Piters
Collector
- Член од
- 19 април 2009
- Мислења
- 455
- Поени од реакции
- 43
Убава тема уште поубава вест, постирана на А1 од Горазд Чомовски
поздрав...
Ајде да ги видам сите форумџии со поморанџести или сини партиски очила, да ја коментираат ова (уште една) ТЕНДЕНЦИОЗНА вест од А1..Нема простор за сомневања дека македонските граѓани од 1. јануари ќе патуваат без визи во земјите членки од ЕУ.
Пораките кои се испраќаат од Брисел се крајно позитивни за земјава и според тие сигнали, шансите процесот за визното олеснување да се пролонгира се минимални или скоро никакви, оценуваат од македонското Министерство за надворешни работи.
Фактот што македонското досие е целосно чисто и нема никакви проблематични точки, говори дека Европската комисија без двоумење треба да донесе одлука за укинување на визите.
Но, и покрај овие еуфорични најави, сепак во Брисел има одредена претпазливост.
Претседателот на Советот за евроинтеграции во разговор за А1 не се сомнева во сработено на Владата околу поглавјата коишто се важни за Европската комисија да донесе позитивна одлука.
Но, предупредува дека со самото тоа што има одредено противење кај неколку влијателни европски држави, треба да се биде крајно претпазлив
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=109549
поздрав...