Од крстосница на Балканот, станавме дупка на патот

Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.206
Поени од реакции
5.137
За автопатите во Албанија и Косово секоја чест на тие земји,ама тие немаат никаква економска логика туку политичка.Двете земји се на периферија на Балканот и немаат меѓународни коридори кои поминуваат низ нив.Албанија веќе се приближува до 60 % долг од БДП.
А ние.Е за нас, се е кажано во насловот на темава.Да немаш железница/автопат кон Бугарија која е членка на ЕУ и НАТО,е многу заостаната работа.Исто и кон Албанија.Јас разбирам пред 20 + г. зошто не се нвестирало во инфраструктура кон тие земји,ама сега работите се драстично сменети.
Албанија веќе има 61% долг , но ако следиш колку се инвестира во инфраструктура , ќе ти стане јасно и зошто е овој долг.

Новиот автопат меѓу Косово и Албанија го зголеми бројот на патници помеѓу овие две држави , како и трговијата.
Гледаш каков пат бил порано тој во Албанија , со 50км/ч возење (и селските патишта се подобри) , чести трагедии , автобуси паѓаа во провалии , сега со 120км/ч дозволена брзина (на Косово 130км/ч).
А сеуште нема ни патарини , без никаков надоместок се употребуваат автопатиштата.

Според мене , ова е доволно , има голем број на возила , побрзо се вози , се потикнува развојот , Косово доби брз пристап до пристаништето.

300 милиони евра во автопат имаат поголема економска логика него 300 милиони во споменици.

Министерот за транспорт на Србија Мркоњич пред некој ден рече дека и Милошевиќ имал идеја да има автопатско поврзуванје на Ниш со Косово , а со тоа на Романија со Албанија.

А сега и од ЕУ изјавија дека ќе финансираат автопатско поврзуванје на Србија и Косово ( со тоа и со Албанија и Црна Гора)
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Аман бре Бугар.Мислев на наплаќање пари од патарини.Мал проток на возила има.
Колку коли ќе поминуваат на автопатот Приштина-Тирана,за разлика од македонскиот автопат Табановце-Богородица??Едно 5 пати помалку сигурно.
Преку милијарда евра да вложиш за поврзување со Косово.Економска логика нула.Чиста политика.
Автопатите не се градат зарад патарини бе алооо. Во некои држави патарини не постоjaт.
И што ако не поминуват толкова автомобили колкото по Табановце - Богородица? Тоа го прави проектот неефективен? Тоа го прави неизплатлив?
Економската логике е многу голема - пристаништата на Албаниja са влезен и излезен пункт за Косово, во таа смисла Касово не е зависна от никоj сосед друг.
Косово нема излаз на море, па си осигури со изградуване на автопати.
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.132

Економската логика е десет пати помала од политичката.Да вложам над милијарда евра во автопат кон една земја за сметка на долг од 61 % од БДП и зголемување на даноците(ММФ ова го побара од Албанија).
--- надополнето: 17 јануари 2013 во 14:42 ---
300 милиони евра во автопат имаат поголема економска логика него 300 милиони во споменици.
Со ова се слагам целосно.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.206
Поени од реакции
5.137
Дарди преку Косово живо пиле не поминува, слабо реалност, само пуста желба. Низ Косово апсолутно нема никаков транзит поради непризнаеност во организациите, немање закони, мито и корупција, криминал во северните делови и посебни закони за Србите на кои им бараат 200 евра осигурање :pos:а не им текнало кој губи и дека Драч треба да им е предност.
Во слепото црево Косово идат само оние со крајна дестинација Косово, ни денар од транзит немаат.
За Црна Гора ти од кај идеш ? Тие од Санџак во Скопје од кај идат ?

Ако се поврзе Ниш со Косово преку автопат (не знам каков е сега патот натаму) , тогаш и пристаништето во Драч ќе добие поголема важност.

Еве како би изгледал тој пат.

Ние за разлика од нив имаме кратери на пат, како на рели трка да си кога возиш за Скопје, незнаеш која ќе ја погодиш, која ќе ја промашиш. Само туку крпат, они се отвараат.
Коридор 8 поминува низ нашата држава , треба да се поврзуваат две пристаништа , а сепак вчера или завчера имаше одрон кај Кичево-Охрид , а денеска заради снег забрана за товарни возила.
Цела зима неизвесност , забрана за тешки товарни возила или пак 40км/ч.

Коридор со 2-3 ленти за сообраќај (а кога врне снег уште повеќе се стеснува патот).

1/3 од сите туристи претстојуваат во Југозапад (Охридско езеро).
55% од сите ноќевања се во Охридско Езеро.

А како е поврзан Охрид со останатиот дел од државата , знаеш и ти.
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.132
Железница до Охрид нема,а патниот сообраќај е катастрофа.Единствена позитивна точка е што има аеродром,кој еве последниве години почна се повеќе да се користи во туристички цели.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
За автопатите во Албанија и Косово секоја чест на тие земји,ама тие немаат никаква економска логика туку политичка.Двете земји се на периферија на Балканот и немаат меѓународни коридори кои поминуваат низ нив.Албанија веќе се приближува до 60 % долг од БДП.
А ние.Е за нас, се е кажано во насловот на темава.Да немаш железница/автопат кон Бугарија која е членка на ЕУ и НАТО,е многу заостаната работа.Исто и кон Албанија.Јас разбирам пред 20 + г. зошто не се нвестирало во инфраструктура кон тие земји,ама сега работите се драстично сменети.

Економската логика е десет пати помала од политичката.Да вложам над милијарда евра во автопат кон една земја за сметка на долг од 61 % од БДП и зголемување на даноците(ММФ ова го побара од Албанија).
--- надополнето: 17 јануари 2013 во 14:42 ---
Со ова се слагам целосно.
Вртиш се от лево, па на десно.Прво немаше икономска логика,сега е помала за 10 пати, утре за 5?
Економската логика е едноставна - треба увоз, Србиja блокира граничните премини, мора тоа население да се храни, да има роба, да има нафта и така натаму...
Природно на Косово му е близко jaдранското море, да не зборуваме дека тамо е Албаниja и нема луди,кои да помислат дека Албаниja ке им забрани да користат пристаништата.Друг избор им е Црна Гора, а таа знаеме ком каде е наклонена и нема да им даде пристаништа.
Долгот на Албаниja не може за един автопат да е 60%. Тоа си е работа во континуитет и тоа е работа на албанската влада да прецени до колко може да се задолжува. Па и 60% е задолжена Србиja,но продолжува да зема заеми и да гради, каде железница,каде автопат. Последен пример ти е 800 милиона $ от Русиja за србските железници.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
За Црна Гора ти од кај идеш ? Тие од Санџак во Скопје од кај идат ?

Ако се поврзе Ниш со Косово преку автопат (не знам каков е сега патот натаму) , тогаш и пристаништето во Драч ќе добие поголема важност.

Еве како би изгледал тој пат.

Коридор 8 поминува низ нашата држава , треба да се поврзуваат две пристаништа , а сепак вчера или завчера имаше одрон кај Кичево-Охрид , а денеска заради снег забрана за товарни возила.
Цела зима неизвесност , забрана за тешки товарни возила или пак 40км/ч.

Коридор со 2-3 ленти за сообраќај (а кога врне снег уште повеќе се стеснува патот).

1/3 од сите туристи претстојуваат во Југозапад (Охридско езеро).
55% од сите ноќевања се во Охридско Езеро.

А како е поврзан Охрид со останатиот дел од државата , знаеш и ти.
За Црна Гора сите вклучувајќи ме и мене како приватно лице идеме преку Албанија, не преку Косово. Тебе така те лажат дека преку Косово се иде за Црна Гора?
Ни еден апсолутно ни еден товарен транспорт од било која Балканска земја не иде транзит преку Косово.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.206
Поени од реакции
5.137
Вртиш се от лево, па на десно.Прво немаше икономска логика,сега е помала за 10 пати, утре за 5?
Економската логика е едноставна - треба увоз, Србиja блокира граничните премини, мора тоа население да се храни, да има роба, да има нафта и така натаму...
Природно на Косово му е близко jaдранското море, да не зборуваме дека тамо е Албаниja и нема луди,кои да помислат дека Албаниja ке им забрани да користат пристаништата.Друг избор им е Црна Гора, а таа знаеме ком каде е наклонена и нема да им даде пристаништа.
Долгот на Албаниja не може за един автопат да е 60%. Тоа си е работа во континуитет и тоа е работа на албанската влада да прецени до колко може да се задолжува. Па и 60% е задолжена Србиja,но продолжува да зема заеми и да гради, каде железница,каде автопат. Последен пример ти е 800 милиона $ от Русиja за србските железници.
Косово има добри односи со Црна Гора, без разлика што таму има и српско малцинство.

Пристаништето во Бар им е подалеку и преку лоши патишта во тешкиот терен во Црна Гора.

А од Приштина во Драч си за 2 и пол часа.

Драч во 1993 имал 774.000 тона товарување и истоварување , а во 2011та: 3.475.000 тона.

1994: 383.003 патници ги употребиле албанските пристаништа
2010: 1.119.803 патници
--- надополнето: 17 јануари 2013 во 19:55 ---
За Црна Гора сите вклучувајќи ме и мене како приватно лице идеме преку Албанија, не преку Косово. Тебе така те лажат дека преку Косово се иде за Црна Гора?
Ни еден апсолутно ни еден товарен транспорт од било која Балканска земја не иде транзит преку Косово.
Јас знам дека се иде преку Косово , за камионџии и вклучувајќи те тебе не знам

Превоз Црна Гора
Од Скопје тргнува во 21.00 часот од Автобуска станица секоја парен ден.
Се патува преку Косово, на граничен премин Кула, Рожај, Беране, Колашин,Подгорица, Будва, Петровац, Бар, Суто Море и Улцињ како последна станица.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Јас знам дека ти си најпаметен на мајка и тебе никој не те убедил во спротивното. Ете и во транспорт повеќе се разбираш од мене, Косово транзит зона.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.206
Поени од реакции
5.137
Јас знам дека ти си најпаметен на мајка и тебе никој не те убедил во спротивното. Ете и во транспорт повеќе се разбираш од мене, Косово транзит зона.
Можда камионите не минуваат низ Косово , но знам луѓе кои оделе преку Косово , еве и Хисар има автобуска линија за Црна Гора преку Косово.
А знам и луѓе кои во Драч отишле преку Косово, доволно да се спасиш од нашата Стража.

Иначе уште едно 5 месеца ќе заврши автопатот Елбасан-Тирана , со тоа патот за Црна Гора ќе ви се скрати уште повеќе , кога веќе одите преку Албанија.

Но кога ќе почнеме ние да ги средиме патиштата , тоа е прашањето.
Од Гостивар до Ќафасан би имало 100км автопат , а пошто е лош терен , тоа би не коштало 1 милјарда евра. (најмалку , којзнае колку тунели и мостови треба)

Уште 60км кон Куманово-Крива Паланка , тоа би било 500 милиони евра.

А за 28км кај Демир Капија-Смоквица ќе треба да чекаме до 2016-та за да се изгради, важно лопатите се фрлани.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.206
Поени од реакции
5.137
Ај преку бројки да видиме до кај сме со транспортната мрежа, од 2003-та до 2011-та.

Железнички транспорт

Должина на пругите во километри
2000: 697 км
2003: 696
2004: 696
2005:696
2011: 696

Број на локомотиви
2003: 57
2004: 57
2005: 56
2009: 53
2010: 55
2011: 53

Патишта

Вкупно патишта во км
2003: 13.040
2004: 13.124
2005: 13.278
2006: 13.736
2007: 13.840
2008: 13.922
2009: 13.940
2010: 13.934
2011: 13.983

Од кои , магистрални патишта во км:
2003: 957
2004: 906
2005: 906
2006: 911
...
2011: 911

Регионални патишта во км
2003: 3.677
2004: 3.801
2005: 3.806
2006: 3.830
2007: 3.774
2008: 3.771
2009: 3.771
2010: 3.771
2011: 3.772

Локални патишта во км
2003: 8.406
2004: 8.417
2005: 8.566
2006: 8.995
2007: 9.155
2008: 9.240
2009: 9.258
2010: 9.252
2011: 9.300

Автопатишта во км
2003: 208
2004: 196
2005: 216
2006: 216
2007: 221
2008: 237
2009: 251
2010: 251
2011: 259

Во 2011-та , од вкупно 13.983 км патишта , 4.041 км биле земјани и непросечени патишта , 790км макадам патишта.

Во 2003-та , од вкупно 13.040 км патишта , 4.403 км биле земјани , а 806км макадам.

Мостови (број)
2003: 1.512
2004: 1.561
2005: 1.556
2006: 1.578
2007: 1.571
2008: 1.571
2009: 1.545
2010: 1.566
2011: 1.591

Регистрирани патнички автомобили
2003: 299.809
2004: 249.403
2005: 253.234
2006: 242.287
2007: 268.616
2008: 263.112
2009: 282.196
2010: 310.231
2011: 313.080

56,5% од патничките автомобили регистрирани во 201-та во Македонија се произведени до 1998-ма (што значи дека се постари од 23 години)

Податоците се преземени од ДЗС.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.206
Поени од реакции
5.137
Црна Гора во 2013-та можно е да започне со изградба на најскапиот автопат

Во втората половина од 2013 може да се започне со изградба на автопатот Бар-Болјаре ( граница со Србија).

Овој автопат ќе биде дел од коридорот 11 кој ги поврзува Темишвар-Београд-Бар-Бари

http://www.capital.ba/autoput-bar-boljare-tokom-2013/

Поради тешкиот терен , ќе има десетина мостови и тунели.
Се работи за околу 170км автопат , а цената се движи околу 2,7 милјарди евра.

Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.206
Поени од реакции
5.137
Што се случува во нашите крстосници

Камионите не смеат преку Стража, Буково, Ѓавато

Од пред еден час забрането е движење на камиони преку планинскиот превој Стража, информира АМСМ.
Со тоа, на вкупно четири патни правци во моментов е забрането да се движат товарни возила. Утринава беше изречена забрана за патот Маврово-Дебар, за патот кај Буково, како и за патот Ресен - Битола, односно на планинскиот превој Ѓавато.
Од утринава врне снег Попова Шапка, Маврово, Прилеп, Охрид, Струга, Ресен, Крушево, Стража, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.

http://plusinfo.mk/vest/77547/Kamionite-ne-smeat-preku-Strazha-Bukovo-Gjavato
 
Kajgana Shop

На врв Bottom