Најдобри другарки сме, затоа што те мразам!

  • Креатор на темата theTinule
  • Време на започнување

L-A-V

who cares? =)
Член од
2 декември 2008
Мислења
477
Поени од реакции
57
нема во денешно време другари т.е. има ама не НАЈДОБРИ. секој со секого се дружи заради корист
 

Кент

Професионалец
Член од
16 февруари 2010
Мислења
255
Поени од реакции
15
нема во денешно време другари т.е. има ама не НАЈДОБРИ. секој со секого се дружи заради корист
Не секогаш. Иако факт е дека поголемиот дел од пријателствата се поради тие цели.
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
скоро секое мое другарство се сведувало на ривалство, а секогаш верувале или не почнувало од моја другарка, која ( подоцна дознавам) од самиот почеток речи си, ме сметала за соперничка, ривал, а јас ниедна моја другарка не сум ја доживувала така, отпосле кога ќе го почувствувам ривалството кај другарката, порано или покасно, сакала нејќела, (заради самоодбрана) станувам ривал...
 
Член од
13 септември 2009
Мислења
287
Поени од реакции
110
нема во денешно време другари т.е. има ама не НАЈДОБРИ. секој со секого се дружи заради корист
pa delumno e taka no koga ke vidis i ti koristis drugar-ka za da si go popunis vremeto ili pak za da se nasmees a isto i on-a tebe taka da samoto prijatelstvo e korist (na dobar ili los nacin) kaj sekoj razlicno
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
15 години сте.
Не го сфаќате поимот најдобра другарка. Ако седите заедно во клупа, и ако одите заедно на секции и минувате поголем дел од времето заедно, можеби се декларирате како најдобри другарки, но не мора да значи дека сте. Другарка не се пушта на дечкото на другарка и, а камоли на најдобрата и другарка.

И постот да не ми биде само наменет на првиот пост, ќе кажам дека глуп ми е насловот на темата, а и самата тема.
Не до возраста, до искуството е. Јас до ден денес понекогаш се наоѓам во дилема кога се во прашање проценките на вистинските другарства и одвреме навреме ќе наидам на скриени мотиви, на лицемерни гадуринки, на плашливо завидливи суштества и сите се околу мене... Најверојатно, времето покажува. Со тие што не сум сакала да се дружам сум го прекинала другарството, другарки за кои сум мислела дека сме сродни душа и им сум се доверувала за `се се испоставило дека биле апсолутно неискрени и другарството се прекинало. Тешко е да се процени вистински пријател покрај доста квалитетни глумци со сељачки морал и богата историја на изгледани сапуници позади нив.
Вистински пријател ретко се наоѓа. Такви ги имам неколку и се трудам да бидам апсолутно несебична кога се тие во прашање.
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
на 15-16па дури и на 17 години не можеш да процениш дали имаш вистински другар. јас до пред неколку месеци имав едно друштво и во него 2-3 другари ги сметав за најдобри другари ама сега се е сменето. сега имам сосема трети “другари“ ( ќе го ставам во наводници), а со тие претходните имам само едно здраво. еве на пр. ќе одвојам еден од “другарите“ со кого учам од 5то одд. и живееме во исто маало. бевме неразделни, заедно седевме, ги знаевме тајните еден на друг и т.н. ама сега од кога почна учебнава година дојдоа нови деца в клас ( знаете во 3та година не’ мешаат) и сега гледам почесто се дружи со новите (двајца се), за јадење повеќе оди со нив, кога одиме на компјутери тој со нив седи и други такви глупости и ај кажи тоа другар е :nesvest:. со мене како да не се познава на моменти се прави, а заедно сме од 10та година. фактички тој ме користи за кога му е досадно низ маало или за дома да не си оди сам......
и убаво некој погоре како што рече нема вистински другар во денешно време. ехе може за неколку години ќе имам поинакво мислење и може ќе го најдам “вистинскиот“ другар :toe:
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
91
Поени од реакции
3
Вистинско другарство е навистина ретко. Јас лично сум била жртва на вакви лицемерни пријателки кои ми предизвикале нервози, но се потрудив да извлечам поука за во иднина. Сега избегнувам да коментирам отворено за некои работи кои сметам дека можат да бидат искористени во др контекст, да споделувам мои лични доживувања и проблемите сакам да ги решавам сама. Во првите постови прочитав нешто за влијанието на шпанските серии, добро, тука ги вклучувам и американските тинејџерски филмови кои пласираат тип на однесување кој е на некој начин ставен како прифатлив ( најубавите девојки се дружат во групи, излегуваат со најјаките фраери, се навредуваат оние кои учат, бубалиците нели, ги исмејуваат другите..) безброј примери кои младите ги гледаат и прифаќаат. Младите умови не се созреани до тој степен да самите одлучат што е она што вреди, туку паѓаат под влијание на ваквите однесувања. Секако годините и искуството го прават своето, но траумите кои другите ги доживуваат ги следат и понатаму. За разлика од некои кои би сакале да се претопат во таа група, јас не се согласувам со тоа и ги избегнувам тие ,, пријателки,, но сепак внимавам за во иднина да не се случуваат истите грешки. Овој проблем во иднина ќе биде се поизразен..:mist:
 

PokerFace

I'll never be the same..
Член од
30 март 2009
Мислења
1.212
Поени од реакции
623
Вакви случаеви има насекаде. Сум имала само една ваква другарка (се надевам само таа е) и ептен гадно ме има заебано кога највеќе ми беше потребна. Секогаш гледаше да е подобра од мене во школо, гледаше да биде подобро облечена, да има поубав дечко и такви глупави работи. Не ми сметаше тоа се додека на крај не го одвлечка мојот дечко во своите прегратки. Од тогаш пазам на кого верувам, пазам што на кого кажувам, бидејќи секогаш те заебува оној кој најмалку мислиш дека ќе го направи тоа.
 

Annath

Полуактивен член.
Член од
11 јуни 2010
Мислења
338
Поени од реакции
41
нема во денешно време другари т.е. има ама не НАЈДОБРИ. секој со секого се дружи заради корист
Се согласувам.
Такво време доаѓа. Јас имам другарки кои, меѓусебно се озборуваат, што не зборат една за друга а кога се заедно, како сестрички се. И кога ќе ги видам ми доаѓа да земам пиштолот и да се упукам. :nesvest:
 
T

theTinule

Гостин
Како прво во денешно време не знам како можете некој/а да класифицирате како најдобар/а другар/ка.
Изумрееа тие таквите ..
Многу мразам ваков став. Никаде нема да најдеш дрн дрн. Најчесто овие што ми го кажуваат ова, се тие што ми прават лице и се преправаат дека се „вистински другари“.

Ако не тргнеш од самиот себе, јас сакам да бидам искрен другар, да имам вистинско другарство со некој, никогаш нема ни да најдеш вистински другар.

Не треба да генерализираме другарство. Еден другар те изневерил. Пробај со друг. Не мора да значи дека ако еден те иневерил не треба на никој да веруваш понатаму. Баш напротув, треба да го бараш вистинскиот другар. А кој бара - наоѓа.

Друго што прочитав, ова поретко го имало кај машките отколку кај женските. Не е точно! Баш напротив, мислам дека машките не се толку чувствителни и отворени. Мислам дека другарството меѓу мажи е поНЕискрено отколку едно другарство меѓу жени. Мажите се дружат само од корист, а користа од дружење со луѓе од истот пол им е само - забава.
 
Член од
4 јануари 2015
Мислења
1.151
Поени од реакции
512
Сум имала ваква другарка,денес такви се дружбите, 21 век сме
 

Kajgana Shop

На врв Bottom