@UpaDown се разбираме. Само некои овде не разбираат дека работење во фирма не е исто, како кога баба ти ќе те прати по леб и млеко, па ќе те награди со некој денар.
Затоа мислат дека минималецот е тоа шо им ги решава проблемите.
Наградно прашање: ако минималецот е толку добар, оти не го направите да биде 100.000 денари? Еве, сега ќе има измени у уставот, побарајте уставно да ви биде загарантирана минимална плата од 100.000 денари. Па видете колку луѓе ќе работат.
Платите растат само со зголемено производство, зголемена побарувачка на работници, и намалена бројка на невработени.
Со минималец, к-15, тринаеста плата, не растат плати.
Јас сум да има к-15 и тринаеста, и 100 дена одмор ако треба, ама не со сила, туку пазарот да го диктира тоа. Ако може пазарот у Швицарска, без никакви регулации, да го диктира тоа, може и у Македонија. Ама не го оставате на раат, го дрмате со секакви тракатанции и регулативи.
Ако минималецот гарантира дека некој ќе зема саглам плата, гадно сте се заебале. Па една форумџика ми кажа оти ако немало минималец, работниците ќе земале по 3.000 денари плата.
А мори, госпожа, прошетај у Швицарска, види дали има обичен тинејџер без никакви квалификации, да работи за помалку од 1.000 франкови месечно.
И друго нешто, нема минимална цена на станови, па у Скопје слабо се издаваат добри станови под 250 евра.
Не ќе да е до минимална цена на издавање стан.
Пазарот си знае, си се регулира сам.