Нема шанса последни да бидиме. Ако така изгледа на хартија. Последен ќе биди некој дисфункционален тим, како што беше Милвоки лани. Сиксерси се премногу организирани и добро тренирани за да бидат последни без разлика што на хартија имаат ростер како на колеџ тим а не на НБА екипа. Голема улога на дното има мотивацијата и бробеноста на играчите. Нема шанси млада екипа како Сиксерс да биде последна. Играчите и онака се борат за да се покажат дека вредат нешто, на терен нема никакво танкање од Филаделфија. Танкањето е во составувањето на екипата, макар што тоа беше минатата сезона од оваа ќе се оди нагоре, не е баш целта висок пик туку да им се даде шанса на младите максимално за да се развијат. Е сега млади се и ќе губат заради неискуство нормално.
За Орландо и Јута јас па обратно мислење имам, дека ќе бидат подобри од очекувањата. На западот освен Лејкерс нема очигледен кандидат за дното. Не дека не мислам дека можат да изненадат колку што ми се чини дека може брзо да се разочараат ветераните после евентуален слаб старт и оттаму натаму се наудолу да тргни. Ама има еден куп екипи за кои стварно не знам што да очекувам како Сакраменто, Денвер и Феникс. Минесота исто е голем знак прашалник. Не се толку слаби во принцип, ама ако решат да ги играат младите место старите (што во принцип им е паметно), може лошо да поминат на западот.
Зависи што подразбираш под изненадување
Јас мислам дека ќе имаме сличен скор како и лани околу 20 победи. Инаку најсериозно, ги гледам сите натпревари и сум прилично добро информиран, не се замара толку многу со танкање управата на Фили колку што мислат однадвор. Едноставно немаат никаква намера да трошат пари, пикови и сл на играчи кои нема да имаат никаква улога долгорочно. Им даваат шанса на млади играчи, па каде завршат нека завршат (само што реално толку млада и неискусна екипа нема шанси во НБА). И сите трејдови кои ги направија бе колку да земат нешто за играчи на кои не сметаа во иднина а не толку дека ги распродаваа за да можат да губат како што трубат медиумите.[DOUBLEPOST=1412965680][/DOUBLEPOST]
Joel-Hans Embiid @JoelEmbiid · Oct 7
I averaged 39 ppg, 15 rbs, 7 ass, 6 blks #MVP
Joel-Hans Embiid @JoelEmbiid · Oct 7
I’m a beast in 2K15. I won a championship with Philly in my first year #NBA2K15 #unstoppable
За ова си ептен во право. Веќе има повеќе заебанции направено од цела екипа Филаделфија што направила откако навивам за нив.