Кога завршував основно, од секој ученик се бараше да направи инсектариум по биологија.
Кога и кажав на мајка ми за ова, таа ми кажа да ја прашам наставничката какви инсекти да и донесам, бидејќи имавме богата колекција - лебарки од креденец, лебарки од мијалник, лебарки од под шпорет, лебарки од буквално секаде. Кујната беше буквално окупирана од тие ѓубриња од инсекти наречени лебарки.
Проблемот со лебарките е во тоа што, ако денес се прска против нив, ќе умрат само лебарките, но не и јајцата кои веќе ги оставиле. После 2 или 3 или 4 недели, не помнам точно, од јајцата ќе се родат нови лебарки и ќе мора повторно да се прска против нив.
И ако повторно се појават после некое време, повторно прскање, ужас без крај.
Но многу едноставно решение откри мајка ми - отровни колачиња со борска киселина.
Ги постави низ сите агли во кујната и за 2 дена не останаа ни трага ни глас од ѓубрињата.
Но бидејќи нивните јајциња останаа, мајка ми правеше нови отровни колачи секоја недела и така цел месец.
После тој месец, конечно мојот дом се ослободи од тие ѓубриња од инсекти наречени лебарки.
Чисто информативно, прашакот Нео Питроид, кој се користи против вошки и против други инсекти, не е баш многу ефикасен и ефективен против лебарките.
Инаку, инсектариумот не го направив и остана намалена оценката по биологија на крајот од основното образование.
Но колку беа смешни некои кои донесоа инсектариум со живи инсекти набодени со игли врз стиропор.
Наставничкава им вели:
" Не ви барав инсектариум со живи инсекти. "
Навистина посакував да и ги треснам тие табли инсектариум од глава, јасно ми е да се смета за дополнителна активност и да има удел во оценката, но да биде задолжителен дел од наставната програма, па уште и оценката да зависи од таквиот идиотизам, за нешто такво да биде задолжително, тие кои ја составувале образовната програма по биологија несомнено биле идиоти со тапија.
Уште да почнат да бараат препарирани примероци од мечка, лисица или некое друго животно, милина.