Одгледување малини

Член од
9 септември 2016
Мислења
2
Поени од реакции
4
Јас моментално имам насаде но малина од сортата виламет (willamette) . Погодни се за индустриско одгледување поради големата отпорност на болести и временски услови . Отидов до Србија , Ариље каде првпат на Балканов е почнато да се сади малина од сортата виламет . Таму садниците по мене-по тебе кажано , без сертификат се 25 динари по парче , а од институтот од Чачак се 50 динари по парче , во македонски денари би било 24 денари ....Прво нарачав 2000 садници од Србија преку еден пријател по 25 денари од парче- без сертификат , со сертификат се 50-70 денари по парче на големо. Сертификатот е издаден од земјоделски институт што гарантира дека садниците се прочистени и не се заразени . Јас немав пари да ги земам со сертификат па нарачав без , а тие си ги шверцуваат и ми ги донесоа до Струга со карго.
Садниците ги посадив крајот на март 2016 но најдобро е да се засадат на есен кон октомври или ноември . ( Јас во март ги засадив зашто тогаш најдов саден материјал и сега треба да ги чекам на род на лето 2017 а ти ако ги засадиш сега на есен веднаш ти идат на род во лето 2017. Важно е садниците да се двегодишни или едногодишни . Ќе прашаш за садниот материјал колку годишен е и кога ќе родат ) .Прво земјата ја изорав , издрљав и ја исфрезирав . Потоа , за да направам редови во земјата , на растојание од 2,5 метра од ред до ред , целата нива ја поминав со
плугови за трапење . И го одбирав секој 4ти ред , така идеше секој ред да ми е по 2,5 м .Длабочината на траповите беше 20-25 цм. Садниците ги местев навалени на едниот брег од трапот да се што е можно повече исправени а корењата порасгранети .Садниците ги садев на растојание од 20-25 цм од садник до садник , рачно ги запретував со мотика .
Многу важно е истиот ден да ги наводниш садниците веднаш по засадувањето . Така да најпогодно ти е прво да си набавиш систем за наводнување капка по капка , а после садниците . Јас така згрешив зашто прво ги посадив малините и после цела вечер трчав со мотор за наводбување томос - вакумски и црево во рака да ги прскам , и така од тие 2000 сега стотина ми се исушени ама не е страшно .
Прегледај го приврзокот 149266
Првава година кажано ми е садниците со ништо да не ги прскам и да не им давам никаква прихрана. Тоа и го применувам.
Откако почнаа да се будат , да пуштаат листови зелени , јас почекав со режењето се додека не почнат од земја да излегуваат нови изданци - пичој . Така , кога почнаат новите да излегуваат , старите ги кратев 3 цм од земјата со ножици за режење .Од секој садник треба минимум 5 изданци да излезат, тие не се режат сега , туку на есен. Тогаш се одбира пичот што е најдебел и највискот од тие 4-5 што израснале а другите се кратат што е можно поблиску до земјата . Старите прачки треба да се фрлат или да се запалат . Најдобро е да се запалат .
Ако садиш најдобро е сега да почниш да бараш саден материјал зашто после нема шанси да набавиш бидејќи садниот материја уште на зима е веќе распродаден или капарен.
Плевењето се врши рачно така што се чисти земјата со корнење на тревата по редот најмалце по 25 цм од една страна и 25 цм од друга страна на садниците . Така се плеви зашто после треба повторно почвата да се обработа со фреза за редовите да изгледаат како на слитака подолу .А фрезата не смее помалце од 25цм да се доближи до корењата зашто новите изданци - пичој растат во тој дијаметар на садниците а можно е подалеку . Тоа е мерка на претпазливост . Во текот на плевењето не смее да се копа земјата околу садниците со било каков алат . Јас така почнав со алат да плевам бидејќи плевењето ми беше тешко на почетокот и оштетив неколку корења но се навикнав рачно . Плевењето главно се врши за да не му ја зема силата и храната на изданците . Но и за да не фати малината болести од тревата .

Сега бркам работа да набавам столбови од багрем , костен или бетонски , 2,5м за шпалир и секој столб треба да е 10цм х 8цм дебелина . Таа не е стандардна големина на столбовите но е пожелна зашто животниот век на малината е 10-20 години зависно од одржувањето , затоа шпалирскиот систем сакам да го направам што е можно поиздржлив на временските услови .Ако знаеш кој продава багремова шума за сечење или бетонски столбови , пиши ми . Ако нешто не ти до објаснето , јас се извинувам , го пишувам ова во брзање .
Со среќа. Се надевам дека ќе останиме во контакт .
Во ред ти е објаснувањето. Само би ти препорачал да садиш малина од сортата Полка, која што дава многу поголем принос отколку Виламет или Микер. Наскоро ке започнеме со организиран откуп на смрзната и свежа малина. Ке имате благовремена информација за тоа.[DOUBLEPOST=1473425435][/DOUBLEPOST]

Во ред ти е објаснувањето. Само би ти препорачал да садиш малина од сортата Полка, која што дава многу поголем принос отколку Виламет или Микер. Наскоро ке започнеме со организиран откуп на смрзната и свежа малина. Ке имате благовремена информација за тоа.
 
Член од
16 март 2014
Мислења
46
Поени од реакции
66
Јас веќе имам посадено 8000 корења од сортата виламет и планирам да посадам уште околу 7000 садници на површина нешто поголема од 5000м2 ... Сепак ти благодарам за информацијата и се надевам дека ќе ме известиш во врска со организираниот откуп . Ви благодарам .
 
Член од
9 септември 2016
Мислења
2
Поени од реакции
4
Мило ми е, кога гледам, дека има се поголем број на заинтересирани, за одгледување на малина. Околу откупот на малина за 2017 год, ке бидете навремено информирани. Во тек е изградба на современа линија, за брзо смрзнување, на малина. Откупната цена ке биде реална за сите производители, а наплатата ке биде извршена веднаш.
 
Член од
22 јули 2012
Мислења
115
Поени од реакции
30
Другари сакам да садам малина
има ли некој што продава расад во мк,
а посебно ми е потребна помош при избор на сорта бидејки ке садам во низина од околу 400-500 метра надморска висина а се мислам имам и една нива од 3,6декари близу до река но никогаш се нема случено поплава врз земјиштето се наогја во дупка опколено со шума но има сонце,
Помош
 
Член од
16 март 2014
Мислења
46
Поени од реакции
66
Дали знае некој каде може да се набави полипропиленска рафија со УВ заштита за врзување на малини ?
Прашав во макиталпласт во Струмица ама правеле нарачки од септември , а други не знам ...Итно е .[DOUBLEPOST=1487581283][/DOUBLEPOST]
Мило ми е, кога гледам, дека има се поголем број на заинтересирани, за одгледување на малина. Околу откупот на малина за 2017 год, ке бидете навремено информирани. Во тек е изградба на современа линија, за брзо смрзнување, на малина. Откупната цена ке биде реална за сите производители, а наплатата ке биде извршена веднаш.
Дали веќе е договоренна откупната цена на малината ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom