Од град во село, ќе успее ли ова?

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
чекај малку, јас колку што сум забележал има еден куп негативни коментари зошто многу млади луѓе од селата се доселувале во СК, зарем ти мислиш дека за тие млади не важи тоа што си го пишал, или некој имаат поголема вредност и преднсот само поради тоа што старите на пример на АНЧО порано се доселиле него старите на Дончо, кој е тука критериумот ?[DOUBLEPOST=1461923173][/DOUBLEPOST]
па не дека не се сложувам со тебе, ама како првична идеја самиов проект е ок, може да се надогради со пример твоите предлози за да биде поусовршен и успешен самиот проект.
Не викам ниту јас дека проектот нечини туку дека треба многу работи да се погодени за да ова успее. што дека ќе му дадеш на некого пари и земја ако нема со што да ја обработива, или ако нема објекти веќе постоечки. Градба на куќа кошта исто во град или село за материјалите. Ете со 6000 евра колку цигли и се останато ќе земиш знаеш? За две соби по 10 м2, е за толку јас да ти кажам... значи ако немаш ништо никаде ова е пропадната инвестиција од старт... да точно ова се добри пари за некој кој само адресата му била во град но си имал нешто во село и сега само ќе обнови малку и ќе смени адреса на живеење. Проектов нема да помогне некој кој нема ништо никаде да стани селанец...
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Подобро би било обуки за пермакултура (одгледување на храна во град) отколку некој си миграциски процес напред назад рикверц лер...

Така покрај работата плус ќе биде и храната која што сами си ја одгледуваат и која зазема голем дел од семејниот буџет доколку се купува.

Видео од сред Лос Ангелос и дворче со пермакултура.

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.927
Поени од реакции
7.863
Не викам ниту јас дека проектот нечини туку дека треба многу работи да се погодени за да ова успее. што дека ќе му дадеш на некого пари и земја ако нема со што да ја обработива, или ако нема објекти веќе постоечки. Градба на куќа кошта исто во град или село за материјалите. Ете со 6000 евра колку цигли и се останато ќе земиш знаеш? За две соби по 10 м2, е за толку јас да ти кажам... значи ако немаш ништо никаде ова е пропадната инвестиција од старт... да точно ова се добри пари за некој кој само адресата му била во град но си имал нешто во село и сега само ќе обнови малку и ќе смени адреса на живеење. Проектов нема да помогне некој кој нема ништо никаде да стани селанец...
лично мислам дека вакви се 80% во МКД,
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
лично мислам дека вакви се 80% во МКД,
Aма колку од нив немаат ништо значајно во град за да се вратат во село а таму има „што да ги пречека“? Да има многу такви но дали би оставиле се и би се вратиле во село ако знаат дека таму нема доктори, нема училишта, нема канализации, нема редовен превоз.... веќе длабоко сме навлезени во 21век. Имањето струја, вода, достапност на мобилен е далеку надмината потреба, сега се бараат и други работи...
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.094
Поени од реакции
15.955
Да беше Груевски малку понапред во сфаќањата и да имаше вистински визионерски светоглед покрај меркава ќе се заложеше да им се овозможи на селаните да садат и да одгледуваат насади со марихуана и афион чиј откуп на пазарот е повеќе од загарантиран, пред се од страна на фармацевтската индустрија. Покрај тоа, може да се легализира ограничена употреба на канабисот и да се отворат селски кофишопови во комбиниран стил кои ќе промовираат селски туризам, а од оданочените пари да почне да се вложува во селската инфраструктура која сега е крајно запоставена.

Така, можеби, кога веќе се работи за приходи кои би се броеле во илјадници евра од една берба луѓето би размислувале во насока да се вратат во селата. Вака никој не е будала да продаде нива за да купи работно место во Скопје и после тоа пак да се врати на село со кравите, овците и кокошките.
 
Не мора од овие „нелегални“ работи. Дозволи легално садење на крупнолистен тутун и легален откуп и ќе видиш како 99% од сите во Пелагонија ќе се вратат кој тутунот. Не ова црно ориентално ѓубре што треба да му се поклонуваш во 3 сабајле 100+ денови во годината....
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.823
Ќе ти дат 6000 евра да кренеш куќа, 15000 месецо за годинаипол и 3 хектари. А ти израчунај колку треба да кренеш или реновираш куќа, да засадиш земја набавиш стока и се шо треба за неа набавиш ѓубрива, пестициди, и некое тракторче.
Како што реков, оваа ветување нема логика и нема никогаш да се постигне главната цел, а тоа е да се вратат луѓе по селата.

Каде ќе успее проектот?

Ќе дојде некој од Крива Паланка и ќе рече дека ќе стане селанец, ама селанец во Бардовци, селанец во Сопиште, во Инџиково, во Горно Нерези, Визбегово.
Ќе си земе 6000 евра и ќе му се оствари сонот, да живее во село, ама во Скопско село, кое се наоѓа од центарот поблиску него Ѓорче.

Некој од Демир Хисар ќе изгради куќа во село Горно Оризари што е предградие на Битола.

Некој од Кичево ќе изгради куќа во село Мала Речица тетовско, а ни самите тетовчани не ја знаат границата помеѓу село Мала Речица и Тетово, пошто тие се споени.

Дека ќе се врати некој во Мариово, Дебарца и Ранковце, тоа само во други времиња. Може некој да се врати пред пензионирање, но што од тоа?

Сите досегашни проекти јас ги гледам само како купување социјален мир, ниеден не ја постигнува наводната цел заради која се започнати.

Има села кои имаат над 2000 жители, а сеуште вода пијат од бунари.

Има луѓе кои веќе имаат куќи по селата, имаат земјиште итн... ги оставаат нив, и слегуваат по градовите, тоа покажува дека не е само куќата, туку треба и други услови да се обезбедат, елементарни услови немаат.

И во време кога пишуваме, веќе се прават подготовки за барокизирање на нови згради низ Скопје, а со тие пари можело да се направи некој водовод по селата.
Затоа велам дека овие не се искрени со народот.
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Aма колку од нив немаат ништо значајно во град за да се вратат во село а таму има „што да ги пречека“? Да има многу такви но дали би оставиле се и би се вратиле во село ако знаат дека таму нема доктори, нема училишта, нема канализации, нема редовен превоз.... веќе длабоко сме навлезени во 21век. Имањето струја, вода, достапност на мобилен е далеку надмината потреба, сега се бараат и други работи...
векот нема врска со земјоделија, германија е преполна со села и населби кои живеат од фармерство, али таму се сите поврзани со асфалт кој прооден и лето и зиме, достапни им се и школи и доктори и продавници и шо е најважно има пазар за производите, откупуваат, преработуваат пласираат, овде треба родот да си го товариш на приколка и секој ден да одиш на пазар да продаваш кило по кило и навечер да се враќаш со ситниш в џеп и пола приколка непродадени и свенати производи.
Треба основ за земјоделие, стратегија, цел, треба откупни станици и треба погони за преработка.
Не треба земјоделецо да се пули в небо и пали свеќа пред икона за добра сезона или да нема поплави или да нема суша, треба канали треба иригации треба системи до секоја нива вода да има или одвод за вишок, треба патишта испресецани низ македонија до секое село.... не треба да се мисли дали ќе продаде нешто годинава или ќе фрла производи, треба да има сигурен пласман.
Не требаше Скопје 2014, требаше да се направи Македонија рај за земјоделие и сточарсттво и со кусурот уше 2 хидроцентрали.
Вака ќе јадеме стиропори и продаваме бронза и ламарина на старо
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.618
Поени од реакции
10.876
Битно експертите го одобрија проектов (читај експерти со второ одд) и после 5ти јуни и бркањето на Murica од државава ќе станеме најголемата селска скупштина у свет на чело мајка Русја и Ќина кои ќе ни увезуваат кинески семиња за расплод, ЗАЕДНО сплотени амин (од старомакедонскиот аминта).
Ќе извезуваме пиперки и патлиџани, док поради дефицит на гмо храна ќе мораме да почнеме поново да увезуме од ЕУ преку Бразил, товени пилиња и потполошки со стероиди. Грујо Чаплин со армијата неписмени ќе владеат уште 2 години кога че се појават вазалите од Швицарска да си го соберат тоа што им го ветиле овие 2 реда муабет што не знаат да сврзат а им се смеат нив дека биле неписмени. А уствари ова е стар проект на Џемо Хаса кој сакал да направи една мега Бавча на овие 20 и кусур иљади км на квадрат простор, ама удбашите спонзорирани од тогаш младиот Сорош го неутрализирале. Па овие класика му го собрале, наоѓајќи го во архивите на еден бункер во кој наводно другиве чувале брашно за зелник. Така Јане, гоце, питу, мирко нема да се превртуваат во гробовите и сите заедно ќе владееме со светот кој ни го остави Алекс Лутор трети од долна Белица. И ќе го направиме светот нива на која ќе посадиме печурки со жолти лавчиња. Нуклеарка е малце за овде.
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
векот нема врска со земјоделија, германија е преполна со села и населби кои живеат од фармерство, али таму се сите поврзани со асфалт кој прооден и лето и зиме, достапни им се и школи и доктори и продавници и шо е најважно има пазар за производите, откупуваат, преработуваат пласираат, овде треба родот да си го товариш на приколка и секој ден да одиш на пазар да продаваш кило по кило и навечер да се враќаш со ситниш в џеп и пола приколка непродадени и свенати производи.
Треба основ за земјоделие, стратегија, цел, треба откупни станици и треба погони за преработка.
Не треба земјоделецо да се пули в небо и пали свеќа пред икона за добра сезона или да нема поплави или да нема суша, треба канали треба иригации треба системи до секоја нива вода да има или одвод за вишок, треба патишта испресецани низ македонија до секое село.... не треба да се мисли дали ќе продаде нешто годинава или ќе фрла производи, треба да има сигурен пласман.
Не требаше Скопје 2014, требаше да се направи Македонија рај за земјоделие и сточарсттво и со кусурот уше 2 хидроцентрали.
Вака ќе јадеме стиропори и продаваме бронза и ламарина на старо
Тоа и јас викам, „некои“ мислат дека селата се суперишка ако имаат струја и вода. Целта ми беше дека треба уште многу лебови да изедеме за да селата бидат вистински села во ова време за да со вакви проекти некој сака да се врати таму.
Уствари лебовите беа измесени и испечени ама други ги лапна (читај украде) и сега пак си останавме со прстот вуста... Како што викаш и ти, во ск14 има вложено пари за да имаме автопати со 4 ленти до најзабаталените планински села... Миле ми текна го имам слушано за патот ск-порече вика дека не бил исплатлив и коштал многу затоа не се правел ама тоа коштање многу е колку еден лав во ск14 па сега види им го умот...
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Како што реков, оваа ветување нема логика и нема никогаш да се постигне главната цел, а тоа е да се вратат луѓе по селата.

Каде ќе успее проектот?
Едно од полињата кад би можело ова да успее е да се оди со фамилија в село кое не е далеку од град и каде веќе имаш нешо од татко или дедо, да го реновираш и суредиш и да си живееш таму.
Значи не да си земјоделец како производител туку сам за себе и свои потреби.
За 4 ќлено семејство, компир пченка праз кромид лук пиперка домат краставици... толку колку ти се потребите и минимално за продажба колку да си земеш работи кои не ги произведуваш (шеќер сол брашно кафе), неколку кокошки можеби прасиња или една крава. ќе си посадиш некоја овошка, некоја лозница да имаш за мармалад вино ракија...
Во годината да извадиш 100 кила компири ти се доста, по 50-100 кила од производи ти се сосем доволно, и за тоа не ти треба некакви механизации или издатоци али си бара секојдневна работа на цела фамилија, од кравата теле да добиеш или прасиња да одгледаш по 3-4 тук таму да продаиш, јајца селски домашни на пазар, сирење, путер повремено да си најдеш стални муштерии од град кои ќе ти земаат јајца месо млеко сирење и ќе туркаш полека, али иднина нема да имаш, таков живот ќе ти наследат и децата.
Некој стар хипик или некој кој веќе нема никакви изгледи в град а има се уште физичка сила можеби и би се нафатил на ваков чекор али не е то од некој ентузијазам или бизнис туку да не умриш од глад или не чекаш социјално.
 
VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
чекај малку, јас колку што сум забележал има еден куп негативни коментари зошто многу млади луѓе од селата се доселувале во СК, зарем ти мислиш дека за тие млади не важи тоа што си го пишал, или некој имаат поголема вредност и преднсот само поради тоа што старите на пример на АНЧО порано се доселиле него старите на Дончо, кој е тука критериумот ?[DOUBLEPOST=1461923173][/DOUBLEPOST]
па не дека не се сложувам со тебе, ама како првична идеја самиов проект е ок, може да се надогради со пример твоите предлози за да биде поусовршен и успешен самиот проект.
Мала ретроспектива
Откако ВМРО е на власт, средното образование стана задолжително.
Се намали партиципацијата на факултет, се прошири државната квота и едно, да не претерам, 80% од матурантите се запишаа на факултет.
Како највреднуван универзитет општо во Македонија ни е УКИМ.
Некои имаат и дисперзирани, ама настава јок што значи повеќето студенти студираат надвор од својот град или село, инвестираат во себе, се надоградуваат и наместо да се унапредат, да им се овозможи соодветна практична настава (не од типот "ај купи ми бурек"), тој ти вика практично, ај заврши факултет и оди на село да живееш и овци да пасиш.
Кој млади ги очекува да бидат засегнати од проектов, кога сега наеднаш не знае со толку дипломирани што да прави.
И при шанса да си замини надвор од државава, тој ќе го гледа проектот од 6000 евра на Грујо и ќе се пресели на село.

Како што кажаа погоре, проектов ќе се искористи за сите што ќе успеат да најдат дупки во истиот и си направат викендичка.
А, дека некој со завршен, пример земам, правен факултет се врати во село и да молзи крави мало морген.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.823
Тоа и јас викам, „некои“ мислат дека селата се суперишка ако имаат струја и вода. Целта ми беше дека треба уште многу лебови да изедеме за да селата бидат вистински села во ова време за да со вакви проекти некој сака да се врати таму.
Уствари лебовите беа измесени и испечени ама други ги лапна (читај украде) и сега пак си останавме со прстот вуста... Како што викаш и ти, во ск14 има вложено пари за да имаме автопати со 4 ленти до најзабаталените планински села... Миле ми текна го имам слушано за патот ск-порече вика дека не бил исплатлив и коштал многу затоа не се правел ама тоа коштање многу е колку еден лав во ск14 па сега види им го умот...
За овој пат зборуваш? 2 милиони евра не ги дале за да го скратат патот од стотина километри на 58км?
А даваат 1,7 милиони евра за 4 згради да се барокизираат?
Лудаци, немаме за леб а тие трошат на чоколади.

http://vecer.mk/makedonija/kje-se-gradi-patot-od-skopje-do-poreche
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Prvo neka si gi vratat nazat iljadnicite vmrovski partiski preplateni javnoadministrativni gazolizaci od provincija nazad od kade sto dosle.
Ova ke bide plodno tlo za manipulacii, pak ke si sedat vo skopje i ke lapaat subvencii i ke dobijat vikendicka bespari.
Neka prestanat so vrabotuvanje vo javen sektor i na veke nabutanite neka im gi namalat platite za upola uste odma site ke si se vratat sami nazad bez ovakvi ultra glupavi izjavi na raznorazni idioti.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom