Tonchie
BATTERY +
- Член од
- 15 јуни 2005
- Мислења
- 13.354
- Поени од реакции
- 7.500
Ги знам од концертот на Бладхаунд Генг па наваму, така да не можам да се пофалам како нивен стар фан, сепак успеав да надокнадам на музички план и имам скоро се што тие имаат снимено во студио. Ќе продолжам подолу...Епа ако бендот имал своја идеологија, ќе се трудел да ја применува!
Не знам како на паркети гледа онаа мала публика која одела паралелно со нивните подеми и падови.
На нивниот спејс имаше некои песни кои им беа во подготовка за следниот албум.Не е проблемот дека јас или било кој, ќе го смениме мислењето само заради тоа што отишле на евровизија, туку, како сега гледаме на нивната музика! Делува разочарувачки!
Секој бенд еволуира на музички план, а Паркети се трудат да бидат нови и свежи постојано, е сеа се приметува влијанието на Марија, ама и таа е член нели, Тетка Паркетка.
Што се однесува до нивните настапи, тие се горе доле шаблонски, така да ако си бил на 4-5 можеш да претпоставиш какви ќе бидат 7-8-9 ти настап
Бидејќи им немам ојдено на свирка веќе година дена со радост ќе ги слушам на Пиво Ленд.
А во врска со идеологијата, вие металчугите многу мрчите на таа тема. Јас не сакам такви работи, се додека личат на себе Паркети ќе бидат Паркети.
Излетот со евровизија им беше обид за да дознаат за нив поголем број на луѓе. Имаат голема желба да свират на EXIT па се обидуваат да им покажат на луѓето дека се добар бенд. За нивна несреќа критериумите на оние што бираат бендови за на Ексит се поинакви, па си се враќаат Паркети на она со што си се бават редовно.
Сепак „“ е песна која може да ја направи само млад панк бенд. Некои моменти не може да се вратат. Смена на членови, созревање на членовите...