Новите автобуси (даблдекери, кинески и украински) во Скопје

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
Она што пред неколку години беше само желба и сериозна потреба за ЈСП „Скопје“ денеска станува реалност и почнува да се остварува.

Пред нас се првите нови 15 нископодни автобуси доделени како донација на Градот Скопје, односно на ЈСП кои се дел од проектот за набавка на 80 новопроизведени нископодни автобуси, а кои денеска влегуваат во сообраќај по скопските улици.
Ова го истакна премиерот Никола Груевски на претпромотивното возење на првите 15 од планираните 302 автобуси кои Владата ги набавува за Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје.
Автобусите, како што истакна премиерот Груевски, се со препознатливата црвена боја, располагаат со ефикасен систем за греење и ладење, имаат 28 седишта и 30 места за стоење, електронски информатор за граѓаните, дигитален тахограф за работа, автоматски менувач, електронска рампа за лица со посебни потреби... Опремени се со мотор што исполнува ЕКО 4 стандард што овозможува намалена емисија на издувни гасови и намалена потрошувачка на гориво.
- Новите автобуси полека но сигурно ќе ги заменат старите кои веќе неколку децении се дел од секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот градски сообраќај. Главниот град и неговите жители заслужуваат нов и современ јавен превоз, а од денеска па натаму лошата слика со стари автобуси почнува да избледува и Скопје полека добива ново лице, рече Груевски.
Тој истакна дека во текот на годинава согласно предвидената динамика за испорака се очекува да пристигнат и останатите нископодни автобуси од Украина, како и новите двокатни автобуси од Кина кои, според него, ќе дадат дополнителен шарм на главниот град.
- Со нивното ставање во функција ќе биде направена целосна замена на возниот парк на ЈСП „Скопје“. Во исто време радува и фактот што овој проект придонесе и приватните превозници да почнат да го обновуваат возниот парк во Скопје, рече Груевски и додаде дека тоа беше поттикнато со олеснетите услови за увоз на користени возила кои Владата ги донесе минатата година.
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески посочи дека и покрај светската економска криза Владата обезбеди средства за набавка на нови автобуси за Скопје со цел обновување на возниот парк на ЈСП.
- За остварување на оваа цел Министерството за транспорт и врски спроведе постапка за јавна набавка на новопроизведени нископодни автобуси што беше склучен со украинската компанија ЛАЗ која беше најповолен понудувач. Денеска имаме чест да присуствуваме на свеченото пуштање во употреба на првите 15 автобуси. Со тоа конечно жителите на Скопје добиваат нови и модерни автобуси, рече министерот Јанакиески.
Тој посочи дека сите новонабавени автобуси се целосно во согласност со барањата на Правилникот за пуштање на пазар и ставање во употреба на моторните возила, приклучни возила, опрема и делови кои можат да се вградат или можат да се користат на нив. Автобусите, како што рече, иако се произведени во Украина 70 отсто од нивните делови се од германско производство.
Новите автобуси, според градоначалникот на Град Скопје, ќе значат голема заштеда на ЈСП за резервни делови, одржување и гориво, а скопјани ќе добијат можност за побрзо и поудобно возење.
- После 20 години Град Скопје и ЈСП добиваат целосно нов возен парк, а тоа ќе помогне и за заштита на екологијата бидејќи ќе има помалку издувни гасови, рече Трајановски.
Согласно договорите потпишани со Украина и Кина, возниот парк на ЈСП целосно ќе биде сменет во наредните три години. До крајот на годинава треба да пристигнат и преостанатите 69 автобуси од Украина, како и првите 68 двокатни автобуси од Кина. Владата за потребите на ЈСП ќе набави 84 нископодни автобуси од Украина од кои четири зглобни, како и 202 двокатни автобуси од Кина од кои два панорамски. Панорамските автобуси ќе бидат користени за разгледување на Скопје и Охрид. Треба да се набават и 16 минибуси.
Премиерот Никола Груевски заедно со вицепремиерите Зоран Ставрески и Владимир Пешевски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски беа првите патници кои промотивно се возеа во 15-те новопроизведени нископодни автобуси. Покрај нив, во автобусите се возеа и граѓани.


извор




Ај со здравје да се служиме со новите автобуси. искрено се надевам дека народов ке има барем малку совест и ке гледа да ги зачува автобусиве односно да се понашаат човечки во нив а не како до сега да плукаат во нив да ги кршат да палат седишта и слично... е сега мала забелешка. од вкупно 15 автобуси 14 успешно појдоа арно ама тој едниот нешо не му се поаѓало.. значи ли ова дека квалитетот уште на старт се покажа како не баш толку добар како што кажуваа на телевизииве или нешто друго е во прашање.. ајде кажете си шо мислите за новиве автобуси. П.С ако некој веќе ги испробал нека каже како е возењето во нови автобуси! :)
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.685
Поени од реакции
82.014
дајте слики да ги видиме новите автобуси :helou::smir:
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
дајте слики да ги видиме новите автобуси :helou::smir:
ја ги видов на канал 5 на телевизија и стварно ми се свиѓаат. почекај си вести н аканал 5 или па пушти на сител би требало да ги има
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.498
Поени од реакции
2.622
На денешната промоција, речиси цел владин тим се качи во новите автобуси на промотивна тура низ Скопје. Вкупно четиринаесет автобуси заминаа од паркингот каде беа паркирани, петнаесеттиот не успеа, остана нејасно зошто. Техничките служби на ЈСП допрва ќе испитуваат.Кога ги донесоа кога се расипаа :pos: :pos: :pos2:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.492
Ах овие не се олд скул производња ко старите, нема да траат 70 години :D Ај нека ги донесат и останатите 280, ништо не се 15 нови за олкав град. Пардон, 14 :pos:
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
Ах овие не се олд скул производња ко старите, нема да траат 70 години :D Ај нека ги донесат и останатите 280, ништо не се 15 нови за олкав град. Пардон, 14 :pos:
ајде бе неможе сите од еднаш :) шо ке им праат на стариве.. ке немаат место каде да ги изнесат одеднаш :) како и да е добар почеток е ова.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Ај со здравје да се служиме со новите автобуси. искрено се надевам дека народов ке има барем малку совест и ке гледа да ги зачува автобусиве односно да се понашаат човечки во нив а не како до сега да плукаат во нив да ги кршат да палат седишта и слично... е сега мала забелешка. од вкупно 15 автобуси 14 успешно појдоа арно ама тој едниот нешо не му се поаѓало.. значи ли ова дека квалитетот уште на старт се покажа како не баш толку добар како што кажуваа на телевизииве или нешто друго е во прашање.. ајде кажете си шо мислите за новиве автобуси. П.С ако некој веќе ги испробал нека каже како е возењето во нови автобуси! :)
Ај на здравје..
Ама во последно време изгледа како само Скопје да е Македонија.. Другово - кој ве вози е работата!!?
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
Ај на здравје..
Ама во последно време изгледа како само Скопје да е Македонија.. Другово - кој ве вози е работата!!?
богами така искача работава.. ама ако идеме така скопје станува близу милионски град.. а у македонија има 2 милиона вкупшно нели?
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
богами така искача работава.. ама ако идеме така скопје станува близу милионски град.. а у македонија има 2 милиона вкупшно нели?
Абе добро, ама можеле да "фрлат" по некој автобус ваму-таму колку да замачкаат очи и на другиот милион.

Мислам, ова вака, набавка на нови автобуси и други превозни средства обично го прават самите јавни претпријатија од профитот што го оствариле, или од кредити.. Вака државата прави полошо бидејки ниту сега ниту после 5 години кога со сегашниот принцип на работа овие автобуси пак ќе бидат крш никој нема да сноси вина ниту ќе се чувствува одговорен за ситуацијата во која се наоѓа претпријатието туку вечно ќе чека помош од државата.
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
да се возеа политичариве со старите автобуси, во зимски услови во најладното кога дува од секаде, и тоа во гужвата во шпицот, башка и да стојат....може и порано ке имавме вакви автобуси... сепак да не ги срдиме, добро е и ова.... иначе од кога почињаат со работа и на кој линии ке бидат овие 15... :О
или веќе се низ градов?
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
Абе добро, ама можеле да "фрлат" по некој автобус ваму-таму колку да замачкаат очи и на другиот милион.

Мислам, ова вака, набавка на нови автобуси и други превозни средства обично го прават самите јавни претпријатија од профитот што го оствариле, или од кредити.. Вака државата прави полошо бидејки ниту сега ниту после 5 години кога со сегашниот принцип на работа овие автобуси пак ќе бидат крш никој нема да сноси вина ниту ќе се чувствува одговорен за ситуацијата во која се наоѓа претпријатието туку вечно ќе чека помош од државата.
мислам дека ке има автобуси и за по другите градови.. ке ги распоредат ако не се лажам. а тоа дали ке бидат крш автобусиве после 5 години време ке покаже... ја сум скептик ддека ке ги зачуваат барем овие али.. ке видиме
 
С

сашенко

Гостин
Слики од цел автобус има ли? И ако се пуштени во сообраќај кои лиини ке бидат има најава некоја?
 
Член од
12 јуни 2008
Мислења
5.227
Поени од реакции
972
Нели требаше да бидат на 2 ката или пак јас сум грешка ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom