Одгледување малини

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Тоа се земјоделските кооперации.
Владата(нашата) помага со висина од 60% од износот на инвестицијата.

Тоа значи:
100 души * 400 евра=40 илјади + 60 илјади евра од државата=100 илјади
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.783
Поени од реакции
21.188
се тоа во ред , ама да се вратиме во реалноста.
ај разбирам двајца тројца ете четворица да се здружат и да почнат бизнис. да речиме се познавале и имале заедничка идеја .
ама 100 души 100 табиети. кај ке се соберат толку души баш со заедничка идеја и планови за во иднина. малце на кај утопија ми оди работата.
и да не забегавме малце оф топик.
мене повеке ми падна во очи откупната цена и гарантираниот откуп.
 

korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Тоа се земјоделските кооперации.
Владата(нашата) помага со висина од 60% од износот на инвестицијата.

Тоа значи:
100 души * 400 евра=40 илјади + 60 илјади евра од државата=100 илјади
greska ti e matematikava kolku sto se razbiram jas
vlozuvas 10 000 a ti vrakaat 6 000 nazad
a tvojava matematika e 150% ti dodavaat pari
ili jas ne znam da smetam ili ti pogresno si presmetal
 
C

cige

Гостин
Загреан сум за да садам малини, прво сакам да почнам со нива 5 декари. Колку пари ќе ми треба од старт за семиња, системи за наводнување и другите пропратни трошоци?
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.783
Поени од реакции
21.188
Загреан сум за да садам малини, прво сакам да почнам со нива 5 декари. Колку пари ќе ми треба од старт за семиња, системи за наводнување и другите пропратни трошоци?
Па како за почеток малините не се садат од семе туку од садница, така да чим тоа не го знаеш како најосновна работа можеби би било подобро да не брзаш со инвестицијата и наместо тоа малце да се доедуцираш. Да не се сфатиме погрешно , ништо лошо не ти мислам туку онака најдобронамерен совет.
 
C

cige

Гостин
Па како за почеток малините не се садат од семе туку од садница, така да чим тоа не го знаеш како најосновна работа можеби би било подобро да не брзаш со инвестицијата и наместо тоа малце да се доедуцираш. Да не се сфатиме погрешно , ништо лошо не ти мислам туку онака најдобронамерен совет.
Знам дека се садници, сум видел по земјоделски аптеки, ако знаеш одговори го прашањето :D
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.783
Поени од реакции
21.188
Знам дека се садници, сум видел по земјоделски аптеки, ако знаеш одговори го прашањето :D
Тоа што знаев ти одговорив ама ете гледам си знаел и сам.
Загреан сум за да садам малини, прво сакам да почнам со нива 5 декари. Колку пари ќе ми треба од старт за семиња, системи за наводнување и другите пропратни трошоци?
За другото некој повеќе што се разбора :toe:
 
Член од
1 јуни 2014
Мислења
20
Поени од реакции
2
Ve molam, koj sto znae kade bi mozela da dojdam do informacii okolu odgleduvanje na malini! Se sto znaete..so sto bi mi pomognale mnogu.. Blagodaram!!
 
Член од
16 март 2014
Мислења
46
Поени од реакции
66
Здраво , и јас сакам да вложам во малини , сакам да посадам 1 хектар. Но за почеток би почнал со 10000 садници . Имам пријател од Србија кој има саден материјал но нема сертификат за тоа . Како би можел да ги донесам тие садници во Македонија ???
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Здраво , и јас сакам да вложам во малини , сакам да посадам 1 хектар. Но за почеток би почнал со 10000 садници . Имам пријател од Србија кој има саден материјал но нема сертификат за тоа . Како би можел да ги донесам тие садници во Македонија ???
Тешко.
Треба да си регистриран за тоа.
Има посебни закони, потоа правилници, регистри.... за увоз на саден материјал
 
Член од
16 март 2014
Мислења
46
Поени од реакции
66
Тешко.
Треба да си регистриран за тоа.
Има посебни закони, потоа правилници, регистри.... за увоз на саден материјал
А каде би можело да купам садници или да ми наведите неколку расадници - компании кои произведуваат или увезуваат . Јас за сега знам за расадниците агрокласик , опитно поле , левидиа и биоплант, но би сакал да контактирам и со други расадници во врска со цените и квалитет , да се консултирам ... Ако знае некој нека пиши .
 
Член од
12 јуни 2012
Мислења
130
Поени од реакции
83
Дечки здраво на сите, гледам никој нема пишано дали има насадено малини? има ли некој новоти во овој правец? Јас сакам да насадам 2000 корени, па ако има некој што насадил веке мозе да направиме некој заеднички консултации
 
Член од
16 март 2014
Мислења
46
Поени од реакции
66
Здраво Паковиц , јас имам насадено 8000 садници малина . И јас сум нов во целава работа , ги посадивме во март 2016 година , садниот материјал го зедов од Србија , моментално ги плевам и режам. Прашај што те интересира што можам да ти помогнам.
 
Член од
12 јуни 2012
Мислења
130
Поени од реакции
83
Здраво Паковиц , јас имам насадено 8000 садници малина . И јас сум нов во целава работа , ги посадивме во март 2016 година , садниот материјал го зедов од Србија , моментално ги плевам и режам. Прашај што те интересира што можам да ти помогнам.
Ако не ти е тешко и имаш слободно време јас би сакал да напишеш на темава по опширно како оди целата постапка, првенствено за која сорта на садници се одлучи да одгледуваш?По која цена ги набави и понатака како оди целиот процес на одгледување? Кога е најдобро да се насадат? Колку често треба да се наводнуваат? Како се врши плевењето и на кој начин се режаат? Јас имам до некаде познавање во оваа област но сакам да ја прошириме темава а воедно и да си помагаме еден на друг и да стануваме се подобри во оваа област со малините.
Поздрав
 
Член од
16 март 2014
Мислења
46
Поени од реакции
66
Јас моментално имам насаде но малина од сортата виламет (willamette) . Погодни се за индустриско одгледување поради големата отпорност на болести и временски услови . Отидов до Србија , Ариље каде првпат на Балканов е почнато да се сади малина од сортата виламет . Таму садниците по мене-по тебе кажано , без сертификат се 25 динари по парче , а од институтот од Чачак се 50 динари по парче , во македонски денари би било 24 денари ....Прво нарачав 2000 садници од Србија преку еден пријател по 25 денари од парче- без сертификат , со сертификат се 50-70 денари по парче на големо. Сертификатот е издаден од земјоделски институт што гарантира дека садниците се прочистени и не се заразени . Јас немав пари да ги земам со сертификат па нарачав без , а тие си ги шверцуваат и ми ги донесоа до Струга со карго.
Садниците ги посадив крајот на март 2016 но најдобро е да се засадат на есен кон октомври или ноември . ( Јас во март ги засадив зашто тогаш најдов саден материјал и сега треба да ги чекам на род на лето 2017 а ти ако ги засадиш сега на есен веднаш ти идат на род во лето 2017. Важно е садниците да се двегодишни или едногодишни . Ќе прашаш за садниот материјал колку годишен е и кога ќе родат ) .Прво земјата ја изорав , издрљав и ја исфрезирав . Потоа , за да направам редови во земјата , на растојание од 2,5 метра од ред до ред , целата нива ја поминав со
плугови за трапење . И го одбирав секој 4ти ред , така идеше секој ред да ми е по 2,5 м .Длабочината на траповите беше 20-25 цм. Садниците ги местев навалени на едниот брег од трапот да се што е можно повече исправени а корењата порасгранети .Садниците ги садев на растојание од 20-25 цм од садник до садник , рачно ги запретував со мотика .
Многу важно е истиот ден да ги наводниш садниците веднаш по засадувањето . Така да најпогодно ти е прво да си набавиш систем за наводнување капка по капка , а после садниците . Јас така згрешив зашто прво ги посадив малините и после цела вечер трчав со мотор за наводбување томос - вакумски и црево во рака да ги прскам , и така од тие 2000 сега стотина ми се исушени ама не е страшно .
88891dc9-cfad-4f33-8937-0b410f415907.jpg
Првава година кажано ми е садниците со ништо да не ги прскам и да не им давам никаква прихрана. Тоа и го применувам.
Откако почнаа да се будат , да пуштаат листови зелени , јас почекав со режењето се додека не почнат од земја да излегуваат нови изданци - пичој . Така , кога почнаат новите да излегуваат , старите ги кратев 3 цм од земјата со ножици за режење .Од секој садник треба минимум 5 изданци да излезат, тие не се режат сега , туку на есен. Тогаш се одбира пичот што е најдебел и највискот од тие 4-5 што израснале а другите се кратат што е можно поблиску до земјата . Старите прачки треба да се фрлат или да се запалат . Најдобро е да се запалат .
Ако садиш најдобро е сега да почниш да бараш саден материјал зашто после нема шанси да набавиш бидејќи садниот материја уште на зима е веќе распродаден или капарен.
Плевењето се врши рачно така што се чисти земјата со корнење на тревата по редот најмалце по 25 цм од една страна и 25 цм од друга страна на садниците . Така се плеви зашто после треба повторно почвата да се обработа со фреза за редовите да изгледаат како на слитака подолу .А фрезата не смее помалце од 25цм да се доближи до корењата зашто новите изданци - пичој растат во тој дијаметар на садниците а можно е подалеку . Тоа е мерка на претпазливост . Во текот на плевењето не смее да се копа земјата околу садниците со било каков алат . Јас така почнав со алат да плевам бидејќи плевењето ми беше тешко на почетокот и оштетив неколку корења но се навикнав рачно . Плевењето главно се врши за да не му ја зема силата и храната на изданците . Но и за да не фати малината болести од тревата .

Сега бркам работа да набавам столбови од багрем , костен или бетонски , 2,5м за шпалир и секој столб треба да е 10цм х 8цм дебелина . Таа не е стандардна големина на столбовите но е пожелна зашто животниот век на малината е 10-20 години зависно од одржувањето , затоа шпалирскиот систем сакам да го направам што е можно поиздржлив на временските услови .Ако знаеш кој продава багремова шума за сечење или бетонски столбови , пиши ми . Ако нешто не ти до објаснето , јас се извинувам , го пишувам ова во брзање .
Со среќа. Се надевам дека ќе останиме во контакт .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom