Krisiun - Apocalyptic Revelation
Албумов првпат го слушнав пред два месеца, и буквално се навлеков.
Можам да кажам дека се заљубив во него.
Албум, креиран за приврзаниците на мрачниот дет метал кој како тематика опфаќа анти христијанство, елементи на сатанизам, зло и мрачен окултизам преставен преку техничката перфекција и егзактноста на бендот пред се од инструментален аспект.
Официјално овоа е вториот албум, после Black Force Domain, а тука веќе е очигледен интензивниот напредок и хармонијата на целовкупните елементи.
Макс, свири на електрични тапани, шо донекаде и не ми е прифатливо, иако неговите способности се одлични.
Сепак не негирам дека е маестрално и вака, тука се бласт битовите кои неизбежно соодветстуваат со ваквиот стил.
Мојсес, без никакво размислување би го класифицирал во потесниот круг на најдобри метал гитаристи.
Неговите мрачни, долги и екстремно брзи солажи се комплементарен елемент во инструменталниот дел.
Значи, инструменталниот дел го специфизираат екстремната брзина, техниката, а може да се напомене и дека сето тоа соодвествува со брутален звук, а како главен додаток одличните мрачни и моќни вокали на Алекс.
Кога сме кај албумите, пред откривањето на овој албум, убедливо омилени ми беа, Conquerrors Of Armagedon и Ageless Venomous, ама сега дефинитивно горенаведениот стои на врвот.
Бенд како овој не постои.
Вистинска оригиналност, пример за останатите од сличен жанр, бенд од кој може да се учи.
Кој е заинтересиран нека пише пп, за линк.