Од град во село, ќе успее ли ова?

Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Цела администрација ја концентрираа во Скопје, сега сакаат тие џабелебароши да ги вратат на село и да работат на нива? Слободно пиши пропало.
И јас така мислам....нема шанса тоа:)
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
konecno,nesto za narodot,nesto za drzavata,nesto pametno,nesto logicno.
http://kurir.mk/makedonija/vesti/nov-mega-proekt-na-gruevski-od-grad-vo-selo-za-nov-pochetok-preku-paket-na-povolnosti-i-benefitsii/
--------------
ke uspee li ova,sto mislite
kolku sto procitav razbrav,vazi za lica do 45 godini,prednost povekedetni semejstva (taka nesto pocuv)
i mnogu beneficii za pocetok,dodeluvanje zemja,pari i drugo.
анчо, за народ се алкохол и жени а не аргатување по пустелии
Вака ко ќе замисли чоек убо изгледа, мало куќарче, наоколу твоја земја полна со родно класје и бавчи со расцутени овошки, седиш под орев, мезиш домашно сиренце и домати и пиперки од бавчата зад куќа, пијуцкаш домашна ракија, жуборка поточе во близина, а во претсобјето урамена слика од премијеро а наоколу весело се играат децата додека од џамот иди миризба на запечено турлитавче в шпоре на дрва и се слуша подпевнување на домаќинката в кујна...
али реално, кој бе ќе појде и овие шо се веќе на село и работаат земјоделие одвај врзваат крај со крај, ни откупи има ни преработки има и то шо се навикнати на работа од 6 сабајле па дур се стемне и на +40 и по дожд и по снег
Денешните “граѓани“ не может ни да си најдат запуштената куќа на дедоим в село од кај дојдоа а камоли да работаат земја и чуваат добиток. Не функционираат без 3 нескафиња од сабајле кое им почнува во 10, и се шо е подалеку од 250 метри им е ризик за кардиовскуларен систем.
Село е работа 24/7 365 дена во годината, немаш таму годишен одмор боледување празници и работно време 9-16.
Ќе ти дат 6000 евра да кренеш куќа, 15000 месецо за годинаипол и 3 хектари. А ти израчунај колку треба да кренеш или реновираш куќа, да засадиш земја набавиш стока и се шо треба за неа набавиш ѓубрива, пестициди, и некое тракторче.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.927
Поени од реакции
7.863
Цела администрација ја концентрираа во Скопје, сега сакаат тие џабелебароши да ги вратат на село и да работат на нива? Слободно пиши пропало.
јас колку што разбрав не станува збор за административците ( мада и тоа не лоша идеја), овде станува збор за невработените, што ќе им фали, куќа, плата 15000 денари и плус други бонуси, па ни Норвешка не дава вакви услови.[DOUBLEPOST=1461919328][/DOUBLEPOST]
А сега е велеград а!
па според пишувањава на селаниве од главното село во МКД, добивам впечаток дека се работи за велеград.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.071
Поени од реакции
11.435
јас колку што разбрав не станува збор за административците ( мада и тоа не лоша идеја), овде станува збор за невработените, што ќе им фали, куќа, плата 15000 денари и плус други бонуси, па ни Норвешка не дава вакви услови.
Првично разбрав дека ќе важи за сите, па нели е противуставно и нееднаквост на граѓаните да им се дава ваква можност само на невработените, зарем и административците и пензионерите не се граѓани на оваа држава?
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.927
Поени од реакции
7.863
Првично разбрав дека ќе важи за сите, па нели е противуставно и нееднаквост на граѓаните да им се дава ваква можност само на невработените, зарем и административците и пензионерите не се граѓани на оваа држава?
потполно се сложувам, ова малку делува некој вид дискриминација, јас лично имам некој забелешки на предложеново, ама со некој убацени амандмани, може да се среди и тој проблем.
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
јас колку што разбрав не станува збор за административците ( мада и тоа не лоша идеја), овде станува збор за невработените, што ќе им фали, куќа, плата 15000 денари и плус други бонуси, па ни Норвешка не дава вакви услови.[DOUBLEPOST=1461919328][/DOUBLEPOST]

па според пишувањава на селаниве од главното село во МКД, добивам впечаток дека се работи за велеград.
Една добра крава е 1000+ евра, со една ништо не правиш ти требаат бар 3 за во секое време да имаш две стелни една со теле и да мозлзиш. Ова ако работа ти биде фармерство, за храна и да не зборувам...
Ако се одлучиш за семјоделие ти треба трактор. Најочајниот потребен за тие 3 хектари ти е со мерка 50/50 5000+ евра твое учество, ами нафта, семе , ѓубриво вреќа е 1500 денари...

Пари во земјоделие има ама ако имаш се „татковина/дедовина“ а не ти да купуваш се од ново... едни плугови фалш се 1000 евра а да не зборуваме за квалитетни кои ќе издржат со години а не по две сезони да ги менуваш и тоа само твоите 3 хектари ако ги ораш...
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Замислата е ај вие таму у село, без пат, вода или струја, само да не протестирате.
Комунистите од сељаци направија граѓани, ДПМНЕ од граѓани ќе направи сељаци. Па нас еден снег од 50 см ни ја блокира државата, ама барем во градот имаш колку толку за јадење. Во некоја пустелија, каде можеш само со коњ да одиш снег во ноември и после тоа април.
Не може да успее, бидејќи нема инфраструктура, да можеше да успее вакво нешто, прво немаше толку згради во центар на Скопје да се градат ќе беа градени во приградските населби и за 30 минути си во центар.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.927
Поени од реакции
7.863
Една добра крава е 1000+ евра, со една ништо не правиш ти требаат бар 3 за во секое време да имаш две стелни една со теле и да мозлзиш. Ова ако работа ти биде фармерство, за храна и да не зборувам...
Ако се одлучиш за семјоделие ти треба трактор. Најочајниот потребен за тие 3 хектари ти е со мерка 50/50 5000+ евра твое учество, ами нафта, семе , ѓубриво вреќа е 1500 денари...

Пари во земјоделие има ама ако имаш се „татковина/дедовина“ а не ти да купуваш се од ново... едни плугови фалш се 1000 евра а да не зборуваме за квалитетни кои ќе издржат со години а не по две сезони да ги менуваш и тоа само твоите 3 хектари ако ги ораш...
не ја познавам баш добро таа математика за која зборуваш, ама колку што прочитав така набрзина, тука има предложено све што е потребно, од помош со обука, трактори и све, све е пресметано само желба ќе треба од народов, плус сите имааат имоти на село, тамам си доаѓа, само подршка му треба на проектов.
 
W

wicked_1

Гостин

Нормално дека не ја познаваш, ти имаш чуено за земјоделие преку интернет, затоа си вака одделен од реалноста, жалосно...

Во 21ви век имаш некаква идеја каков пакет на добра му се потребни на еден млад човек за да се реализира во едно општество? Во 21ви не во 16ти.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Времето на масовни преселби од село в град започнало пред некои 50-60 години и тој процес во одредени делови од Македонија е речиси целосно завршен.
Галичник кој, според некои податоци, едно време имал 4000+ постојани жители, сега е само фолклорно-туристичка и пензионерска атракција в лето. Мариово, Порече, Дебрца се запустени региони, а никако не се само тие.
За враќање в село треба да има услови, многу волја и уште повеќе пари. Немаме ние ништо од тоа.

Да не ги мешаме сељачките пориви со селскиот начин на живот, кој ќе значи радикално менување на животните и на работните навики и ќе бара умешност и знаење за чие совладување ќе бидат потребни години и години. Посебно за луѓе кои село виделе само на пат кон друг град, и треба малку да размислат што е пченица, а што пченка. А таквите, за големо чудо, не се малку.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.927
Поени од реакции
7.863
Нормално дека не ја познаваш, ти имаш чуено за земјоделие преку интернет, затоа си вака одделен од реалноста, жалосно...

Во 21ви век имаш некаква идеја каков пакет на добра му се потребни на еден млад човек за да се реализира во едно општество? Во 21ви не во 16ти.
никако човек да ви погоди, го потековте со тоа како Грујо сите ги донел во СК,не се живеело, а сега кога ви се нуди можност да се спасите и да си живеете на мира во семејното земјиште и тоа не ви одговара.
 
не ја шири ти зборам конкретно чив и да е предлогот...чим мислиш дека карабина + декарипол нива на село е македонија за младите, тогаш си доста изолиран од реалноста
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
никако човек да ви погоди, го потековте со тоа како Грујо сите ги донел во СК,не се живеело, а сега кога ви се нуди можност да се спасите и да си живеете на мира во семејното земјиште и тоа не ви одговара.
НИкакви проекти нема да ги вратат младите од град во село. Може само инфраструктурнипроекти да напртават подобар пристап од град кон село така да луѓето ќе си работата во град ама ќе си живеет во село, во чиста околина и воздух.

Најдобро наместо вакви фалш проекти со многу фалинки да се запнат да го направат патот скопје-македонски брод и да видиш како ќе живни тој крај, или прилеп-велес преку бабуна, секое селце во тие предели ќе живни само од себе а не со донации од владата и плата 15.000...
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.927
Поени од реакции
7.863
не ја шири ти зборам конкретно чив и да е предлогот...чим мислиш дека карабина + декарипол нива на село е македонија за младите, тогаш си доста изолиран од реалноста
чекај малку, јас колку што сум забележал има еден куп негативни коментари зошто многу млади луѓе од селата се доселувале во СК, зарем ти мислиш дека за тие млади не важи тоа што си го пишал, или некој имаат поголема вредност и преднсот само поради тоа што старите на пример на АНЧО порано се доселиле него старите на Дончо, кој е тука критериумот ?[DOUBLEPOST=1461923173][/DOUBLEPOST]
НИкакви проекти нема да ги вратат младите од град во село. Може само инфраструктурнипроекти да напртават подобар пристап од град кон село така да луѓето ќе си работата во град ама ќе си живеет во село, во чиста околина и воздух.

Најдобро наместо вакви фалш проекти со многу фалинки да се запнат да го направат патот скопје-македонски брод и да видиш како ќе живни тој крај, или прилеп-велес преку бабуна, секое селце во тие предели ќе живни само од себе а не со донации од владата и плата 15.000...
па не дека не се сложувам со тебе, ама како првична идеја самиов проект е ок, може да се надогради со пример твоите предлози за да биде поусовршен и успешен самиот проект.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom