Новиот клинички ќе никне на 10 ката

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Добро е што ќе се реновура и гради нов клинички.Со тоа се докажуваат делата
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109

реновирање и реконструкција се сосема различни поими од градење нов клинички центар.;)
Точно дека би било сосема ОК дел од постоечкиот да се реконструира оти и не е се“ така старо и никакво ама не е во ред покрај истиот да се измислува и никнува некојси „НОВ„
Нов , да, ама на друго место некаде по на периферија- накај касарната на пример - тамам карши ќе си бидат со америчката амбасада -:P
туку кој го прашал досега па и од сега народот што мисли???!!!
така да некоја усијана глава ако наумила така:sick: -.....и оправдувајте ги- нека ги фрлаат узалудно „вашите„ пари за да „оплодат„ нечии други
не надевајте се дека бетонот ќе ви пружи подобра и поквалитетна здравствена услуга
со многу помалку инвестиции постоечкиот можеа да го подотераат - едни добри фасади , нови тоалети нови болнички кревети и најбитното нова апаратура, а не хотели и катни гаражи:tapp:
Него сосема друго е во прашање- местоположбата е примамлива - нели?;)
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.504
Поени од реакции
14.678
Добро е што ќе се реновура и гради нов клинички.Со тоа се докажуваат делата
Изгледа одамна не си прошетал низ нашето здравство, ти посакувам така и да остане зошто во спротивно немаше да напишеш ваков вовед на бајка.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
^Секаде каде и да отидеш со пари,пријатели и врски добиваш услуга.А ако не ги поседуваш овие способности едноставно како да не постоиш.
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.647
Поени од реакции
14.498
Искрено мислам дека девојчето што го цитираше неколку пати подобро ги разбира работите во здравството одколку ние заедно :)

Aко сака нека ги разбира и како Тодоров и неговите 140 IQ другари заедно, ама не можеш да кажеш дека ова е лоша идеја. Едноставно, не иде.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Aко сака нека ги разбира и како Тодоров и неговите 140 IQ другари заедно, ама не можеш да кажеш дека ова е лоша идеја. Едноставно, не иде.
Не вика дека е лоша идеја туку дека е залудно да го направат бидејќи во него се бара услуга да има квалитетна. Нешто кога би ти рекла џабе девојкава што личи на барбика кога е глупа како коњ :)
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.647
Поени од реакции
14.498
Aбе исто е како на прост таксист од Застава да го ставиш у Мерцедес нов... али ипак... ново си е ново :icon_lol:
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
морав и овде да го постирам истото
И едно прашање до СИТЕ вас- ЗОШТО старата зграда на гинекологија не ја надградија со уште еден започнат кат, туку ја преселија во нова ????

никакво понатамошно градење на висококатници во Македонија-

50 научници сеизмолози и инжинери тврдат деказемјите од стариот континет меѓу кои се и Гејлада, Италија и Турција можат да станат епицентар на земјотрес со јачина од 9 степени по скалата на Рихтер. Кон статијата објавена во францускиот весник “Le Monde” се публикувани и карти, коишто се маркирани соодветно од жолто до темно црвени за најопасните реони
Проучувањето е направено во рамките на програмата SHAPE (Seismic Hazard Harmonization in Europe), 80% се финансирани од ЕУ и е собрана сеизмичката активност на Стариот континент во последните 30 години. научниците го споменуваат и последниот земјотрес од 9 степени по Рихтер кој беше во март 2011 во Фукујама во Јапонија кој предизвика и Цунами потоа.
Нека не си играат играчки со високи градби- кога и онака МКД е ненаселена доволно и место има колку сакаат и што сакаат да изградат

http://www.lemonde.fr/planete/article/2013/08/16/des-seismes-sans-precedent-historique-sont-possibles-en-europe_3462489_3244.html
 
M

Muranyi

Гостин
морав и овде да го постирам истото
И едно прашање до СИТЕ вас- ЗОШТО старата зграда на гинекологија не ја надградија со уште еден започнат кат, туку ја преселија во нова ????
Ова прашање требаше да го поставиш пред 15 години,кога почна изградбата на новата зграда.Со ова темпо,новиот клинички би требало да биде готов до 2150. година.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Ова прашање требаше да го поставиш пред 15 години,кога почна изградбата на новата зграда.Со ова темпо,новиот клинички би требало да биде готов до 2150. година.
доколку не го знаеш одговорот- прочепкај низ нетов и ќе го најдеш решението од ИЗИС
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
ај leandra дај едуцирај ги малку присталиците на изградба на нов клинички -дека идејата не им е ОК
Незнам како се викаше девојката од форумов која зборуваше за германското здравство , но доколку можат нека опишат како е во Германија споредбено со МКД
Никому зданија ,висококатници со ходнници ко лавиринти не му се потребни - битна е услугата, опремата и односот

еден прост но сликовит пример за болничката храна во Германија

Пациентот при прием го посетува асистент со тефтер на кој е понудата за храна , и со него го разгледува менито
Што обично појадува, дали повеќе сака кафе, чај .....
Во менито како правило стои супа, три втори јадења, десерт. Сите се маркирани со А,В, С. Например В менито е вегетаријанско , ако стои * треба да е без свинско од религиозни причини, С е за дијабетичари.
Менито го прави за недела . Пациентот просто само штиклира што храна сака за тој и тој ден

Се што е одбрано од пациентот се внесува во компјутер. да не настане некое недоразбирање
Храната им ја носат во специјални сталажи на кои стојат тањири-термоси.
под секој ајнцер напишано, што и за кој пациент е таа храна
дури и ужината задолжителна

и не така неважно- погледот во зеленило,а не во ѕидишта
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574

Грешиш, идејата е одлична. Сите современи клинички центри се наоѓаат во една голема зграда за да не мора пациентот да се изнесува надвор и да се изложува на потенцијално неповолни временски услови и опасни надворешни влијанија (бактерии, вируси, спори) ако е потребно, да речеме, снимање со рендген или CT, а да не го спомнувам и моралниот аспект на тоа колку е мизерно чувството кога те тркалаат во болнички кревет наваму-натаму, па замисли уште и по улица да треба да го прават тоа, каде што сите кои поминуваат би те гледале. Висококатниците се потребни баш од тие причини, сѐ е на едно место и во секој момент брзо и ефикасно може да се префрли пациентот од еден на друг оддел без да биде изложен на непотребен ризик и трауми.
Болниците Charite во Берлин кои се сметаат за centers of excellence се во една зграда, или ако не се во истата, зградите се поврзани со „висечки“ ходници, за да не се шетаат пациентите надвор. Без разлика на сѐ, болниците се опкружени со дрва, во самиот болнички круг има парк и клупи и погледот е секаде на зеленило. За хигиената мислам дека воопшто нема потреба да објаснувам на кое ниво е.
Оброците се баш вакви какви што ги стави, дури и хартивчето за пациентот е такво. Доаѓа една „сервирка“ со рачен компјутер, го скенира бар кодот на пациентот (лепат на креветот бројче и бар код) и внесува во компјутерот што избрал пациентот. Само, ми се згади кога ги видов послужавниците, не за друго туку ме потсеќаат на деновите кога не можев да се разберам со сервирката и секој ден ми носеше кисел леб и шунка :sick:
Има редовно мени, мени без свинско и вегетаријанско мени. Се модифицира според желбата на пациентот и неговите ограничувања (дијабет, високи/ниски протеини итн.). Не носат секој ден супа и ужина, носат три главни оброка со кои ако сакаш може да земеш и овошје.
Факт е дека храната е милијарда пати подобра од нашата.
Во ходниците стои масичка на која секогаш има филтер кафе, чај, млеко, сокови и чаши и пациентите може во било кое време да си земат што сакаат. Плус пациентите сите пијат флаширана вода, има гајби во ходниците и исто така си зема кој колку сака.
 
тоа е твое видување - но сепак стојам на своето мислење дека огромни згради не се воопшто потребни и нека не се вадат на тоа дека ќе ги расшетувале и возикале пациентите од една до друга клиника оти нема никаква смисла.
Се знае по дијагноза кој пациент за која клиника е и таа клиника ќе треба да си е опремена со најсовремена апаратура за здравствена дејност што ја обавува - ако е за дерматолоија пример што има тие да го развозуваат на психијатрија или гинекологија или инфективна?
хирургијата си е и без тоа засебна и се знае кои пациенти се хоспитализираат таму- така да да не им текне случајно да го испитаат на очно па да го дотуркаат до таму????
лудост невидена, наместо сончев град можеа да го направат нов клинички во природа , тивко, изолирано од бучава ....

туку ај батали ги- не ми се интересни ваквите нивни замисли и хирови
 
Kajgana Shop

На врв Bottom