ми се допадна ова што го напиша.
Имам едно прашање, од каде можам да набавам "Enigma" петарди, колку чини една кутија, и по колку петарди доаѓаат во паковањето (кутијата).. ?
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Зависи кои, ако ти е за стандард пукање имаш класични пиратки. Тие се 60 денари за кутија од 100 парчиња.
Ако сакаш за во затворени простории, има едни микро пиратки, ептен тенки. Слабо пукаат ама нема голема опасност од нив, само да не ги фрлаш на тепих. Порано ги ставаа во цигари. 20-30 денари за 60 комада.
Потоа имаш полумни, тоа се триаголници со фитилче што штрчи од нив. Ептен тенки се ама со јачина на пиратка. 30-40 денари за 50 комада.
За крај имаш буренца, мали цилиндри (колку пола палец) со фитилче што штрчи од нив. Проклето јаки. Во моментов се со најдобар сооднос на моќ - цена. Има појаки од нив ама не вредат за тие пари. Ако сакаш најмногу БУМ за твоите денари, ова е за тебе. 140-150 денари за 36 комада.

Ова ти се цени за кутија-две ако зимаш, ама како и секогаш ќе ти дадат попуст на поголема количина. Не се залетувај, разгледај внимателно на повеќе тезги, не дозволувај да те убедат во никакви зделки. Делувај скептично оти кога ќе те видат дека се предомислуваш, ќе спуштат цени. "Не фала, најдов поефтино погоре" е магична реченица. Анализирај ги кутиите. Сите кутии треба да се завиткани во целофан. Ако нема целофан, кутијата е отворана и сигурно ќе фалат петарди од неа. Не прифаќај отворени кутии, побарај завиткана да ти даде.

И да, освен на битпазар - друго место нема, барем не безбедно. На битпазар полиција не те чачка. Ако видиш продавачите на петарди да бегаат, тогаш треба и ти да бегаш. Се дур тие се мирни, може да си пазариш на раат.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Јас лани зедов 2 кутии едни како мали буренца со црвена боја со фитилче, беа кутија по 150 ден. внатре имаше не ги избројав ама мислам накај 30ина комада, но не пукаа многу јако исто како класична петарда(пиратка) .......... мислам дека се викаа SilverCrackerѕ така нешто ......... но не бев задоволен, слаби беа !
Оваа година уште не сум зимал ништо, што ми препорачувате ......... од БитПазар секако, по други места нема !
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968

Ако може да ми кажеш каква боја се тие класичните или тријаголниците (боја на петарда и фитиљот). Најприфатливи ми изгледаат.

Браво за постовите, детално...мераци :cuc:
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Ако може да ми кажеш каква боја се тие класичните или тријаголниците (боја на петарда и фитиљот). Најприфатливи ми изгледаат.

Браво за постовите, детално...мераци :cuc:
Црна, како амајлија.

Член од
9 јануари 2013
Мислења
38
Поени од реакции
15
abe al koj se boji petardi spored tebe mirnovec ili orion?
--- надополнето: 9 јануари 2013 во 15:53 ---
tie enigma kaj nas gi nema za zal samo mirnovec ima i fantasy :(
--- надополнето: 9 јануари 2013 во 16:08 ---
Јас лани зедов 2 кутии едни како мали буренца со црвена боја со фитилче, беа кутија по 150 ден. внатре имаше не ги избројав ама мислам накај 30ина комада, но не пукаа многу јако исто како класична петарда(пиратка) .......... мислам дека се викаа SilverCrackerѕ така нешто ......... но не бев задоволен, слаби беа !
Оваа година уште не сум зимал ништо, што ми препорачувате ......... од БитПазар секако, по други места нема !
zemi si ZENGA mnogu dobra petarda e bar spored mene edna e 10-20 denari ;)
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Мирновец = Fantasy, ако ги отвориш ќе видиш дека иста суровина се, иста структура, иста грамажа.. Не паѓај на лагите што ти ги кажуваат на тезга, секој трговец мора да има диверзитет на производи па така секогаш ќе има еден поскап и еден поефтин производ, но тоа не значи дека поскапиот е подобар.

Orion ги имам користено порано, годинава немам купено ништо од нив но се покажаа како солидни.
 
abe da ama zavisi koi proizvod burencata se isti za 2 sekundi pukaat ama mirnovec ima edni crveni (ne se bing bang malce podebeli neznam kako se vikaat fitilceto strci i ceka poveke od 10 sekundi) a fantasy takvi nema.
 
Нема кај нас на пазарот, тоа не значи дека не искочиле од фабрика. Башка не е само битпазар..

Нејсе, ако не ми веруваш на зборот земи си златарска вага, шублер и малку реагенси, отвори две идентични петарди и изврши тестови самиот. Ќе видиш дека се топтан исти внатре, само оптички се изменети однадвор. Уште полесно, ако имаш смартфон симни си апликација за мерење децибели и пукни една, измери па пукни друга. Само гледај да се на иста далечина од смартфонот, да не ја фрлиш едната подалеку или во некоја дупка. Не дека овие мерачи се којзнае колку прецизни ама ако имаш пукни една од Енигма па види и самиот колкава е разликата.. Скоро двојно при моите тестирања.
 
abe brat ti veruvam ama tie enigma gi nema na zeleno pazarce :( a bit pazar daleku mi e ;)
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Ги нема ни на битпазар ако нешто ти значи, барав и јас. Останаа само лајнениците. За годинава толку, ако ти е онака за да си попукаш земи си пиратки, подобро од ништо. Идната сезона навреме отиди и обезбеди се за цела година.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom