Гледав еден филм, но не е важна содржината туку идејата за темава.
Претпоставка сте во автобус/воз и тргнува, но кога доаѓа кондуктерот вие сакате да извадите пари од паричникот за да платите карта, но сфаќате дека сте го заборавиле дома. Се обидувате на кондуктерот да му објасните дека случајно сте го заборавиле, па дека ќе му дадете пари наредниот ден, но тој инсистира да се снајдете со пари или ви дава опција да застане автобусот/возот и вие да слезете кај што сте моментално. А вие брзате да стигнете таму кај што сте тргнале и не може да се одложи патувањето за утре.
Во автобусот/возот сте вие и:
1. некој/а другар/ка со кој/а сте смртно искарани и не сакате со очи да се видите
2. некој човек кој воопшто на прв поглед не изгледа дека би имал пари да ви даде
3. дечко/девојка со кој/а сте биле во врска, но партали летале кога сте раскинувале и не би сакале да почнете муабет
Значи, не доаѓа предвид застанување и слегување на местото, туку приморани сте да побарате на заем пари. На кого би му се обратиле? Најнепријатно од кого би ви било да побарате? Како би се обратиле?
Како би реагирале? Би кренале паника?
Едитирано од модератор: Бидејќи се појавија многу слични теми, сите ги споив во една. Одговарајте на прашањата на Fortune, но и општо изразете го својот став во врска со позајмувањето.