Парно на дрва (Потрошувачка)

Член од
27 март 2014
Мислења
3
Поени од реакции
0
Имам парно на дрва.Моќноста на печката е 33кw+3 кw одава.
За грејна сезона (15окт-15апр)трошам 16-17 кубици дрва,а грееам околу 140m2.
Живеам во куќа,горен спрат изолиран и нови џамови(5коморни)
Па да ве консултирам доколку има некој на парно да ја видам потрошувачката
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
И секое сабајле го палиш котелот или имаш автоматски котел што сам се пали и регулира
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Значи за 17 кубика околу 51000ден., така?

И мене ме интересира колку е парното сега, чисто за споредба?
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Значи за 17 кубика околу 51000ден., така?

И мене ме интересира колку е парното сега, чисто за споредба?
За куќа од 150 квадрати потребно е минимум 15/16 кубика дрва и тоа потребно е да се мешани пола бука пола даб , за во екстремно ниски температури ако се погоди ладна зима може да достигне и до 20 кубика дрва .
Што те интересира колку е сметка од топлификација ?[DOUBLEPOST=1396003282][/DOUBLEPOST]
Имам парно на дрва.Моќноста на печката е 33кw+3 кw одава.
За грејна сезона (15окт-15апр)трошам 16-17 кубици дрва,а грееам околу 140m2.
Живеам во куќа,горен спрат изолиран и нови џамови(5коморни)
Па да ве консултирам доколку има некој на парно да ја видам потрошувачката
Каков шпорет користиш ?
 
Последно уредено:

DéJà Vu

hehehehe
Член од
6 мај 2012
Мислења
813
Поени од реакции
446
Абе едно 20 кубици дрва ќе ти требат, пола даб пола бука. Ќе си ги мешаш оти дабот слабо гори, а буката брзо. Дома кај мене користиме АлфаПлам и грејме еден спрат од ќуќа со 15 кубици, ама дека дење е топло и обично се пали кон 3-4 ко ќе почни да заладва па до кај 12 - 1 се гори. Ако го палиш од сабајле 20 кубици ќе ги маниш ко ништо.

И секое сабајле го палиш котелот или имаш автоматски котел што сам се пали и регулира
тие на пелети се, ама баѓи се скапи, треба резервоар да имаш со пелети полн и се мести пример во 16:00 сам да почни да работи и сам трга пелети едно друго.
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
За топлината најголемо влијание имаат 2 фактори:
-PVC прозори
-стиропор фасада или внатрешно премачкано со стиропор изолација.
Бидејќи сум професионалец во ова, еве ви една поверена и малку посолена комбинација:
Veka профил Alfaline 6 коморен 9mm со 3 дихтони и 4 сезонско стакло 36mm (со коефициент на термо и звучна изолација до 0,6 Uw) и стиропор 10cm, во рок од 24 часа температурата на собата може да падне максимум 1 степен без никакво затоплување.
Околу звучната изолација, свадба да прават и со тапани под прозор да тропаат нема да се слушате во собата.
Алфата профилот го одбрав бидејќи во самиот профил има посебна комора за стиропор што дава + изолација, а може да се одбере и од другите профили salamander, rehau, kemerling, aluplast... но според европските стандарди veka е на прво место.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Абе едно 20 кубици дрва ќе ти требат, пола даб пола бука. Ќе си ги мешаш оти дабот слабо гори, а буката брзо. Дома кај мене користиме АлфаПлам и грејме еден спрат од ќуќа со 15 кубици, ама дека дење е топло и обично се пали кон 3-4 ко ќе почни да заладва па до кај 12 - 1 се гори. Ако го палиш од сабајле 20 кубици ќе ги маниш ко ништо.



тие на пелети се, ама баѓи се скапи, треба резервоар да имаш со пелети полн и се мести пример во 16:00 сам да почни да работи и сам трга пелети едно друго.
Порано имав на нафта,сега сум на плин и во двата случаи котелот се вклучува на тајмер а има опција и на температура.
Ме интересираше принципот на работа затоа прашав како функционира котел на дрва
 
А

Атомската мравка

Гостин
Околу 6 кубика дрва од ноември па до сега имаме потрошено, 23кв печка а грееме цел спрат 90 и нешто квадрати. Во комбинација со термо изолација на фасадата е одлично, ем топла куќа ем ќе ви се намали потрошувачката на електрична енергија (ќе си поврзеш и болјер и 24/7 топла вода си имаш).
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
За куќа од 150 квадрати потребно е минимум 15/16 кубика дрва и тоа потребно е да се мешани пола бука пола даб , за во екстремно ниски температури ако се погоди ладна зима може да достигне и до 20 кубика дрва .
Што те интересира колку е сметка од топлификација ?[DOUBLEPOST=1396003282][/DOUBLEPOST]
За да пресметам која опција е поефтина на годишно ниво.
 
Член од
27 март 2014
Мислења
3
Поени од реакции
0
И секое сабајле го палиш котелот или имаш автоматски котел што сам се пали и регулира
Котелот го палам сабалје во 8h а гори докај 24h.Kога темптература е под -5 навечер гори цела вечер.
Живеам во Штип кој се смета за топол град(заразлика од тие што се на повисоки места градови или онио во западна Македонија).
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
За да пресметам која опција е поефтина на годишно ниво.
Pa mislam deka od toplifikacija smetka prosecna e 3000/3500 za stan od 70m2 toa na godisno nivo bi bilo gore dole 40000 denari , a eden kubik buka e 2500 den. a dabot 2800 den. taka da gore dole so cenata e isto samo sto kaj parnoto na drva treba redovno da go cistis i koga ke kupuvas drva treba da gi imas parite u kes .
 

OziLLLL

MADRIDISTA
Член од
8 октомври 2008
Мислења
3.334
Поени од реакции
1.892
Кај мене исто на парно со дрва, за нијанса и поголема квадратура се троши 12 куика дрва и 2 тона некаде палети. Со пвц и изолација целосна.
 
Член од
23 јули 2012
Мислења
93
Поени од реакции
89
парно на дрва но со шпотер,не котел,14кW (6kW предава на водата, 8kW на околинатa загреваме од прилика 50 квадрати, при што имам приклучено и комбиниран бољер.Трошиме 6-7 кубика што е занемарливо малку во споредба со греење на струја, башка и бољерот не го пуштаме на струја цела грејна сезона.Во секој случај исплатливо. :)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
За да пресметам која опција е поефтина на годишно ниво.
Бегај од Топлификација колку што можеш.
Топлификација на хаџимафија и компанија наплатува според калориметри и напалтува некаква „ ангажирана моќност “, живи ќе Ве одерат. Никој не може да прогнозира колкави сметки ќе добивате. Сите куќи кои се грееа со Топлификација се одамна исклучени
Железрското парно има цена од 39,82 денари за метар квадратен ако се плаќа цела година. Значи бројот на квадрати на станот помножи го со 39,82 и ќе добиеш колку ќе плаќаш месечно цела година.
Инаку најефтино затоплување е со клима и со дрва, за тоа погледај во темата Наекономично греење ( затоплување )
 

R.1

Член од
23 јануари 2014
Мислења
149
Поени од реакции
57
2013 септември купив Алфа Плам Терм 27, направив оџак 20 см, 200м2 е куката 2 спрата, горниот дел не добро изолиран, горе мали радиатори, не топло,
дрвата беа водени потрошивме 18 м2 дрва, од 08-21 часот, и не се столивме, бидејќе беше наведено дека шпоретот бара суви дрва бука и сув јаглен, а ние користевме даб, и малку бука, со дабот водата идеше едвај до 55'C просек 40-50'C со буката сува идеше 60'C и не се седеше кај што беше шпоретот.
Моите не се задоволни од шпоретот, но не е крив шпоретот кога дрвата не се суви или биле осојничави.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom