Па тоа е и во главно проблемот со вас денес. Вие мислите дека ако некоја серија е хајпната по дифолт мора да значи дека е добра. Еве ја за Вејвард бев хајпнат од неколку другарки као демек била многу добра. Свесно не влегов со никакви очеквуања првин ради FOX, второ ради режисерот кој после Шесто Сетило е во слободен пад со кариерата и нема ништо поквалитетно за гледање, се врти у еден ист круг. Гледам и серијава не е ништо посебно со оглед на тоа дека премногу се форсираат некои работи. И ред други работи кои претходно ги пишав.
Конкретно за серијава, ја кажав што ми пречи и зошто не вреди да се гледа, тоа не значи дека сум „најсмешен“.
А те молам за ББ хејт, никако. Како првин тоа е ремек дело за ВП, од режија, сценографија до глума, и у секој аспект е една од најквалитетни серии икад направени. Тоа што некои луѓе си имаат фетиши за мистицизам е друга работа.
Иако беше директно под твој пост, не беше наменето за тебе. Многу често на темава се спомнува тоа, како општа препорака. Поентата е, различно е „не ми фати внимание, решив да не ја гледам“ од „не вреди да се гледа“.
Инаку, чак и Шесто Сетило не ми беше којзнае какво достигнување, иако океј за тој период, ама после истиот кариерата му е хаос. Врв ми беше Devil, што до ден денес мислам дека ми е време кое залудно сум го потрошил.
И покрај тоа, кога почнувам да гледам серија , почнувам како tabula rasa.
Што се однесува до лавиринтот, секоја епизода отвара нови прашања, кои значително се менуваат после 5тата епизода кога уствари се открива генералната вистината. Не е дека е миситцизам for the sake of мистицизам.
Базирано е на книги, трилогија, и станува збор за прича во граници на книгите. Со почеток и со крај, кои ќе биде прикажан на само 10 епизоди.
Не исе, не ти се допаѓа, твоја ствар си е и ја сфаќам. Само генералниот исказ „не вреди да се гледа“ кои се повторува на 200 страни е сувишен, зошто сметам дека "de gustibus non est disputandum" важи еднакво како и за музиката. Иако некои го користат исказот само за да искажат лична преференца, начинот на кој е напишано е причината поради која го искоментирав.
Што се однесува до Брејкинг Бед, одлична глума од страна на Bryan Carnston. И за мене тоа заврши таму. Седнав и ја изгледав цела и пак викам дека не ми беше ништо посебно.
Сувишна ти е споредбата дека е ремек дело за ВП, пак се враќаме на ствар на вкус.