ПОПИС 2011-Ќе се преброиме ли?

  • Креатор на темата Креатор на темата Karlos sakalot
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Артан Груби награден од Владата за инцидентот на Кале:

„Воедно, како што соопшти владината прес служба, Владата ги именуваше Бујар Османи, Лазар Трајчев, Живко Пејковски, Орце Тодоровски и Артан Груби за нови членови на Државната пописна комисија.“
http://kurir.mk/makedonija/vesti/44130-Vladata-go-kompletira-sostavot-na-DPK-popisot-utre-pocnuva

Артан Груби..:tapp: Оф мори мајко,мајко
 
Дечко, ти цитирав законот како го решил тоа, дали тебе ти се свиѓа или не, дали ти е логично или не, мене ич не ме занима. Тоа ќе се обратиш кај тие што го гласале законот во парламент.

Инаку за попишувачите, кај мене беа вчера, ме попишаа :icon_lol: Секако без проблеми, фина девојка сум јас :icon_lol:
 
Хаха Артан Груби за член... Е Македонијо, Македонијо.
 
Артан Груби..:tapp: Оф мори мајко,мајко

Што те чуди Цитро? Па ова е очекуван потег од патриотите, сега следува и "реалната" бројка за пописот, а таа ќе ја напумпаат истите оние кои плукаат по сите оние што не мислат како нив, истите оние кои мислат дека Македонија е нивна лична сопственост и на крај "е*ани" ќе останат сите оние кои мислеа и мислат дека ВМРО ќе ги направи Албанците под 15%. Ех Цитро, Цитро... ;)

Потсети се на мојот претходен пост, оној пост што го цитираше...
 
Не да видат луѓево дека од ВМРО само името остана патриотско.Ако не добија и повеќе права додека тие се на власт.Не очекувам ништо од пописов,која и да е бројката пак поинаку ќе се протолкува.
 
Со нивно непопишување ние губиме тројца а вие еден :icon_lol:

Не губите тројца туку двајца, но бидејќи кај Македонците има како апсолутна бројка повеќе семејства од кои заминале (по помалку личности) бројот на заминати Македонци и Албанци се разликува за малку (се разбира на штета на Македонците).
Во меѓувреме преку природниот прираст твојот еден Албанец кој останал овде накотил респектабилна "замена" за заминатите додека кај Македонците нема кој да надомести. Така што ова решение не оди во полза на Македонците како што сте се уфилмале. И ако излезат, случајно, Албанците еднаков процент или за процент помалку од претходниот попис тоа е затоа што тогаш беше направен фалсификат и бројот на Албанците беше вештачки зголемен.
Инаку незнам што се бунат Турците кога нивниот прираст е еднаков на македонскиот.
 
Па доколку го дозволат, тоа е фалсификат...никој не попишува се што се родило овде, ниту пописот служи за тоа.
Ако се сигурни дека % е реален, тогаш нема потреба од инсистирање да се оди контра европските и светски трендови и препораки. Прашање тогаш е која е потребата од вакви барања.
--- надополнето: Oct 3, 2011 10:44 AM ---
да не зборам напамет...постирав од хрватски попис, од ОН, од Еуростат...еве и од првите соседи, Албанија

Според меѓународните препораки и стандарди кога се работи за опфат на граѓани (извадок од Албанскиот Закон за Попис)...во член 3 е објаснет терминот resident population
a.“Resident population” shall mean the population consisting of individuals, who on the enumeration day are present in the territory of the Republic, as well as those that are temporarily absent for less than one year.

а во Член 7 за опфат вели
2.It includes the resident population as well as all premises within the territory of the Republic that are used for dwelling, independently if they are movable or immovable property.
 
Мене попишувачот денес ми кажа дека тие што се заминати од државава нема да ги попишуваат .... у чаир сум иначе
 
Тие што се заминати од државава на 12+ месеци нема да се попишуваат ама фалсификат е можен ако се попишува по копија од пасоши и лични карти за лица што се надвор од државава што е кривично дело на 2 години затвор...
 
Не губите тројца туку двајца
Точно, во право си, за момент не размислував добро.

но бидејќи кај Македонците има како апсолутна бројка повеќе семејства од кои заминале (по помалку личности) бројот на заминати Македонци и Албанци се разликува за малку (се разбира на штета на Македонците).

Не е баш малку кога се работи за поголема разлика во целосен износ.
Процентот е помал ако правиме споредба помеѓу колку проценти е 100.000 во 200.000 и 100.000 во 300.000. Во првиот случај, се работи за 50%. Во вториот за 33.33%.
Ако пак не разбираш, кажи слободно и ќе ти дадам детално математичко објаснување.
 
Од колку до колку саат попишуваат?
 
Од колку до колку саат попишуваат?
би требало цел ден. Сабајле некаде обично почнуваат во пристојно време од 8-9 па додека можат (ако не се од тој крај, главно до стемнување)...најмногу зависи од самите попишувачи. Доста од нив (поискусните) практикуваат попладне во работен ден за да не идат по двапати, а за викенд цел ден.
 
Иселувањето ги погодува сите веќе , нема исклучок :

Виница се иселува
Бранот иселувања ја погодуваат и општината Виница. Минатата недела во јавноста беа објавени драматични податоци за преселбата на 500 млади семејства што побараа подобар живот во Италија, Словенија и во Црна Гора.

- Ако во Виница се останати околу 5.000 жители, исто толку има и во странство. Ако продолжи оваа тенденција ќе биде лошо за развојот на општината - вели Костадинов.

Зрновци исто
Во соседната општина Зрновци околу 200 фамилии се заминати во Италија во последните две-три години.

Пехчево со проблеми
Според податоците во Пехчево, младите брачни парови во просек имаат по 1,5 деца. Куриозитет за оваа општина е големиот број на ергени.

Берово старее
Најпогодена од миграцијата е општината Берово, која од 1991 година има континуиран пад на бројот на жителите.

Пробиштип
Сепак невработеноста е сеж уште висока и изнесува отколку 35 отсто. Во општината сметаат дека тој процент е нереален зашто има нерегистрирани вработувања во Црна Гора и во Словенија.
Порано во 1986 година имало 146 деца во прво одделение. Сега има само 80

Кратово умира
Демографската слика е најпоразителна во Кратово. Пред 20 години имало 210 новородени во општината. Лани имало само 75 новороденчиња. Како резултат на ова 11 основни и подрачни училишта се затворени.

http://malesh-net.com/malesh-berovo/index.php?option=com_content&view=article&id=177:-e-&Itemid=119

Се празнат богати струмички села

Околу 2.350 граѓани од општината Босилово работат во странство, што е повеќе од 15 отсто од вкупното население, вели градоначалникот Љупчо Колев и додава дека трендот на иселување не запира

Иселувањето е најдрастично во селото Турново, каде што од 1.000 жители речиси половината се заминати на печалба во Германија, Швајцарија, Словенија и во Италија.

Прочитајте повеќе http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=F863659214A4F34C98E855FE76EE0545

Радовиш: Мажите на гурбет

Жените, кои во многу ораовички семејства се главни во земјоделската работа зашто мажите и синовите им се на гурбет во туѓина, со плач влегуваат во нивите.

Битола : Подобро селани во Австралија отколку социјалци

Најзаинтересирани за заминување во Австралија се младите брачни двојки, ергени меѓу 25 и 40 години и социјално загрозени семејства.

- Во Могила има 150 ергени меѓу 25 и 40 години. Тие не можат да си најдат невести. Во селото нема невести, а ниедна девојка од градот не сака да се врати на село. Затоа сметаат дека по заминувањето во Австралија ќе најдат и подобар живот и животна сопатничка.

Токму желбата за поубав живот и "посигурна° иднина резултира со миграции на над 13.000 битолчани во белиот свет, што исто така значајно влијае врз намалувањето на наталитетот, а со тоа и бројот на ученици.

Тешката социо-економска состојба само лани од Битола истера околу 2.700 жители, пред се' млади и школувани кадри.

http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=2073&stID=68117&pR=3

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3A5128839934FE4DBB27AE47AA522539
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom