Многу не отпишаа ,не немаше ни на навивачката мапа но оваа полусезона број 1
Кратко резиме полусезона 2016/17 :
Повеќе од месец дена им требаше на кфм и клубовиве да се договорат дали сезоната воопшто ќе почне, едните сакале странски засилувања, другите поголема котизација бла бла празни муабети, најбитно е тоа што за џабе се и домашни и странски играчи кога нема публика и навивачи. Продолжи тиранијата врз нас "екстремните навивачи" како што не нарекуваат.Под разни уцени, не знам од кого, речиси сите клубови кај што ќе се најави поорганизирано гостување, даваат одговор дека тоа неможело да се исполни, немало услови и слично. Секаде кај што отидовме по самиот почеток на навивањето доаѓа и до контакт со полиција и нивното укажување да немало проблеми ова она ќе реагирале, АЛООООО па вие будали сте или будали се правите, во изминативе 2 месеци се случија толку партиски собири, митинзи, организирани по 20-30 автобуси од еден во друг град, на никого ништо не му забранивте, се палеа бакљи димни стробови, се славеше по улици, на никого од нив не му забранивте да прави што сака. На крај почнаа јавно преку митинзи да се закануваат едни на други, вие пак ништо не спроведовте, никого не казнивте. Палеа огин и фрлаа ѓубре пред јавни институции, вие пак ништо не превземавте. Останавме ние, малубројните навивачи, млади нормални луге, што за забава и дружење одиме на утакмици а не по митинзи и штабови, зашто врз нас употребувате екстремни мерки како да сме терористи а во врска со нив не превземате ништо? Од друга страна кога веќе навлеговме во политика, сите тие неснаодливи дебили што идат по партии, како и самите истакнати политичари се луге кој во животот немаат свое јас, идат таму лижат гз се праваат дека имаат некој си идеали а што е најтрагично играат на карта национализам, па кој националисти Македонци сте вие неписмени едни? Они ќе ја бранеле Македонија, Македонија ја продадоа истите ваши партиски педери.
Исполитизитаната македонска прва кошаркарска лига полека ги губи не само обичната публика туку и навивачките групи.Оваа полусезона ниедна група освен нас не оствари ниту едно гостување. Па многу нормално, со такви притисоци, закани и казни, секој нормален човек ќе се запраша дали одењето на спортски натпревар треба да му донесе кривична пријава, казна од 200-1000 еур, тормозење од полиција... Во последниве години а поготово во 2016 се случува да еден смрдлив политички митинг собира илјадници луѓе, а на најголемите дерби спортски натпревари, кои почнаа да добиваат термини во работен ден и работно време, да неможат да се соберат ни 100 луѓе. СРАМОТА И БРУКА ЗА ЦЕЛОТО ОПШТЕСТВО ВО ОВАА "ДЕМОКРАТСКА ДРЖАВА ".
И покрај сето ова ние продолживме да функционираме и другаруваме, обработивме 7 од 8 натпревари ( 3 гостувања ), не присуствувавме само во Охрид, таму кај што лани отидовме и по влегувањето во сала бевме насилно избркани. Дружба заебанција песна и позитивна атмосвера на останатите натпревари, за жал не успеавме да славиме ниту една победа, но затоа во стил ја прославивме нашата јубилејна 5та година од кога се појавивме. Во најава се и слики и видеа од целата полусезона. Да се надеваме дека во наредната втора полусезона доааѓаат подобри времиња и за нас и за нашиот клуб.
Имајте среќни новогодишни и божиќни празници, да живее Вардар и Македонија.
АНТИ ПОЛИТИКА ВО СПОРТОТ !!!
СТОП ЗА ПОЛИЦИСКАТА РЕПРЕСИЈА ВРЗ НАВИВАЧИТЕ !!!
БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА !!!