Очни клиники

M

Muranyi

Гостин
20 пати помала цена и 20 пати пократко време трае прегледот. Што сакам да кажам, за да успеат сите пациенти да ги услужат прегледите се вршат површински, а во систина прегледот трае 20-30 минути, што нема шанси тебе доктор во државна толку време да те тинтари.
Токму истото го пишав,друже.
 
Член од
11 јуни 2013
Мислења
56
Поени од реакции
22
Дечки, препорачајте добра офталмолошка специјалистичка ординација, државна во Ск., а ако не бива мора во европска или систина. Дали во воено медицински центар е добро или на некоја клиника не знам во Ск. .... Се работи за обичен преглед, ова компјутеров ме растури, имам правено прегледи во мојот град во државна болница, све је одлично и ништо нема, а со едново око мислам дека помалку гледам, па сега дали немаат соодветни апарати или не знаат не знам што е работава. Сакам да видам за што се работи.
 
The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Дечки, слушајте сеа што мака имам.

Забележав дека со едното око ми се дуплираат објекти, предмети, а, у, све тоа што гледам, и по препорака на една другарка отидов во приватна ординација во Аеродром, не ми ни текнува името. Госпожата таму ме прегледа и ми менуваше стакла на тие универзалните очила ама подобрување во видот немав и жената ги крена рамениците. Ми вика: Поима немам што ти е, ке те пратам во Воена болница таму има една докторка многу е добра и се разбира ептен.
Сето тоа почетокот на Декември.

У реду. На 20ти месецов бев во Воена па и таа таму не можеше да одреди што е, и ми рече да идам да ми направат/испитаат видно поле. После една недела помина и тоа, немаше ништо и конечно докторката дава диоптер -1 цилиндар, ама (ова е многу битно!) последните два реда од тие бројките не можев да ги видам ни со очила. Значи ако имаше 7-8 редови со бројки и букви, до третиот ред ги гледав без очила, со -0.5 гледав дополнителен еден ред, а со -1 гледав дополнителни два. И го кажав тоа и она вика: Па нормално е, 100% не може да се поправи видот со очила, секогаш е така. А со другото око ги гледам сите до крај.

Прашањето ми е (До тие што имаат очила): Дали е нормално дури и со очила да не можеш да ги видиш поситните букви на таа таблата што се закачени или пак ни докторката со докторат во Токио не ја бива па се заебава за да и помине работно време?

Друго прашање, дури одам по оптики да прашувам за цена на стакла, кажете ми отприлика која цена би била прифатлива за стакла и какви стакла т.е. со каква заштита би ми требале ако се знае дека поминувам време над книга (осветлено со неонка) и пред компјутер.

п.с. Ке се самоцитирам дури не ми одговорите :D
 
П

Паган-др

Гостин
^
Јас носам наочари, и да, не може 100% да се поправи видот, барем и јас го имам тој одговор добиено, носам - диоптер, зошто ако ти стаат диоптер што би ги гледал и најситните бројки на таблата можно е после тоа да имаш главоболки, гадење итн.

Цена прифатлива, зависи во која оптика одиш и што подразбираш под прифатливо. Прошетај во повеќе, ќе видиш што ти одговара. За заштита, ќе ти набројат они со што располагаат и ќе си кажеш.
 
Значи во ред било што не ги гледам. Добро е.

Уште едно прашање, докторката рече дека -1 ти одговара ама да не биде јак диоптер од почеток да ти ставам (пошто чудно ми беше одењето кога ги пробав тие со -1) еве почни првиве 6 месеци со -0.5 па после ке видиме како ке се одвива. А со -1 подобро гледав. :unsure:
Јес да е она докторка ама ако е подобро со -1 зошто би носел -0.5 кога би се привикнал за неколку дена со минус кецот?!
 
Член од
1 септември 2009
Мислења
166
Поени од реакции
56
Дечки, слушајте сеа што мака имам.

Забележав дека со едното око ми се дуплираат објекти, предмети, а, у, све тоа што гледам, и по препорака на една другарка отидов во приватна ординација во Аеродром, не ми ни текнува името. Госпожата таму ме прегледа и ми менуваше стакла на тие универзалните очила ама подобрување во видот немав и жената ги крена рамениците. Ми вика: Поима немам што ти е, ке те пратам во Воена болница таму има една докторка многу е добра и се разбира ептен.
Сето тоа почетокот на Декември.

У реду. На 20ти месецов бев во Воена па и таа таму не можеше да одреди што е, и ми рече да идам да ми направат/испитаат видно поле. После една недела помина и тоа, немаше ништо и конечно докторката дава диоптер -1 цилиндар, ама (ова е многу битно!) последните два реда од тие бројките не можев да ги видам ни со очила. Значи ако имаше 7-8 редови со бројки и букви, до третиот ред ги гледав без очила, со -0.5 гледав дополнителен еден ред, а со -1 гледав дополнителни два. И го кажав тоа и она вика: Па нормално е, 100% не може да се поправи видот со очила, секогаш е така. А со другото око ги гледам сите до крај.

Прашањето ми е (До тие што имаат очила): Дали е нормално дури и со очила да не можеш да ги видиш поситните букви на таа таблата што се закачени или пак ни докторката со докторат во Токио не ја бива па се заебава за да и помине работно време?

Друго прашање, дури одам по оптики да прашувам за цена на стакла, кажете ми отприлика која цена би била прифатлива за стакла и какви стакла т.е. со каква заштита би ми требале ако се знае дека поминувам време над книга (осветлено со неонка) и пред компјутер.

п.с. Ке се самоцитирам дури не ми одговорите :D
Точно е, видот со очила нема никогаш да биде 100%. Ти имаш астигматизам, тоа е кога ти се двои сликата.

За очила никогаш не се дава максимум диоптер зашто ќе ти се врти. Со очила видот ќе ти биде стално околу 90%. Еднаш го убедив оптичарот да ми препише најјак диоптер и цел среќен си ги направив очилата. Стигнав од трговски до влада пред да свртам со колата назад за да ми ги вратат старите стакла зашто ич не беше пријатно. Така да знаеш не бркај перфекција зашто не постои.

За стаклата сега веројатно сите се од тие полесните (кои всушност не се стакло) и имаат антирефлекс заштита и потешко се кршат :)

Јас пошто имам и диоптер и цилиндар моите стакла коштаат ѓаол и пол, али мислам дека не сум платил повеќе од 3000 ден. до сега. Ти пошто имаш само едно стакло со цилиндар немаш гајле. Али никогаш не штеди на квалитет, сепак за очите се работи.

Откако ќе се навикнеш на очила, можеш да пробаш и фотогреј стакла кои самите се затемнуваат на светлина.

Sent from my Grand X In using Tapatalk
 
Член од
1 септември 2009
Мислења
166
Поени од реакции
56
И уште еден совет, оди кај приватниве со дигитални апарати што прегледуваат пред да ги правиш очилата. Јас би ти ги препорачал: Визија во Карпош 4 и турската очна клиника накај Сарај заборавив како се вика.

Sent from my Grand X In using Tapatalk
 
П

Паган-др

Гостин
Значи во ред било што не ги гледам. Добро е.

Уште едно прашање, докторката рече дека -1 ти одговара ама да не биде јак диоптер од почеток да ти ставам (пошто чудно ми беше одењето кога ги пробав тие со -1) еве почни првиве 6 месеци со -0.5 па после ке видиме како ке се одвива. А со -1 подобро гледав. :unsure:
Јес да е она докторка ама ако е подобро со -1 зошто би носел -0.5 кога би се привикнал за неколку дена со минус кецот?!

Најверојатно да не ти дое нагло -1, па да се изгубиш.

Ако можеш да функционираш и со -0,5, ако не ти фали нешто, терај.
 
The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Најверојатно да не ти дое нагло -1, па да се изгубиш.

Ако можеш да функционираш и со -0,5, ако не ти фали нешто, терај.
E баш ви фала. Ми требаа вакви одговори. :)

Иначе Др.Аган, јас и без очила функционирам, ептен многу не ми смета тоа што со едното не гледам добро ама дур е помал диоптерот да земам очила, покасно може и нагло да се зголеми.

Ениуеј, фала уште еднаш.
 
Член од
22 октомври 2016
Мислења
3
Поени од реакции
0
иначе коа бев во оптиката за стаклата тој оптичарот ми рече за www.ristovski.mk на право место си бил
точно е дека др ристовски темелно и детално ги прегледува пациентите ама од друга страна пласира дезинформации и ја лаже целата македонска јавност дека корегира со ласер астигматизам (цилиндар), бидејќи единствено корегира обична кратковидост (миопија, сфера)[DOUBLEPOST=1477168816][/DOUBLEPOST]
И јас имам лично искуство со др. Златко Арнаудов. Кај него бев на преглед лани во Април. Ај ако сакаш прашај ја пријателка ти колку пари е операција од "перде", (незнам како е стручниот израз).
стручниот израз е катаракта[DOUBLEPOST=1477169030][/DOUBLEPOST]
Ристовски ми е очен лекар 9 години и презадоволен сум од човекот. Крајно коректен и си ја знае работата.
Сеа за операции не знам како е, бидејќи не сум собрал муда да направам, ама скоро сигурно, кога би правел тоа би било кај него.

човекот лаже дека корегира астигматизам (цилиндар), единствено корегира миопија (кратковидост)
 
Последно уредено:

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.748
Поени од реакции
7.563
човекот лаже дека корегира астигматизам (цилиндар), единствено корегира миопија (кратковидост)
Ако цилиндерот е над 4 D не верувам дека некој ќе се нафати да изврши корекција. Башка што има и други фактори што се важни и операцијата не гарантира 100% успех.

Ако ти рекол лекарот дека не си добар кандидат за LASIK, тогаш не си. Секогаш имаш право да побараш друго мислење, има и други лекари кои ја вршат истава процедура.
 
Член од
7 јули 2011
Мислења
133
Поени од реакции
31
decki nekoj znae da pise da spodeli iskustvo so keratokonus i iskustvo so cross linking zafat da kaze sistina ili evropskata (turskata )bolnica ? fala

mn ubavo bi bilo dokolku nekoj bi spodelil iskustvo i bi dal primer i bi prenel se okolu zafatot profesionalnosta i kade e podboro da se napravi operacijata odnosno zafatot :)
 
Последно уредено од модератор:
Член од
4 март 2017
Мислења
58
Поени од реакции
28
Луѓе вака... Изгледа сите тука си имаме мака... Јас носам -2 и не е страшно, има добар офталмолог во Велес д-р. Тоше Јаковлевски човекот е топ... Претходно имав мака со одредување на диоптрија... Поголемиот проблем ми е што син ми се испостави дека има +10. Кога бев у збрка сегде одев и верујте колку лекари толку мислења. Отидов во Офталмус (Белград), кај проф.д-р. Бранислав Станковиќ... Човекот е ЦАР! За секоја посериозна мака топло ви го препорачувам... Сега после 2 години син ми намали на +6. Битно е како ќе ви ја одредат диоптријата оти не е заебанција окото. И уште еден совет, биоенергија... Го носам син ми во Битола кај еден човек Мерсим, откако одиме таму (7месеци), острината на видот се зголеми од 20% на 70%... Со маката нема играчки, во нашава држава нема детски офталмолог. За возрасни се добри турците у ѓорче, веројатно и систина, за деца Белград или Софија
 
Член од
19 август 2014
Мислења
21
Поени од реакции
0
Дали некои знае колку пари е преглед за наочари (за одредување диоптер) каи Роберт Ристовски,и како се врши прегледот дали стандардно со стакленца или се е дигитално?
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Значи и двете се добри, и Систина и Европска очна, ако сакате да идете у европска ијам пријателка работи таму кажете што ве интересира и за каков третман ќе прашам ќе ви пренесам или ќе ве препорачам па таа ќе ви помогне накнадно коа ќе отидете таму, Систина имам искуство лично др. Златко Арнаудов е страшно добар очен доктор, така да што и да одлучите која од овие две нема да погрешите.
---------------
молба..ако ја прочиташ
имам закажано за на 02.10,2017г.во Европската за преглед за женами,која ненадејно скоро го изгуби видот,проблем со очниот притисок и очниот нерв. Може да не препорачаш таму.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom