Имаат право, секој има право да се попише, цел свет се попишува. Во земјите каде што живеат (од европските до прекуокеанските) и во сите земји има попис во пролет 2011, без разлика дали се македонци, турци, албанци, власи...таму се попишуваат. Кога ќе се сумираат резултати за Франција, Германија, Америка, Канада, Швајцарија, Шведска, Австралија...се добиваат податоци за број на македонци албанци срби турци роми во тие држави...чие потекло е од Македонија. На линковите кои беа постирани можеше да се најде и овој податок. За која цел човек од било кој етнос би се попишал двапати (и тука и таму)? Не може да се прави ни проекција на население, ни проекција на живеалишта, потреби, инфраструктура, ни да се анализираат економските белези.... што тогаш со тој податок?
Се надевам дека за последен пат ќе пишувам за ова со оглед на тоа дека веќе полека но сигурно никој не сака да полемизира околу спорниот член т.е околу тоа, луѓето кои оваа година барем еднаш влегле во македонија да имаат право да се попишат, без оглед на која етничка група и припаѓаат. Тоа е повеќе од јасно и веќе вчера колку што имам информации во ДПК е договорено ова да се спроведе точно на тој начин за кој јас пишував во сите мои претходни коментари.
Е сега малку за пописите во другите земји. Тоа е точно дека и таму се прават пописи но и тие пописи како и нашиот, им служат само на земјите во кои истите се спроведуваат и ниедна држава не дава официјални податоци за потребите на друга држава ( посебно не за оние кои не се дел од ЕУ). Ова значи дека нашите ќе бидат попишани во на пр. Италија и податоците кои таму ќе се добијат ќе бидат за внатрешна статистичка употреба. Тие таму нема да попишуваат колку Македонски граѓани од Албанска, турска, торбешка, српска, бугарска, хрватска, влашка, ромска или др. етничка припадност живеат кај нив. Тие едноставно ќе попишат колку Македонски граѓани со Македонски пасоши живеат кај нив и толку. Зарем мислите дека тие во европа ќе се занимаваат со тоа колку различни етникуми има кај нас???? Ова би било лудо доколку знаеме дека и самите европски земји се преплавени со слични проблеми и во овој аспект едвај си го попишуваат своето население. Немојте сега да си измислувате работи демек во странство попишувачот ќе отиде кај нашите иселеници, ќе им побара пасош и во графите од пописниот лист ќе пишува Македонец ама со албанско етничко потекло или Македонец со српско потекло. Уште посмешно е тоа дека на крајот од пописите во европа, тие земји нам на тацна ќе ни ги испорачаат податоците за кои тие платиле милиони.
Ајде сега да се вратиме на тоа зошто за Македонија е потребно да знае колкав е бројот на оние луѓе кои и покрај тоа што живеат во оваа земја, сепак се попишуваат како членови на некоја друга етничка заедница.
Како прво реалните бројки ќе значат и реално поставување на работите во наредните 10 па и повеќе години.
Ќе се врати довербата помеѓу граѓаните и нема да се шпекулира како последниве 10 години кога сите стани викаа дека пописот бил лажиран.
Сите ќе добијат онолку колку што треба т.е сите треба да добијат исто затоа што пред се сите ние сме луѓе од крв и месо, и кога сме на улица од далеку не ни се гледа дали сме македонци, американци, французи и сл.
Секој оној кој доби право да гласа и изгласа 3 пратеници од три региони ширум светот, сега мора да има право и да се попише, затоа што нели тој е македонец. Па ако Македонците добија 3 пратеници од дијаспората зошто тогаш толкав страв како ќе се попишат тие луѓе таму???
Секој оној кој секоја година доаѓа во Македонија и го полни буџетот на оваа земја треба да има право да се попише.
Секој оној кој иако живее на запад, сепак за својата куќа плаќа комуналии, струја, телефонски приклучоци, радиодифузна такса и сл тој би требало да има право да биде попишан.
Оние фрази дека ова е само за наша внатрешна употреба немојте да ги користите само кога работите треба да се во наша полза. Малку да бидеме реални и да се подзамислиме од кои пари во буџетот нашите деца добиваат бесплатни учебници, ние добиваме бесплатни лекови и сл. Дел од тие пари доаѓа од нашите патриоти кои секоја година се тука заедно со нас а не се во Грција на одмори. Се извинувам што влегувам во друга свера т.е во политика но коментарите на повеќето други се такви и јас едноставно морам да се потрудам да објаснам зошто мојот став е ваков.