Ова го немаше ниту во социјализмот

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Ова го немаше ниту во социјализмот
22/04/2014 // Пред 15 часа // КОЛУМНИ // Коментирај


За популистичките мерки и на власта и на опозицијата, со кои и едните и другите настојуваат да привлечат што поголем број гласачи, во јавноста има и разбирање и објаснување. Така било и порано, така е и сега. Ако на народот веќе му се дава шанса да се определи, тој треба да има понуда врз која ќе ја донесе сопствената одлука, односно треба да добие одговор на прашањето „зошто“ ќе го направи таквиот избор. Се разбира и на партиите и на народот им е јасно, полесно се носи одлука доколку понудата изобилува со решенија кој ги задоволуваат индивидуалните интереси, па макар тие би биле и на сметка на поширокиот општествен интерес. Секогаш е поприфатливо кога ќе ти понудат вработување од буџетот, субвенции од буџетот, летување, зимување, банско лекување, „lady gaga“ возење, зголемување на платите, пораст на социјалните примања и тн. Независно од тоа што таквата разврска, по извесен период, може да го доведе во прашање и реализирањето на веќе ветените проекти, зошто нели „ручекот еднаш мора да се плати“, само прашање на време е кога. Погубно е што и власта и опозицијата се натпреваруваат кој повеќе ке му даде пари на народот од буџетот, чија понуда ќе биде поиздашна во задоволувањето на личните интереси на поголема група гласачи, а и едните и другите да не му укажат дека се’ додека во преден план ги ставаат личните наспроти општествентие интереси, економијата ќе биде таму каде што е или може и полошо да биде.

Ваквиот заклучок сосема јасно го илустрира пропаста на социјалистичкиот систем на поранешната заедничка држава кој, во промоцијата на неговата прогресивност, отиде дотаму што се толерираше неработење според девизата „не можат да ме платат помалку отколку што јас можам да не работам“. Во таква ситуација добивките стануваа индивидуални и/или групни, а загубите се социјализираа. Последиците ги амортизираше државата, во најголем дел, било преку форсирање на непродуктивно вработување, било преку арсеналот на мерки за прераспределба на доходот во полза на определени гранки и групации, вклучувајќи ја и инфлацијата во одржувањето на социјалниот мир во општеството. Со ваква системска поддршка, социјалата во вистинска смисла на зборот се сведуваше на заштита на социјално загрозените поради неспособност да ја обезбедат својата егзистенција. Со право може да се каже дека вистинската социјала не беше причина за пропаста на социјализмот, туку државната интервенција преку неекономски мерки да се ублажуваат развојните проивречности и да се одржува социјалниот мир.

Површен увид на предлог мерките со кои се настојува да се подобри социјалната положба на најзагрозените слоеви од населението во земјата покажува дека актерите на политичката сцена толку многу се потпираат врз државната интервенција, што слободно може да се извикне: па, тоа не го можеше ниту социјалистичката држава! Во немоќ (овде не елаборираме поради кои причини) да профункционира пазарниот систем (во сите негови сегменти- пазар на стоки и услуги, пазар на пари и капитал и пазар на работна сила) како клучен механизам во развојот, државата стана „алфа и омега“ (прво и последно, се’ што е најважно) во економијата. Никој не се спротивставува на констатацијата дека таа е најголем и најзначаен „бизнисмен“ во земјата, просто, како да треба така да биде. Таа е најголем инвеститор, најголем работодавач, најголем потрошувач. Нејзините активности силно влијаат врз стопанските текови и динамиката на растот. Да не ја споменуваме оправдано засилената социјална заштита (поради високиот степен на сиромаштија).

Во годинешната изборна кампања власта најави и проширување на нејзината улога во распределбата на националниот доход, дури и надвор од економската логика. Предлага пораст на платите за 5% годишно во наредените четири години од мандатот и покрај тоа што предвидувањата за стопанскиот раст за истиот период се помали. Тоа значи дека, ако се работи за пораст на платите во администрацијата тогаш ќе мора да се смета и на пораст на буџетските приходи (со што ќе се намали акумулативната способност на стопанството), а ако тоа се очекува да се направи во целото стопанство (како рефлекс на порастот на платите во администрацијата) тогаш таквата способност ќе се намали уште повеќе. Изборната атрактивност на ваквата мерка е неспорна, меѓутоа, тоа е чекор кој ќе ја „преврши“ мерата за улогата на државата во регулирањето на стопанските текови. Инсистирањето за нејзина имплементација води кон зголемување на буџетската потрошувачка и кон зголемување на јавниот долг, се разбира, доколку не се изрази подготвеност за прераспределба на постојната буџетска потрошувачка, за која, инаку, се вели дека е пренапрегната.

Во овој контекст, станува ургентно, по завршувањето на изборите, и поради четиригодишниот мандат на тие што ќе ја освојат власта, да се преиспитаат последиците од спроведувањето на ветените мерки од аспект на неприфатливото јакнење на улогата на државата во водењето на стопанските активности. Притоа, не треба да не’ залажуваат поволните краткорочни ефекти од нејзиното делување на планот на одржувањето на социјалниот мир во земјата. Крајно време е да се направи пресврт тој да се обезбедува преку развојот, со динамизирање на растот и со продуктивно вработување на невработените, инспирирани од остварувањето на поголем доход од страна на огромниот број на стопански субјекти. Се разбира, вклучувајќи ја тука и државата.

Но, тоа не може да го направи самата држава. Во тоа не успеа ниту социјалистичката држава која, во природата на системот, имаше поголема улога од пазарот и пазарните односи. Мора да се изнајде модел на урамнотежени односи меѓу улогата на државата и на пазарот, за да не ни се случи, по втор пат, заради непримерена државна интервенција на постојниот степен на развиеност на земјата, да се западне во криза, со подалекусежни последици врз вкупниот општествен развој, отколку што се постојните, за чие решавање не се бираат средства. Или поинаку кажано, не се радувајте кога државата е таа која ви дава, прашање на време е кога неколкукратно ќе ви земе, преку реалното намалување на платите, преку нарушувањето на бизнис климата, преку зголемување на даноците и на долговите кои ќе мора да ги враќаме затоа што на времето повеќе сме трошеле отколку што сме заработувале.

Не заборавајте, без разлика која политичка опција е на власт, ако доминантно се потпира врз државата не може да се очекува пресврт во развојот. Државата, по правило, полошо стопанисува со „заедничките пари“, и не само во Македонија, туку ширум светот. Во многу случаи, тие се извор на манипулации и коруптивни однесувања. Во секој случај, краток е векот и на задоволствата на поединци и групи кои им ги приредува државата со буџетски пари, ако буџетот не расте согласно порастот на општествениот производ, туку со пораст на дефицитот и на долговите. Таквата практика секојпат го остава неодговорено прашањето: што потоа?, кога ќе се стеснат можностите за дефицитно финансирање.

Д-р Крсте Шајноски

http://faktor.mk/archives/103069?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=ova-go-nemashe-nitu-vo-socijalizmot
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Економски мерки, инвестиции, подобрување на бизнис климата, опростување долгови, нови 200 милиони работни места - ќе бираме од 10 понуди една (најлесната и најплатената работа).
Државата стимулира, не е проблем. Коста Абраш ќе штампа денари, а по потреба и евра.
Вие само гласајте - ЗА ДА ГИ ОСТВАРИМЕ ПРОЕКТИТЕ. (ако не гласате, постравс)
Е то е таа медиумска пропаганда шо ги заслепвит пензионериве, и добар дел од простата македонска раја.

А уствари вистината е,
Благоретардирана и тотално нереална слика за коњуктурата, и економијата во целост. Крати од сегде во буџетот, дај му екстра плата или пензија нек се порадвит.. па после зголеми трошоци/даноци и наплати со камата. :rolleyes:

Само лапет кредити од светска, ммф, инвестициона..... итн итн.. и еден убав сончев ден ќе се удајме во сопствените г*****.

Буџетот бил бил пренатегнат, и дефицитното финансирање опаѓало.... па НОРМАЛНО. Сега во буџетското планирање и калкулирање има таргет група од над пола милион гласачи што мора да биде најадена и напиена. ТО Е НАЈБИТНО. Да е здрава и жива функцијата со се фотељата. За тендери друг пат ќе прајме муабет.

Не дека полтичката гарнитура пред овие беше саглам. Од прв до последен лапачи.
Ама овие сега ми се врв.
Лопати да фучат на сите страни, камен-темелници, ленти сечење.... абе лудило. За фирма од 1 милион, плаќет реклама од 2 милиона. ХАХАХАХАХАХА
Со кој пари? Донации? Шо е битно. Битно морат 1 месец да вртит на Шител рекламата, ЗА и најнесоцијализираниот пензионер да слушнит шо се дешават. :pos:
И уште милион други примери.

Споменици? Ај 1-2-5-10. АМ 150 милјарди споменици? Боже мој.....

Некогаш се смеам, ама некогаш жал ме фаќат ко ќе ги слушам кај шо го лажат народов. А посебно на последниве избори, то е чудо.

Со извинение, ама уште ова не му го рекоа: Ќе ви го испуш**е на сите - само гласајте за нас.
 
Последно уредено:

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Економски мерки, инвестиции, подобрување на бизнис климата, опростување долгови, нови 200 милиони работни места - ќе бираме од 10 понуди една (најлесната и најплатената работа).
Државата стимулира, не е проблем. Коста Абраш ќе штампа денари, а по потреба и евра.
Вие само гласајте - ЗА ДА ГИ ОСТВАРИМЕ ПРОЕКТИТЕ. (ако не гласате, постравс)
Е то е таа медиумска пропаганда шо ги заслепвит пензионериве, и добар дел од простата македонска раја.

А уствари вистината е,
Благоретардирана и тотално нереална слика за коњуктурата, и економијата во целост. Крати од сегде во буџетот, дај му екстра плата или пензија нек се порадвит.. па после зголеми трошоци/даноци и наплати со камата. :rolleyes:

Само лапет кредити од светска, ммф, инвестициона..... итн итн.. и еден убав сончев ден ќе се удајме во сопствените г*****.

Буџетот бил бил пренатегнат, и дефицитното финансирање опаѓало.... па НОРМАЛНО. Сега во буџетското планирање и калулирање има таргет група од над пола милион гласачи што мора да биде најадена и напиена. ТО Е НАЈБИТНО. Да е здрава и жива функцијата со се фотељата. За тендери друг пат ќе прајме муабет.

Не дека полтичката гарнитура пред овие беше саглам. Од прв до последен лапачи.
Ама овие сега ми се врв.
Лопати да фучат на сите страни, камен-темелници, ленти сечење.... абе лудило. За фирма од 1 милион, плаќет реклама од 2 милиона. ХАХАХАХАХАХА
Со кој пари? Донации? Шо е битно. Битно морат 1 месец да вртит на Шител рекламата, ЗА и најнесоцијализираниот пензионер да слушнит шо се дешават. :pos:
И уште милион други примери.

Споменици? Ај 1-2-5-10. АМ 150 милјарди споменици? Боже мој.....

Некогаш се смеам, ама некогаш жал ме фаќат ко ќе ги слушам кај шо го лажат народов. А посебно на последниве избори, то е чудо.

Со извинение, ама уште ова не му го рекоа: Ќе ви го испуш**е на сите - само гласајте за нас.
...И сите мислат, "е ефтин превоз" супер одиме од почетна до крајна станица беспари, потоа беспари слободни за средношколците, пензионерите на бања беспари, ваму-онаму беспари, беспари компјутер за секое дете... Се е беспари! (ако се лажеме) Ебига таков народ сме биле од секогаш не мотаат на мал прст и што е најтрагично некој не сфаќа дека тоа "бесплатно" е само метафорички. НЕМА БЕСПЛАТЕН РУЧЕК! Се се плаќа само што ние не го осеќаме тоа, поскапел лебот 3 денара или 5 денара, "е голем ташак ако поскапел лебот 5 денара". Да ама тие 5 10 денара поскапување се за милионските мочани кичерајски врби на сред Вардар!
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
сите вие што сте помлади еден совет, БЕГАЈТЕ ОД ОВДЕ!!!
ако ми се јави шанса, и јас ќе ви се рпидружам, па макар и дедо бил :sneaky:
никола, се што напиша си во право, но народот се однесува ко стадо овци, фали таа критична маса да ги исправа крвините. односно, ја има, но нивниот број е толку мал, скоро и да Не постои. :(
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Јас се чудам зошто народов сеуште оди да гласа.
Јас реално не очекувам во иднина нешто да се подобри во државава.... може само да се влоши........
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Јас се чудам зошто народов сеуште оди да гласа.
Јас реално не очекувам во иднина нешто да се подобри во државава.... може само да се влоши........
Затоа што некој после ќе го заокружи твоето ливче и ќе испадне ко да си гласал. Боље иди и нацртај машки полов орган отколку да не гласаш.
 

SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
Затоа што некој после ќе го заокружи твоето ливче и ќе испадне ко да си гласал. Боље иди и нацртај машки полов орган отколку да не гласаш.
По фер е да не гласаш барем оставаш природно да си течат работите. Кој е посилен во лажирање и местење тој да победи и онака предуслов да си добар политичар е да си добар во местенки и далавери.
А и друг глупав филм во кој се навлечени граѓани „гласај за личност а не за партија“ или во превод гласај за шминка а не за суштина. Добри и чесни политичари се реткост но да речеме ги има и тие и некој гласа за нив и победат (крајно хипотетичко и речиси невозможно сценарио бидејќи граѓаните гледаат повеќе на имиџ и шминка и кампања одколку да го дознаат вистинскиот карактер) И добро победи подобрата личност...И што ако кога патот кон пеколот може да е поплочен со добри намери. Добар Личност незначи ништо без добри идеи и вистинска идеологија која барем би требало да зависи од партијата барем во теорија.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
По фер е да не гласаш барем оставаш природно да си течат работите. Кој е посилен во лажирање и местење тој да победи и онака предуслов да си добар политичар е да си добар во местенки и далавери.
Фер е некој друг да не гласа за тебе. Какво е тоа природно течење на работите?
 

SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
Фер е некој друг да не гласа за тебе. Какво е тоа природно течење на работите?
Во многу земји е природно да има корупција и местенки така да...е неприродно да се мешаш во природниот развој на општеството и на општествените односи.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Во многу земји е природно да има корупција и местенки така да...е неприродно да се мешаш во природниот развој на општеството и на општествените односи.
А као гласањето е мешање кај што не ти е место?
 

SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
А као гласањето е мешање кај што не ти е место?
Не толку дека е мешање како што не ти е место туку е еден многу неефикасен и безначаен начин да си го промениш животот на подобро. Има многу други подобри и поефикасни начини за да си ги подобриш животот подобро е енергијата да се насочи на правите места а не во политика и избори а тие што се навистина заинтересирани за тоа нека си гласаат и веруваат во избори и политика како начин и метод за подобрување на квалитетот на животот.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Затоа што некој после ќе го заокружи твоето ливче и ќе испадне ко да си гласал. Боље иди и нацртај машки полов орган отколку да не гласаш.
Може и женски, што мора машки :giggle:....., но дали ќе гласам или не право да ти кажам сеедно е..... ништо нема да се смени на подобро, може само на полошо.....
 

perez9

расипано јајце
Член од
30 декември 2013
Мислења
1.041
Поени од реакции
991
пак политика на форумов....неизбежна е
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Благодарам ама ПРОМЕНИ ЗА НОВ ПОЧЕТОК од типот во секое семејство по еден вработен,нови стечајци,технолошки вишоци,виткање кичма,вентилатори ФИРОМ,олигарси,матна транзиција..............не ни се потребни и не мислиме уште еднаш да го возиме тој круг.
Кој знае можеби затоа бараат ПРОМЕНИ ЗА НОВ ПОЧЕТОК ама да сум како премиерот би им направил еден парламент и неколку населби на солунска глава па заедно со брадатиот кибритчија таму нека го ебаваат нивното членство кои очигледно дека имаат оглав на очите и тотално испран мозок.
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Баравме, си добивме.

Само шо изборот ни е змија да не апне или магаре да ни го бапне.
Ездеез сега хи фураат финтите на ВМРО, кои ниту успеваат, ниту имаат економска основа за да успеат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom