Си знаеш ти
Темава уште не е префрлена во ЧДА?
Не знаев битуш, озбилно не знаев.
Ретко гледам Сител ама кога и да пуштам се спомнува вработување, страв ми беше да излезам до супермаркет случајно да не ме вработи некој,пошо си имав други планови.
Алал нека ви е како си ги правите анализиве. Била невработеноста 38%, сега е 10%. Не е битен факторот кој го предизвикал ова намалување. Ова е како физика да си решаваш задачи под претпоставка дека си во вакум простор, или дискутираш некој економски модел во совршена конкуренција. Една променлива влијае на падот и тоа е нормално вработувањето, нема друго. Иселување, нешо, фиктивни вработувања? Не бе тоа Сорос и Телма ни ги полнат мозоците, некоја пропаганда за странците да ја превземат Македонија, нормално не им замерувам, кој не би сакал да владее со најсилната економија во Европа, кој не би сакал да ужива ваква слобода на медиумите и слобода на критичката мисла,мислам хелоууу. Ама НЕ ЈА ДАВАМЕ! Цела да е, секој да ја знае!