Очни клиники

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Ова е клиника или маалска амбуланта?
Демек викаат клиника се, ама тро отпојќе наликуваат на селска амбуланта. Многу луѓе се жалат од таму, не би ти препорачала да одиш.
Јас би ти го препорачала Др Арнаудов, исто како Луси_Лу. Има многу искуство и супер работи.
Европската не ја препорачувам од причина што знам за случај кога пациент се има заразено со исклучително опасен очен вирус по преглед во клиниката.
Многу е тешко да се најде добар очен доктор во Скопје во последно време. Уште не можам да прежалам што Др Димитрова отиде во пензија. :(
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
249
Поени од реакции
148
Значи и двете се добри, и Систина и Европска очна, ако сакате да идете у европска ијам пријателка работи таму кажете што ве интересира и за каков третман ќе прашам ќе ви пренесам или ќе ве препорачам па таа ќе ви помогне накнадно коа ќе отидете таму, Систина имам искуство лично др. Златко Арнаудов е страшно добар очен доктор, така да што и да одлучите која од овие две нема да погрешите.

Дали прават ласерска корекција на вид, кој доктор го прави тоа и која е цена
 
C

cige

Гостин
систина офтамологија и european eye hospital имаат склучено договор со фзом само за следниве услуги:

витректомија на заден сегмент
аблација на мрежница
замена на силиконско масло
кератопластика трансплатација и
кератопротеза

сите останати интервенции и консултации се на товар на пациентот, основен консултативен преглед во со е од 850 до 1500 ден. во зависност од тежината прегледот, а во eyh од 800 до 1400 ден. исто во зависност од тежината на прегледот.
Во Систина основен преглед е 750 денари денари.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Во Систина основен преглед е 750 денари денари.
Колку што ми е познато, во другите ординации, а веројатно и во Систина, основен преглед вклучува преглед на очното дно, преглед со машина и одредување на диоптер. Ти треба нешто поспецифично?
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.706
Поени од реакции
19.787
сончко, да прават ласерска корекција на вид, но прво мораш да одиш на преглед да видат во каква состојба ти е видот ако е за тебе, или за тој што треба, амбуланта се наши доктори, оперираат турски специјалисти, умут и хикмет мислам беа, цена ќе ти кажат по направениот преглед и зависност каков третман ти треба. :)
 
C

cige

Гостин
Значи и двете се добри, и Систина и Европска очна, ако сакате да идете у европска ијам пријателка работи таму кажете што ве интересира и за каков третман ќе прашам ќе ви пренесам или ќе ве препорачам па таа ќе ви помогне накнадно коа ќе отидете таму, Систина имам искуство лично др. Златко Арнаудов е страшно добар очен доктор, така да што и да одлучите која од овие две нема да погрешите.
И јас имам лично искуство со др. Златко Арнаудов. Кај него бев на преглед лани во Април. Ај ако сакаш прашај ја пријателка ти колку пари е операција од "перде", (незнам како е стручниот израз).
 
М

Мартин`

Гостин
Во Систина основен преглед е 750 денари денари.
Се чека долго по закажување или брзо е за 2-3 дена ? Да отидам да видам до кај сум стигнат со видов јас.. и да се консултирам со докторот потоа оти во план ми е операција за остранување на диоптерот.
 
C

cige

Гостин
Колку што ми е познато, во другите ординации, а веројатно и во Систина, основен преглед вклучува преглед на очното дно, преглед со машина и одредување на диоптер. Ти треба нешто поспецифично?
Да, значи не се работи за диоптер туку за хирушки третман сакам да се консултирам, поточно за катаракта мислам дека бил зборот за пердето народски кажано.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Да, значи не се работи за диоптер туку за хирушки третман сакам да се консултирам, поточно за катаракта мислам дека бил зборот за пердето народски кажано.
Да, катаракта е, а Арнаудов е најстручен за операција на катаракта во Македонија. Не беше задоволен од прегледот кај него или нешто друго е причината што бараш друг доктор?
 
C

cige

Гостин
Да, катаракта е, а Арнаудов е најстручен за операција на катаракта во Македонија. Не беше задоволен од прегледот кај него или нешто друго е причината што бараш друг доктор?
Се чека долго по закажување или брзо е за 2-3 дена ? Да отидам да видам до кај сум стигнат со видов јас.. и да се консултирам со докторот потоа оти во план ми е операција за остранување на диоптерот.
Јас мислам дека чекав 3-4 дена, не памтам баш. Таа операција имам слушнато дека чинела 1500 евра.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Јас мислам дека чекав 3-4 дена, не памтам баш. Таа операција имам слушнато дека чинела 1500 евра.
Овие цени им се пријавени во Фондот за Здравствено Осигурување, цената за операција на катаракта е на втората страна. Секогаш можеш да се јавиш и да прашаш. Можеби за катаракта би покривал и фондот, но не сум сигурна бидејќи таа операција ја прават и во државна, ама таму ич не би ти препорачала да одиш, повеќе би ти препорачала да собереш пари и да одиш кај Арнаудов.
 
C

cige

Гостин
Да, катаракта е, а Арнаудов е најстручен за операција на катаракта во Македонија. Не беше задоволен од прегледот кај него или нешто друго е причината што бараш друг доктор?
Не дека барам друг лекар, туку сакам малку тука да се консултирам, да видам форумџиите какви искуства имаат.
 
C

cige

Гостин
Операција од катаракта во

Визија 500 евра
Систина 800 евра
Турската 1000 евра
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.753
Поени од реакции
7.571
Го знаете овој? Има некој кај него искуство?

http://www.ristovski.mk/
Ристовски ми е очен лекар 9 години и презадоволен сум од човекот. Крајно коректен и си ја знае работата.
Сеа за операции не знам како е, бидејќи не сум собрал муда да направам, ама скоро сигурно, кога би правел тоа би било кај него.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom