Патам од комплекси

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Знам дека има тема од комплекси но сметам дека оваа тема заслужува посебна секција. Не ми е целта да се збори за комплекси и за тоа зошто се јавуваат и како настануваат.

Идејата е да си ги кажеме нашите комплекси. Секој човек пати од комплекси, разликата е во тоа како ги искажува, дали се воочливи или не за другите. Но без разлика на тоа сепак ги имаме сите (и кој ќе рече дека ги нема најверојатно лаже или не сака да си признае себеси).

Еве јас ќе почнам прв ќе ги кажам моите комплекси и како настанале и кои се последиците и работите кои ги правам од нив а кои не ми се допаѓаат.

Поради х причини јас бев многу повлечен во средна школа. Во тој период се здебелив многу и можам да кажам дека го мразев животот и бев постојано депресивен. Кога се преселив во скопје да студирам решив нагло да се сменам.

Бев дете кое сиет го одбегнуваа и никој не го сакаше. Денес патам од комплекс што едноставно не можам да поднесам некој мене да не ме засака, на некого да не му се допаднам или да има лошо мислење за мене. Тоа ми е некој таков гаден инстиктивен нагон што ме тера да правам чудни работи, а да не зборувам дека често се дружам со луѓе не затоа што ми се допаѓаат туку затоа што ја имам оваа патолошка потреба.

Друг мој комплекс повторно потекнува од средна школа. Во средно бевме многу сиромашни. Тоа се смени кога бев трета година средно. До ден денес ми е срам да кажам дека порано сме немале пари. но тоа е само мал дел од проблемот. Секогаш сум бил облечен како селанче и луѓето ми се смееле. Денес не можам да поднесам да се најдам во соба а да не бидам подобро облечен од сите останати, едноставно мора да бидам во тој аспект подобар од нив.

Истото се случуваше и со мојот физички изглед. Бев дебел не којзнае колку но доста дебел, и тоа она дебелење не по цело тело туку само во стомах, а денес и тоа скоро ослабев многу и сум во топ форма. Се уште имам доста несигурности во мојот физички изглед, работи кои не можам да ги изменам но да речем дека сум многу посигурен одколку како што бев порано кога се чуствував како свиња. Но тоја гадење кое го имав кон мене денес се пренесува врз другите дебели луѓе, така да и покрај тоа што знам дека не се криви што се пополни и дека не би требало да ми перчат секогаш кога ќе ги видам добивам едно непријатно чуство кое не можам да го опишам.

Споделете и вие некој ваш комплекс, знаете како велат само зборување и прифаќање на проблемот може да се ослободиме од лошите навики кои ги имаме во живото и проблемите кои ни настануваат поради нив.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Немам комплекси...шознам...незнам...ама немам...веројатно се должи на инаквото перцепирање на животот и постоењето...во сферите на поимањата...суштински и несуштински.

Имам таги, среќи, болки и радости/ Имам падови и искачувања, препки и автопатишта.

Не, немам комплекс!
 

џо!

Фаличниот Ром
Член од
31 октомври 2009
Мислења
519
Поени од реакции
52
Имам комплекс да ги мразам луѓето посебно жените во кои сум вљубен.

Одбегнувам жени,пријатели,луѓе од секојдневниот живот со кои неможам да разговарам,дискутирам на мое ниво.А најчесто жените кои ми се допаѓаат ми е срам да разговарам со нив и да им објаснам што чувствувам бидејќи во нивните очи сум доволно "бизарен","различен",ексцентрик.

Имам комплекс кога сум во поголем социјален круг.
Не сум ни алфа,ни бета,ни гама.
Ја сум вук-самотник.
Кога сум во поширок социјален круг,се бунам и незнам со кого да се дружам,однесувајќи се и на претходниот комплекс ова доведува да имам мал број пријатели и луѓе со кои се дружам.
Едноставно глупо ми е-седам настрана и се потсмевам на нивното однесување.
Затоа секогаш сум во потесно друштво.

Имам комплекс на оговарање.
Не,не оговарам.
Туку секогаш кога ќе слушнам некој да оговара некој-посебно ако тој не му е познат на оговарачот а ни на мене,секогаш ме гризе совеста,и се жалам што оговараниот не добил шанса да изгледа подостојно во нашите очи.

ако ми текне уште ќе дополнам:smir:
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Јас ќе ја наведам во друг правец темава ако дозволиш.
Мислиш ли дека секој има храброст сам да си каже дека пати од некој комплекс?
И да нема ете храброст,не е ни свесен за некои од нив.
Ти си едно ниво над другите верувај ми.
Да имаш доблест да си ги кажеш овие работи и без да ти е важно мислењето од другите тоа е за пофалба.
Јас колку што имам приметено повеќето сакаат во туѓите очи да бидат луѓе што немаат комплекси или се самоуверени личниости(кој се препознае нека не ми се лути кажувам општо)
 

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Прво дефинирај комплекс, да знам што точно е тоа за што правиме муабет.
А после ќе ти кажам дали имам или не.
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Прво дефинирај комплекс, да знам што точно е тоа за што правиме муабет.
А после ќе ти кажам дали имам или не.
Под комплекс мислам нешто што те нервира кога го правиш, знаеш дека не треба да го правиш бидејќи не е ок но сепак е посилно од тебе. Најчесто се изразува со љубомора но не секогаш.
 

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Под комплекс мислам нешто што те нервира кога го правиш, знаеш дека не треба да го правиш бидејќи не е ок но сепак е посилно од тебе. Најчесто се изразува со љубомора но не секогаш.
По оваа дефинција: да иам комплекс, седам на интернет кога знам дека би требало да учам, ама неможам да се совладам себеси и да фатам книга.

Дефиницијава ти вришти значи:thumbs_up:
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
По оваа дефинција: да иам комплекс, седам на интернет кога знам дека би требало да учам, ама неможам да се совладам себеси и да фатам книга.

Дефиницијава ти вришти значи:thumbs_up:
Слушај друже сите знаеме што се комплексим за дефиницијата се согласувам да ама не знам како подобро да ти ја објаснам, а комплекси се знае што се.
 

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Ако сакаш темава да има било каква смисла дефинирај што точно е предмет на разговорот. Ако не, врз база на општата (не)култура на рајава, разговорот ќе биде сиромашен и на едно пониско ниво.
Еве бар од Википедија снајди се.
In psychology a complex is a group of mental factors that are unconsciously associated by the individual with a particular subject or connected by a recognizable theme and influence the individual's attitude and behavior.
Или почекај ја Магде или некој што се разбира од психолгија се произнесе :D:D
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Мој комплекс(не знам дали е баш,ама јас страдам од тоа)е се што е во собата да е правилно распоредено и без никаков неред.
Во спротивно многу ми е непријатно.
Уживам на места каде е се убаво организирано и се така `скоцкано`а не ми е убаво некаде каде што е тотален неред и во главата си правам слики како да го средам хаосот.
Некогаш се случува и по пет пати да преместам некои ствари и немам мир додека не постигнам хармонија:kesa:


Како мала бев мирно и тихо девојче и воопшто не се карав,па многу пати сум си одела дома расплакана без да можам да се одбранам и многу пати сум била навредена или понижена.
Во душата сум ептен добра и не сакам да се карам со никој.
Еден ден реков-доста е,и оттогаш до денес не дозволувам никој да ме навреди или понижи и не бирам кој е,што е,ниту размислувам за последици,се бранам и не дозволувам никаква навреда и секогаш вракам со иста мера:nesum:
Никогаш не оставам нешто недоизречено.
Премногу се навредувам,можеби некогаш нешто и не е навреда,ама јас го сфаќам како навреда.
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.693
Поени од реакции
11.821
Понекогаш имам комплекс на пониска вредност кој влечи корени уште од деновите кога учев во "средно", тогаш го имав постојано, сега е другачие мада знае да се појави с времена на време.Освен околината, најмногу ми го наметнаа родителите.....нивниот обид делуваше но мисијата неуспешна...позззззз
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Прво дефинирај комплекс, да знам што точно е тоа за што правиме муабет.
А после ќе ти кажам дали имам или не.
Комплекс-незадоволство од самиот себе,намалена самоувереност,ниско мислење за себеси како личност и како надворешна појава...

Имам комплекс во стилот на “секогаш може подобро“. Што и да направам после тоа со часови размислувам дали сум го направила како што треба и од што толку се оптеретувам секогаш си наоѓам милион забелешки и си викам:можев и подобро да го направам.
Комплекс на преиспитување :icon_lol: .

А за физички комплекс...шо знам...косата!Колку и да ми е средена,секогаш мислам дека на другите им е поубава,и сакам секое влакно да си биде на свое место и така да стои цело време :tapp: .
Добро ми вика мајка ми:немаш вистински проблеми,затоа се замараш за глупости.
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
.Освен околината, најмногу ми го наметнаа родителите.....нивниот обид делуваше но мисијата неуспешна...позззззз
Мислам дека и јас сум тука некаде ама не знам дали потполно исто.Знаат да влијаат премногу понекогаш.Посебно кога не знаат да ти ги истакнат твоите добри особини и да те пофалат,туку напротив се фаќаат за лошите и стекнуваш мислење дека не те бива за ништо.Па намалена самодоверба и тоа е најлошо.
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.693
Поени од реакции
11.821
Мислам дека и јас сум тука некаде ама не знам дали потполно исто.Знаат да влијаат премногу понекогаш.Посебно кога не знаат да ти ги истакнат твоите добри особини и да те пофалат,туку напротив се фаќаат за лошите и стекнуваш мислење дека не те бива за ништо.Па намалена самодоверба и тоа е најлошо.
Токму така, мислиш дека не те бива за ништо...сите другарчиња, комшивчиња, деца на роднини и пријатели се супер, најдобри само ти не чиниш....но како поминува времето испаѓа дека уствари во повеќето случаи било ама ептен обратно, мене тоа ми беше многу тежок комплекс дури и денес понекогаш се чувствува ама многу ретко....:nerv: поздрав
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Хм... имам комплекс, незнам да се налутам.

Сум имал подеми и падови во животот, вакви такви онакви ама она салам да се налутам никогаш. Стално сум мирен, искулиран и некако се си врзувам в крпче а.к.а. злопамтило. Го гледав пред некое време anger management, и баш се сетив на кого ме потсеќа главниот лик.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom