Не, не е битно само да поминеш...барем за мене. Лично не би се чувствувала исто да поминам со 6, и да поминам со 9. Се разбира дека се важни оценките...тоа ти е ко во основно и средно да поминеш со 2 и да поминеш со 5. Исто е? Се разбира дека не. Ок, не мора сите оцени да ми се 10
, ама барем 8-9, па макар и по некоја 7.
АМА, од др. страна гледано...и не е толку важно. Зашто кога ќе видиш дека ти се трудиш и учиш и добиваш 9, да кажеме, а некој што книга не фати иде на испит, му дава пари на професорот и исто добива 9...не е фер
И тогаш и тебе ќе ти помине меракот да учиш и да си трошиш време за толку висока оценка, кога знаеш дека те изедначуваат со некој што ни 5 мин. не ја отворил книгата. Ама тоа е... образовниот систем одсекогаш смрдел во државава...