Парите за к-15 од сметката на вработениот директно на рака на газдата

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
најпрвин ако сум го утнал подфорумот корегирајте ме

иако немам побарано извор на било каков медиум ама гласиниве фрчат низ градот па и фејсбук за ситуацијава со исплаќањето на к-15.
газдите со закани и уцени кон вработените за да ги вратат парите од исплатената сума.
од банкомат вработениот следниот ден мора во кеш да ги врати парите, и без бунење пошо можеле лесно да ги избркаат од работа.
начекав баш и во поголемиве фирми на такви случаеви.

стравот за за да не останат без работа и др. закани го заплашуваат вработениот да не пријави во надлежните институции.

фактички работодавците со финтава се спасија од плаќањето казни за неисплаќање и се буквално во win - win ситуација
државата ќе си го рекламира к-15 како успеха работникот со "опашката во газот"ќе си остани без таа законска сума на пари.
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
И, океј е некако да се присили некоја фирма да дава К-15?

Да не се разбереме погрешно, супер, нека се даваат колку сакаат бонуси, ама тоа доколку газдите си го одредат тоа и доколку работниците го заслужат. Камо да има повеќе профитни фирми кои ќе даваат бонуси и 13ти и 14ти плати, ама има безброј работници шо не вредат ич, и државата го присилува газдата да плаќа за нив. Со присилби за повисоки минималци, со такви даноци, со вакви казни, со К-15, не мрдаат бизнисите, со тоа само уште повеќе ќе пропаѓаат и се повеќе продавнички низ трговските и улиците ќе бидат празни.
 
Член од
6 април 2014
Мислења
4.942
Поени од реакции
6.117

Ако не му вреди некој работник зошто не му даде одказ зошто тогаш го чува, доколку истиот не е способен или не ги исполнува своите работни обврски, објасни ми го ти тоа на мене?

Добро е тоа к-15 и треба да се спроведе, некои газди ќе се богатеат на сметка на вработениот на кој му дава плата од 8500 денари а тој ќе вози кола од 100 илади евра, имал пари за кола немал пари за к-15.
 
Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
не ми беше намерата да го дискутирам законот.
ама во вакво време на капитализам и безработица не верувам дека приватниве фирми вртат неспособни работници.
таа експлоатација во малите претпријатија каде што пет вработени работат колку десет и тоа минимална плата, мора да се бара барем некаква финансиска заштита потпомогната со закон за да го штити вработениот.

ретки се тие шо земаат "заслужени бонуси" бидејќи биле ефикасни, во вакво време ретко постојат вакви газди
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Да таков случај постои тоа е најчесто каде што е платата минимална а вработените немаат каде да одат на друго место, сакале нејќеле ќе мораат да ги вратат парите. Ова исто како и со случајот минимална плата каде што газдата си исплаќа сосема нормално пари но потоа вработениот дел од сумата мора да врати пари... не е само ова туку и часовите изработени прекувремено воопшто не се исплаќаат така да ситуацијата е многу лоша каде што на вработениот му се вриши притисок ова најчесто се случува каде што работат на машина за шиење и градежништво...Човек и да пријави шансите да добие и не се така големи бидејќи доста има газди кои се поврзани со испекторите...
 
Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.966
И, океј е некако да се присили некоја фирма да дава К-15?

Да не се разбереме погрешно, супер, нека се даваат колку сакаат бонуси, ама тоа доколку газдите си го одредат тоа и доколку работниците го заслужат. Камо да има повеќе профитни фирми кои ќе даваат бонуси и 13ти и 14ти плати, ама има безброј работници шо не вредат ич, и државата го присилува газдата да плаќа за нив. Со присилби за повисоки минималци, со такви даноци, со вакви казни, со К-15, не мрдаат бизнисите, со тоа само уште повеќе ќе пропаѓаат и се повеќе продавнички низ трговските и улиците ќе бидат празни.
ОК е да се присили. Но не, во Македонија за да ти е успешен бизнисот, треба да бидеш сврзан со власта. Безброј работници? Знаеш колку фирми ги искористија работниците кои државата ги исплатуваше за три месеци?
Пример: фирма со 900 вработени. 900 вработени x 8500 MKD = 127500 Евра. 4000 евра е казна за фирма доколку не исплати к-15. Математиката направи ја сам. На големите фирми им се исплаќа да не исплатат.
И врапчињата знаат дека работниците во Македонија никој не ги штити. Во Македонија се штитат само фирмите, се додека државата има ќар. Работникот во Македонија е потрошен материјал.
Да таков случај постои тоа е најчесто каде што е платата минимална а вработените немаат каде да одат на друго место, сакале нејќеле ќе мораат да ги вратат парите.
Имаше случај каде што к-15 им беше исплатен. Парите поминале преку трансакциска сметка на работникот. И потоа парите му биле враќани, заради уцена на газдата.
 
Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
И, океј е некако да се присили некоја фирма да дава К-15?

Да не се разбереме погрешно, супер, нека се даваат колку сакаат бонуси, ама тоа доколку газдите си го одредат тоа и доколку работниците го заслужат. Камо да има повеќе профитни фирми кои ќе даваат бонуси и 13ти и 14ти плати, ама има безброј работници шо не вредат ич, и државата го присилува газдата да плаќа за нив. Со присилби за повисоки минималци, со такви даноци, со вакви казни, со К-15, не мрдаат бизнисите, со тоа само уште повеќе ќе пропаѓаат и се повеќе продавнички низ трговските и улиците ќе бидат празни.
Да, да оти досега газдите се убија од давање награди и бонуси на тие работници што заслужија. Изговори, изговори, изговори..

Еве јас за во Штип ќе зборам. Сите функционираат на принципот - многу ти се и тие шо ти ги давам. И не смее се да се остави на совеста и свеста на работодавецот, затоа што тоа тие и не го поседуваат.
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
не ми беше намерата да го дискутирам законот.
ама во вакво време на капитализам и безработица не верувам дека приватниве фирми вртат неспособни работници.
таа експлоатација во малите претпријатија каде што пет вработени работат колку десет и тоа минимална плата, мора да се бара барем некаква финансиска заштита потпомогната со закон за да го штити вработениот.

ретки се тие шо земаат "заслужени бонуси" бидејќи биле ефикасни, во вакво време ретко постојат вакви газди
Таквите бонуси постојат само во Големите фирми на пример ќе го дадам Лукоил каде што до денар се исплаќа се она што си работел... кај нив мислам дека даваа 13та плата...[DOUBLEPOST=1405023123][/DOUBLEPOST]
Имаше случај каде што к-15 им беше исплатен. Парите поминале преку трансакциска сметка на работникот. И потоа парите му биле враќани, заради уцена на газдата.
Ах не е само тој случај на многу места е таков случајот посебно во оние фирми каде што е 5+ работника таму ако е газдата лев тогаш со сигурност ќе им ги бара парите назад или се знае ќе леташ а во ова време како волци се луѓето за работа...
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Ако не му вреди некој работник зошто не му даде одказ зошто тогаш го чува, доколку истиот не е способен или не ги исполнува своите работни обврски, објасни ми го ти тоа на мене?

Добро е тоа к-15 и треба да се спроведе, некои газди ќе се богатеат на сметка на вработениот на кој му дава плата од 8500 денари а тој ќе вози кола од 100 илади евра, имал пари за кола немал пари за к-15.
ОК е да се присили. Но не, во Македонија за да ти е успешен бизнисот, треба да бидеш сврзан со власта. Безброј работници? Знаеш колку фирми ги искористија работниците кои државата ги исплатуваше за три месеци?
Пример: фирма со 900 вработени. 900 вработени x 8500 MKD = 127500 Евра. 4000 евра е казна за фирма доколку не исплати к-15. Математиката направи ја сам. На големите фирми им се исплаќа да не исплатат.
И врапчињата знаат дека работниците во Македонија никој не ги штити. Во Македонија се штитат само фирмите, се додека државата има ќар. Работникот во Македонија е потрошен материјал.

Имаше случај каде што к-15 им беше исплатен. Парите поминале преку трансакциска сметка на работникот. И потоа парите му биле враќани, заради уцена на газдата.
Да, да оти досега газдите се убија од давање награди и бонуси на тие работници што заслужија. Изговори, изговори, изговори..

Еве јас за во Штип ќе зборам. Сите функционираат на принципот - многу ти се и тие шо ти ги давам. И не смее се да се остави на совеста и свеста на работодавецот, затоа што тоа тие и не го поседуваат.
Еве у Германија се се оставаше досега на свеста на газдите, па успешно функционираше.
У Швајцарија уште е така, па успешно функционира.

У маркет од типот на Рамстор, пред некое време праев математика колкав ќар останува. Околу 4.000 евра месечно за инвестиција од милион евра. Имаат околу 60 вработени.
Тоа се за 3 месеци помалку пари шо ќе заработи газдата, или газдите, оти се работи за повеќе милионска инвестиција.

Државата е далеку од институцијата која треба и знае колку треба да се плаќа некој.
У Америка поради ебаниот минималец 24 посто од тинејџерите се без работа. У Швицарска се само 3.
Поради истите тие причини за кои се присилува некој да дава К-15 се намалува бројката на вработени.
Пошто газдата ако ги намали трошоците ќе може само со тоа шо ќе избрка 10 души од фирмата. :)

http://www.forbes.com/sites/williamdunkelberg/2012/12/31/why-raising-the-minimum-wage-kills-jobs/

Истиот муабет е и за К-15, и за било која друга присилба.
У Америка у периодот кога скоро и да немало синдикати, платите на двапати (у размак од 20 години периоди) пораснале за 75 и додатни 50 посто.

Не е до синдикатите. И не е до државата. Фирмите знаат колку да даваат.
И не почнувајте со муабет ако нема минималец, ќе се работи за 2.000 денари. До полани немаше минималец. Никој не работеше за 2.000. Ама сега некој шо сака да се нафати да работи за 6.000, некое тинејџерче, нема да може, оти никој нема да му даде повеќе, оти ете не му вреди трудот за минималец, туку за помалку.

Ај кога има минималец на трудот, да ставиме минималец на цената на зејтинот и мајонезот? Не оди? Е не оди.
 
Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Без навреда, но ова твоиве споредби со Германија, Швицерска есетера, ми се толку авангардни, толку далечни, толку теоретски, шо ќе си помислам дека немаш ниту еден ден работен стаж во фирма во Македонија.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.892
Поени од реакции
10.517
@UpaDown очигледно или ти или татко ти има фирма па ептен си засегнат од ова е и сеа маката на вас сопствениците ви е што дел од ќарот ке треба да го давате ама незаборавајте дека некој макотрпно ви ги полни џебовите...
мене ми имаат кажвано дека некои дирми присилно ги терале да потпишат дека го искористиле годишниот одмор, у спротивно леташ од работа ти вика има луѓе молат и сеа ти од некој таков одмор што не ти дава ке очекуваш к-15?
и убаво некој рече поврзани се со инспекторите па џабе се и пријавите
 
dwa

Член од
19 февруари 2006
Мислења
2.233
Поени од реакции
349
ОК е да се присили. Но не, во Македонија за да ти е успешен бизнисот, треба да бидеш сврзан со власта. Безброј работници? Знаеш колку фирми ги искористија работниците кои државата ги исплатуваше за три месеци?
Пример: фирма со 900 вработени. 900 вработени x 8500 MKD = 127500 Евра. 4000 евра е казна за фирма доколку не исплати к-15. Математиката направи ја сам. На големите фирми им се исплаќа да не исплатат.
И врапчињата знаат дека работниците во Македонија никој не ги штити. Во Македонија се штитат само фирмите, се додека државата има ќар. Работникот во Македонија е потрошен материјал.

Имаше случај каде што к-15 им беше исплатен. Парите поминале преку трансакциска сметка на работникот. И потоа парите му биле враќани, заради уцена на газдата.
Како што разбрав јас казната е 4000еу по вработен.
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Без навреда, но ова твоиве споредби со Германија, Швицерска есетера, ми се толку авангардни, толку далечни, толку теоретски, шо ќе си помислам дека немаш ниту еден ден работен стаж во фирма во Македонија.
И мене ми се такви. И се поради тоа шо нема бизнис клима у Македонија.
Знаеш оти фирмите од силиконската долина имаат јаки канцеларии кои се по 20 декари големи со сва и свашта? Оти има бизнис клима. Оти има барем една фирма од сите тие која ќе направи такви канцеларии, и работната конкуренција ќе ги изеде сите нив доколку не им угодат на вработените.
@UpaDown очигледно или ти или татко ти има фирма па ептен си засегнат од ова е и сеа маката на вас сопствениците ви е што дел од ќарот ке треба да го давате ама незаборавајте дека некој макотрпно ви ги полни џебовите...
мене ми имаат кажвано дека некои дирми присилно ги терале да потпишат дека го искористиле годишниот одмор, у спротивно леташ од работа ти вика има луѓе молат и сеа ти од некој таков одмор што не ти дава ке очекуваш к-15?
и убаво некој рече поврзани се со инспекторите па џабе се и пријавите
Одговорив погоре.
Немање бизнис клима.

Се повеќе бизниси се затвораат. Ради се повеќе присилби. И тоа доведува до се помала продукција. Која пак носи до се понизок стандард. И така. :)
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.892
Поени од реакции
10.517
@UpaDown ова му доаѓа као со увозот на половни коли, сопствениците на авто салони бараа да се укине закаонот затоа што они повеќе ке неможат да прават дебел профит (n)
знам некои газди каде што жените и децата им се шеткараат само, епа ако не им се исплати да држат вработени нека ги шутнат и нека земат они да работат, со што се ке си остане исто
 
Kajgana Shop

На врв Bottom