Јас не гледам проблем во компресорот. 10 години за оваа техника не е воопшто многу. fH35 е исто стара, и има меѓу најдобрите резултати на еуровент. Уруру Сарара исто е стар модел.
Нови модели (како и се ново) не се подобри во механиката, или се многу малку. Често се и полоши. А имаат непотребштини на кило како вифи кои едвај работат, клауд, временска прогноза, и останат интернет булшит кој е реално небитен освен за викендици и тоа викендици во кои имаш интернет... Тракатанци.
Компресорите се исти, фреонот 410 е дури и подобарбод р32 и посигурен за употреба. Само не е "еколошки" како р32.
Бла-бла со други зборови. Кај инвертерот е битно да вади добри резултати на -7, да може да симне до 300-400в, да не дува под 38ц на греење, да има неделен тајмер, и да не се расипува. И да може да се чисти релативно лесно.
Ете тоа се битни работи. Ако ми тера климата 15 години, 24/7, не ме замара, троши малку, не бучи, ми заштедила илјадници евра... Ме заболе за од каде бил компресорот или дали имала клауд.
Ама дувне ли 34ц зимоска, или не гаси вентилстор на дефрост, или кога ќе постигне продолжува да дува или пак прегласен вентилатор, или ако после 1 зима си плаче мајката (како LG од мое искуство што ги замразев заради тоа) тоа не бива.