Навивачки групи во Македонија!

Статус
Затворена за нови мислења.

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.210
Поени од реакции
4.951
За жал нема услови за гостински навивачи зошто тргнати се оградите и после утакмицата со Вардар почнува рушење на постоечката трибина, не лажиме ние како кратовчани :D
Требаше уште пред неколку кола да се почни со рушење на трибината, таму негде средината на Октомври, ама му беше наредено од управата да се доигра есенскиот дел од шампионатот па после да се почни со работа на стадионот, само во МАКЕДОНИЈА се работат градежни активности на зима, цело лето така му помина, ден да работеа, ден да одмараа до сега пет пати ќе беше готова трибината, ама тоа е јбг чекаја да наближат изборите па да се фатат за работа...
Да се надеваме дека ќе биди забрзан процес со градењето и нема да фатат некој зими до -20 и снегој, па да биди на стенд бај градењето, инаку ако си играт курташак, само ќе ја турнат трибината и ќе го остават местото како руина од 17 век :D Па дури тогаш незнам дали во блиска иднина би гостувала некоја група.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.681
Чкембари дали сте сериозни дека сте снимиле песна Crazy green fuckers и истата ја пуштате пред утакмици? :pos::pos::pos:

Оу мај факинг гад...
 

ZelenoBel

Нова Битола
Член од
30 април 2013
Мислења
1.474
Поени од реакции
6.650
Чкембари дали сте сериозни дека сте снимиле песна Crazy green fuckers и истата ја пуштате пред утакмици? :pos::pos::pos:

Оу мај факинг гад...
Ти дали си сериозен со муабетот? Песната е постара од мене :)
 

ZelenoBel

Нова Битола
Член од
30 април 2013
Мислења
1.474
Поени од реакции
6.650
Поим немав жими се :icon_mrgr:
Време е да промените некои навики, несериозно изгледате до небо :icon_mrgr:
не ги пуштаме ние песните, од клубот ги пуштат, и незнам шо му фали на песната... :)
Поради инцидентот со судијата, за да излезиме во пресрет на клубот се префрлиме кај обичната публика,по барање на судиите..... иначе 0-3 ја свиреја одма. Дел од кореграфијата, 70 % Се уништи .....
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.294
Поени од реакции
5.495
Чкембари дали сте сериозни дека сте снимиле песна Crazy green fuckers и истата ја пуштате пред утакмици? :pos::pos::pos:

Оу мај факинг гад...
Oвa песнa дa критикувaш е кaкo нa некoј Мaкедoнски Евергрин дa му нaoѓaш мaни. Сигурнo е пoстaрa oд 20 гoдини. Е сегa мaјмуните шo јa препевaт вo Crazy Red Fuckers е другo 20 .
 
Член од
13 септември 2015
Мислења
1.010
Поени од реакции
2.283
ФФМ МАФИЈА! Уништен дел од кореографијата, бројка задоволителна за работен ден, фудбалот катастрофа никаква акција ни од двете екипи..
Иако ги мразам ФФМ од дното на душата,сепак вие си бевте криви за тоа што се деси.За кој кур некоја будала фрлаше по судијата? Да досудеше непостоечки офсајд,аут за погрешна екипа или што било друго ќе разберев а од чиста мира да го погодиш со топка снег не разбирам.Уште се погоди и најстрогиот судија во државава со најголема интернационална кариера па добро беше и што не побара целосно да ја напуштите трибината.
 
Член од
13 септември 2015
Мислења
1.010
Поени од реакции
2.283
Комбат и поголема бројка и подобро навивање имаа него ли ЦПБ,во се беа подобри подобри Комбат...Ехх до каде стигнаа ЦПБ една "подгрупа" на Комити да ги згази на домашен терен :D
 
Член од
5 октомври 2016
Мислења
73
Поени од реакции
204
ФК РУДАР, ЕМОТИВНАТА ПРИКАЗНА НА МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ!



Ф.К. „Рудар“ е клуб од Пробиштип, основан во 1947 година. Клуб кој во својата историја имал доста играчи кои оставиле белег во македонскиот фудбал.
Денес Рудар е клуб кој преживува благодарејќи на своите навивачи. Тие со сите свои сили, на секој можен начин се борат и успеваат да го одржат својот клуб во живот и да се натпреварува.
Рудар е клуб кој нема пари, нема огромен стадион, нема спонзори на својот дрес, но има нешто што вреди многу повеќе од тоа, Рудар има вистински и искрени навивачи кои никогаш нема да престанат да се борат за него.
Стиховите: „Цел живот ти го посветив и не ми е жал, се што имам јас за тебе би дал...“, не се само празни стихови во една песна, туку за навивачите на Рудар тие се животно мото, начин на кој одлучија да ги живеат своите животи.
Токму поради тоа Рудар е емотивната приказна на мак-фудбалот, затоа Рудар е уникатен и единствен клуб во нашиот мизерен фудбал.

КАКО ЗАПОЧНА СЕ…

Во далечната 2006 година ФК Рудар по примерот на огромен број на фудбалски клубови ширум Европа и светот ја доби својата навивачка група „Багабонти Пробиштип“. Токму луѓето од оваа навивачка група се најзаслужните за денешниот имиџ на својот Рудар, клуб кој ги освојува симпатиите на сите искрени вљубеници на фудбалот во Македонија. Нивната борба и упорност се уникатен пример дека кога во Македонија ќе се соберат луѓе кои делат иста љубов и пасија чудата се случуваат.
Проблемите на Рудар започнаа по неговото испагање од трета лига во четврта лига, момент кога клубот беше напуштен на себе, момент кога клубот беше речиси згаснат. Но токму Багабонтите не дозволија Рудар да згасне, и ја започнаа својата борга и испишување на една успешна приказна, приказна со љубов , труд, и борба.

СПАС ЗА РУДАР

„Спас за Рудар“ беше кампањата со која почнаа Багабонти да се борат и да ја алармират македонската јавност за проблемот и згаснувањето на уште еден успешен спортски колектив во нашата држава, нешто што претходно е видено многу пати. Акцијата колминирише со маршот за Спас на Рудар, кога во Пробиштип маршираа навивачите на Рудар со јасна порака, клубот мора да живее.

ТРИБИНАТА ЗАМЕНЕТА СО ЗЕЛЕНИОТ ТЕРЕН

Навивачите на Рудар беа приморани да ја напуштат трибината, но не бидејќи сметат дека навивањето е безполезно, туку дека мораа да го спасат својот клуб. Дел од нив станаа играчи на Рудар, останатите формираа нов клуб се со цел да опстане лигата во ОФС Пробиштип а тоа беше Младост Кундино. Облечени зелените дресови како една од бојата на Рудар, и играње на фудбал со желба да се спаси својот клуб.
Успехот дојде, но, на крај со големо разочарување, во бараж натпреварот ги добија „Академија Пандев“. Битка на две сосема спротиставени филозофии на фудбалот, едната клуб со традиција, навивачи и клуб кој го одржува духот на фудбалот кога тој стана најпопуларен спорт, наспроти парите и клуб кој го претставува модерниот фудбал. Рудар беше поразен и мораше да почека уште една година за враќање во трета лига.

ФАНАТИЗАМ

Навивачите на Рудар се вистински фанатаци кои буквално живеат за својот клуб. Од кога клубот се врати во трета лига , почна борбата за обезбедување на потребните средства за клубот. За жал наидуваа на затворени врати, никој најверојатно не сака да инвистира во клуб од кој нема да оствари реклама или профит. Тогаш навивачите на Рудар за македонски услови се решија за најлудиот можен потег, сите свои заштеди кои ги чувале за остварување на некој нивни потреби и желби ги дадоа за Рудар, ги дадоа за нивната љубов да живее.
Рудар како уште еден од белезите што го прави поинаков од останатите фудбалски клубови во Македонија е и фактот што тој е единствен клуб кој во македонските лиги, имал поддршка на сите натпревари дома-гости.На дел од тие натпревари беа одбележени и со одредени кореографии.

РУДАР ЌЕ ЖИВЕЕ

После сето напишано повеќе од јасно дека како клуб Рудар никогаш нема да згасне.Сепак треба да се напомене и фактот дека Рудар има и потреба од инвеститори, луѓе кои нема можеби да инвестираат во своја лична промоција и за профит, туку ќе инвистираат во клуб кој го одржува вистинскиот фудбал жив, игра која се игра за љубов а не за пари, игра наменета за децата од работничката класа.

 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom