Chapstick
Сам свој психолог
Да, имам комплекс.
Кога бев мала, негде 3-4то одделение, имав многу долга, светла на боја и премногу виткана коса. Во тој период, а и пет години по тоа имав другарка која имаше огромни проблеми со косата, и беше мрсна, ретка и кратка. Не поминуваше ни еден ден а наставничката да ми ја воршипува косата, и да ми каже колку она би сакала да има таква коса. Не само таа, сите што ме знаеа. Мене ми беше до негде и непријатно, затоа што знаев дека на другарка ми и е глупо во таа ситуација.
И ете, поминаа неколку години, другарка ми почна прво низ муабет а потоа и директно да ми кажува колку витканата коса не е убава, и дека не сум ни имала никогаш убава коса, дека никој не го ни мислел она што го кажува. И јас тогаш, негде 6то одделение почнав да се прашувам дали е тоа навистина така.
Сега, откако почнав да се интересирам за Фројд сфатив дека тој комплекс ми е набиен се додека ми се има развивано личноста и поради тоа потсвесно на почетокот и потоа намерно сугерирање за мојата коса сега патам од комплекс.
Бев 7мо одделение кога првпат почнав да ја фенирам косата. Не престанав. По само две години редовно фенирање, косата почна да ми се распаѓа при чешлање, затоа што неможев да си дозволам да имам виткана коса. Косата мораше да ми биде права, па и по цена да ми падне целосно. Едвај ја оправив, и ден денес патам од истиот тој комплекс. По три пати дневно ја пеглам косата. Неможам да помислам да застанам пред огледало доколку косата не ми е испеглана. Насабајле пред било што да направам ја пеглам косата. Сите околу мене ме советуваат да ја оставам каква што ми е природна, но неможам, тоа е посилно од мене. Во моментов ми е премногу права, дури и луѓе што не ме знаат мислат дека имам природно права коса.
Неможам, имам на многу начини пробано да се излечам од овој комплекс, други комплекси немам, но ова ми претставува огромен проблем. Неколку саати во денот наместо поминати во корисна работа, јас ја пеглам косата!
Аурора....другарка ти сигурно ти го кажувала тоа од љубомора дека нема коса како твојата па сака и твојата коса да е како неа.Сфаќам те.И мојта другарка шо седе до мене сака да ми набие комплекс дека ноктото на палецо ми е малку поширок.Порано го мразеех ама сеа се навикнах.Каква сум таква сум.Нека ме прифатат.А ако не-НЕ МОРА ДА СЕ ДРУЖЕ СО МЕНЕ/СО ТЕБЕ.Прво пробај шо помалку да си ја пеглаш косата секој ден.Чекорче по чекорче-две чекорчиња.И поработи малку на твојта самодоверба.Биди горда шо имаш бујна и кадрава коса-верувај ми многу луѓе кои имаат права и ретка коса сонуваат за бујна и кадрава коса.Не знам колку ти помогна мојо пост.Ама имај на ум дека само тоа и било на другарка ти.Сакала да ти ја намале самодовербата.И колку повеке те гледа со права коса толку посреќна е-верувај ми.Такви луѓе ке сретнеш многу кои ти создаваат комплекси заради комплексите кои тие ги имаат.И таман работа ако им дозволиш на сите да успеат во тоа.Затоа девојко-посамоуверено малку и престани да си ја пеглаш косата.Остави ја природна-сигурно поубаво ти стои виткана коса.Толку од мене...надевам се дека ке го прочиташ моето мислење-поука за друг пат.