ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

Член од
24 март 2010
Мислења
15.179
Поени од реакции
25.822
Пак на фејсбук се шират вакви слики со коментари кои јавно издаваат делови и цели од акцијата :tapp::tapp::tapp:

Што ќе беше тоа глупаци без грам мозок..................

Му пишуваат да ги тргни, овој коментари им бриши :facepalm:
Експерти по општа пракса се ова. Не ги вреѓај со глупаци.
 
W

wicked_1

Гостин
Но ти ја оцени како “исклучително успешна“
споредбено со што?
Со тоа што можело да се деси, замисли ја бедната реторика.

МВР не веќе ни сигурни колку имаат уапсено, жртви, кој има избегано и слично, а на прес се открива директна соработка и преговори на членови од влада и групата од конфликтот.
Пародии, исклучително успешна акција.
 
Последно уредено:

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.118
Поени од реакции
5.018


Имаше и после Бедиње полиција со автомати не стопираше. Стопираше скоро се што поминува и е сомнително.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.637
Поени од реакции
26.160
Не се возбудувај.

Општ впечаток е намалена или целосен недостаток на доверба на граѓаните во институциите на системот. Во ова лудило кое ни се случува, секое инфо треба да се зема со резерва без разлика на изворот. И да се почека пред да се донесе било каков заклучок.

Појасен сум сега?
Јас не видов соопштение на полицијата кое би можело да биде контраверзно. А иначе генерално е намалена довербата. Тоа беше и целта на политичката криза. Ова што го читам тука просто не ми се верува. Има упад од терористи, а луѓево коментираат ко без памет. И покрај тоа што Србија, Бугарија и Косово трупа војска и специјални единици на граница, официјално и со изјави, неможам да се изначудам на рајава што мисли, дали и тоа е дело на Грујо или што е работата. Не ли тоа треба да биде јасен индикатор за безбедносната опасност.

Да ми кажувал некој дека ова ќе се случи, не би верувал. Ова ме подсеќа на онаа сцената на животот на Брајан, кога Римјаните стојат на страна, а Народниот фронт на Јудеја и Јудејскиот народен фронт се тепаат меѓусебе. Буквално, УЧК може да седи на страна ние да се испоубиеме меѓусебе, и после на готово да дојде.

Но да се разбереме, за олку омраза и слепило кај народот самиот Грујо е крив. И тој во учебниците ќе сноси одговорност иако он е свесен што се дешава и покушава нешто да направи. А тој Зајко ќе биде еден од најтрагичните личности во Македонската историја, доколку после ова што не чека ќе се користи зборот Македонска историја.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.637
Поени од реакции
26.160
Од аспект на исполнување на целите, акцијава е далеку од двојка. И ти го знаеш тоа, многу подобро од мене. Затоа, нема потреба да се натегаме пред 99% неписмена публика. :)
Не знае, он си мисли дека е местенка.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.179
Поени од реакции
25.822
Со тоа што можело да се деси, замисли ја бедната реторика.
Како вака си земаш за право да одговараш во мое име, па уште и да дадеш оценка на мојот замислен одговор? И тоа откако одговорив на прашањето? :pos:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.179
Поени од реакции
25.822
Не знае, он си мисли дека е местенка.
И да е нарачано присуството, овде зборуваме за акцијата како таква. Од тоа што го имам читано, мислам дека имаше споменато дека има служено во ЈНА и има добивано чинови. Така да, најверојатно најдобро од сите овде знае.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.637
Поени од реакции
26.160
И да е нарачано присуството, овде зборуваме за акцијата како таква. Од тоа што го имам читано, мислам дека имаше споменато дека има служено во ЈНА и има добивано чинови. Така да, најверојатно најдобро од сите овде знае.
Тука веќе е искривена реалноста, луѓето се отруени од пропаганда ваљда. За нарачано присуство од Грујо, Косово, Србија и Бугарија не праат воени маневри сигурно. За местенка не може да стане збор. Не за џабе Зајко ја тргна официјално таа теза, иако неофицијално уште продава магла околу настанот во Куманово. Или мисли дека нема реална опасност од ескалација или така му е кажано или пак и он е активен учесник на све ова.

Види какви „факти“ се земаат во предвид да се оцрни акцијата на МВР. Згора на све направија пародија од наградите на полицајците и нивните семејства. Зошто прави Зајко така незнам, можеби му треба негативна енергија према полицијата за протестот што иде...Само едно се прашувам, дали има намера кога ќе дојде на власт да ја смени цела полиција, пошто ....
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Се кладам дека тој што сликал и пуштил е македонец, после курле ни е крив...
се за некој лајк и шер да му напрат
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.273
Од аспект на исполнување на целите, акцијава е далеку од двојка. И ти го знаеш тоа, многу подобро од мене. Затоа, нема потреба да се натегаме пред 99% неписмена публика. :)
акцијата е далеку од успешна, прво и покрај јасни знаци и предупредувања во земјата се уфрли и утврди голема неприателска група со многу оружје и муниција. , второ дојде до комуникација на членови на полиција со терористи, вклучување на полицајци во редови на терористи, контакти на 5 управа со терористи, информации протекуваа повеќе од колку вода во Титаник, трето - број на загинати и ранети е неприфатливо голем за акција од 1 ден. Од строј се исфрлени 40 сетина полицајци, замисли да имаше симултано 3 такви ситуации во 1 ден, 3 уфрлени групи со тоа темпо би изгубиле од борба преку 100 полицајци и би останале без специјалци.
Јас не гледам на акцијата како многу успешна
 

Kajgana Shop

На врв Bottom