Не видов посебна тема за Британија
http://www.bbc.com/news/election-2015-32633099
Конзервативците направија партал на изборите, надминувајќи ги сите анкети и очекувања, веројатно и нивните. Лабуристите си ебаа мајкта, Шкотска особено здравјето им го зема, цела Шкотка гласа само за една партија, британците сега веќе имаат политички колаж сличен на нашиот, гласање за националности место за партии (како кај на со ДУИ)
Галамџијата голем, Фараж, иако неговата партија има најголем скок од претходните избори и има 3 милиони гласов има само еден МП, а Фараж не е тој, изгледа народниот човек не бил толку народен во родната земја, лесно е да бидеш популист во руски РТ и во ЕУ парламент, не толку пред својот народ.
Либералдемократите се најголеми губитници, изгубија речиси се што имаа од претходните избори, коалицијата и владеењето со конзервативците се покажа како најголема историска грешка во нивното партиско постоење.
И баш го гледам муабетот погоре што сме го имале на темава со Инглориусот, за пропаѓањето на левицата, дури и чудно ми е, во најтешките економски години на Европа после 2 Св.војна, наместо логичниот исход- левицата буквално да доминира во сите земји, имаме нивно маргинализирање на секој чекор, па и таму каде владеат левичари или се нешто сосем ново различно од (грција) или се некаков чуден и одржлив конгломрат од партии кои не носат стабилност (Италија, Хрватска)
Донекаде и логичнен е ваквиот исход кога главни теми во левицата се имигранти, религиозни слободи, хомосексуалци, празни флоскули.