Нè брка полиција од парк, што со тоа?

Х

Ханзо

Гостин
па мали во паркот се излага уште од 90-те години од страна на HC момци и девојки,,,,и одеднаш дојдоа тие кремчиња и шемаџии кои ДЕМЕК уживаат во паркот,и им смета таа хардкор екипа...ТРАДИЦИЈАТА продолжува
се гледа колку шеташ низ паркот...на Гоце седат Скејтерите,металците претежно седат на сепариња,а кремчињата и шемаџиите одат од зоолошка кон дискотеките,кои цело време само шетаат низ дискотеката...ЕБАТИ ДРУЖБАТА
Примерите ги дадов онака, ми се повраќа од секое спомнување на идиотските категоризации „металец“, „скејтер“, „панкер“, „рапер“, „кремац“ и слични. И не скокај ко петел, ниту одам по дискотеки, ниту сум „кремац“ или „шемаџија“. Ако сакаш да го сведеме муабетот на лични напади, се префрламе на профилиок?
 
/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
Примерите ги дадов онака, ми се повраќа од секое спомнување на идиотските категоризации „металец“, „скејтер“, „панкер“, „рапер“, „кремац“ и слични. И не скокај ко петел, ниту одам по дискотеки, ниту сум „кремац“ или „шемаџија“. Ако сакаш да го сведеме муабетот на лични напади, се префрламе на профилиок?
оффтопик:лично тебе не ти потенцирав дека си или дали си кремче или шемации,ако те погоди тоа,тогаш тоа е твој проблем:smir:
Зашто Идиотска категоризација??/Па таа категоризација не е измислена во Македонија!!!
зашто ако имам +18 да не можам да пијам лименка пиво седнат во паркот,било кај езерце,школка,сепариња или кога шетам???
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Зошто таква иронија? Па токму тоа кое го зборам го докажува цитатот на Ејсид. Од 300 луѓе 20 се малолетни, значи дека гњавеле полнолетни личности, на места каде легитимно имаат право да бидат кога сакаат. А исповедот на цитатот на Новинарка ќе го прерипаме, сите ќе ги прерипаме, сите кои тврдат дека биле обесправени?!?

Тоа е пријателе како ти да отидеш на утакмица на Вардар со син ти кој го спомна, да пиеш пивце и надвор да те соберат у станица, и место да му купиш кола на истиот тој што си го учел на традиција на градски, парите да ги дадеш за казна бидејќи си пиел пиво на утакмица. :wink:
Или истата ситуација само обратно... и син ти да ги даде парите со кои сакаше да те изненади за роденден, за казна. :toe:

Супер закон! :salut:
Прво да се извинам, не сакав да испадне до толку иронично-грубо, но ете, бидна :smir:
Друго ми е битно, тоа што спомена, дете. Тргнувам баш заради тоа, од сопственото семејство, не сакам да го прави тоа и еден ден да отиде во погрешен правец. Да вложуваш во нив цел свој живот, за на крај да си го зезне животот...
И јас имам нешто слично правено, не сум светец, па баш ради тоа и знам дека некои од тоа друштво отидоа малку предалеку и...но тогаш на тие години исто и ја се бунев (само не за цела ноќ туку за барем до полноќ-беше забрането после 22.00 да се седи надвор на улица-од маалските милицајци), бев со тој памет. Сега поинаку размислувам кога гледам дека сето тоа води и во друг правец. Инаку, не било само за алкохол, иако тоа е напишано во медиумите.

Едно е несоодветниот однос на одредени полицајци, а друга е целта на акцијата. Инаку за тој однос, ...и тогаш имаше такви меѓу редовите на милицијата, имам јадено и јас и пред конзулат и на одмор и еднаш на забава (луда забава :) )... ама не се смееше да се писне. Не велам дека треба да се ќути и да не се писне во однос на несоодветното понашање на припадниците на МВР, но критика кон ваков вид акции-тоа не е добро.
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Би го ослободил Грујо од муабетов ама самата тема се вика “Не брка полиција“, а полицијата ја контролира министер со бркови за внатрешни, кој е поставен под директен надзор на Грујо. :toe: Додека тој не даде амин, Miracles dont happen.

2. Немам некоја особена желба да гледам пијани малолетници (малолетнички е друг муабет:) ) но од друга страна, не сакам некој чика у плаво да им каже дали тоа што го прават е добро или лошо зашто сметам дека репресијата врз малолетниците ќе доведе до други поголеми проблеми во општеството, а за тоа се доказ токму западните земји кои ги земаме за пример.

3. Според законот и според моите сфаќања, јавниот ред и мир (значи малтретирање на мнозинството по било кој основ) не смее да се наруши. Па ако ти сакаш да мавнеш црта у парк и да играш гола, hey that`s just fine with me, само се надевам дека го одржуваш своето тело во форма, на џандарите кои ќе те гледаат да им биде забавно. :icon_lol: Арно ама, тоа да не го праиш на пладне кога шетаат баби со внуци. По полноќ у парк има само такви “лудаци“ као тебе кои сакаат да праат глупости, значи се` ќе биде во ред и за тебе и за нив.

:pos: Touchdown.

Ако сакаме да се правиме слепи, тогаш можеме да кажеме и дека нема полиција во парк, лаже и Pomarandza што ја поставила темава, и сите уживатели на паркот по полноќ.

Иначе, колку и либерално да делувам на темава, ми пречи што ми пипкаат во емоциите. Ми пречи што градски го преименуваат во Филип втори за да можат да ќарат гласачко ливче од некој опинок од рандом делчевско село, што бркаат и шуто и сакато од парк за да излижат нечиј бриселски гс (или бог знае шо им е сеа муабетот), ми пречи што градат Хотел на плоштад, ми пречи што тепаат студенти и после тоа и ги тужат, ми пречи што официјалните лица се занимаваат со глупости место со битни ствари, и уште кога се занимаваат со нив, лошо ги сработуваат.
1. Затоа што законов не е поврзан со тендери, набавки, буџетски пари и сл., па да разглабаме околу сомнителните мотивации од тој тип, може да ни стане сеедно дали го спроведува Грујо или Обама, и да се фокусираме чисто на законот како форма.

2. Постои закон (одамна), околу тоа до колку часот малолетник смее да биде надвор, без супервизија на возрасен и колку смее, односно не смее, да конзумира алкохол и наркотици.
Тоа што до сега не се спроведувани, не значи дека не треба да се спроведуваат воопшто.
Патем, по твојата логика со "репресијата" врз тинејџерите...Ако тинејџер одлучи да се фикса и да дила дрога, контрапродуктивно е било семејството, било надлежните органи да го ограничат во тоа. Ќе му створат отпор и нема да ја почитуваат неговата слободна воља :(

Виктор, секој закон може да го протумачиш како репресија. И педофилите у Холандија се осеќаат репресирани.

3. Исто е забрането гол да се шеташ у јавност. Јбг. И не е важна местоположбата на јавната површина, ниту делот од денот. Како што не е важно дали некого убиваш у 12 саат попладне или на полноќ, ниту пак каде го правиш тоа.
Сепак, можеби примерот не ми беше доволно пластичен. Ќе пробам со друг...Сметам дека е слобода, како панкер рецимо, да мавам со стаклени флаши по фуфиците кои идат у Колосеум (да, тоа се дешава де факто). Можда и ќе погодам некоја и ќе ја повредам, али јбг, тоа е моја лична експресија против естаблишментот и класните поделби. Кој смее да ми ја ускрати, плус на место ко паркот, кај што све кул деца сме собрани?

4. Нема баш touchdown. Каде негирав дека се шета полиција низ парк?
Се шета и легитимира. Исто како што правела у време на екс сфрј. Дали сметаш дека бивша Југославија беше полициска држава?
И плус го прашав типот некои прашања, но не одговори. Без нив, немаме целосна слика.

5. И на педофилот и силувачот му чачкаат у емоциите, и тоа ептен, кога го спречуваат со закон да го прави она што го прави. Законите не се носат заради нечии емоции и идеи за слобода.
А, со самото тоа што пак ги ставаш у муабетот црквата и сл., само покажуваш дека тебе те мачи анимозитет кон владата општо и дека, од тоа стојалиште, необјективно судиш за секој нејзин потег.

6. Го прочитав и линкот од Ацид. Легитимирале полнолетни во поголем процент.
И?
Колку прецизно може да разликуваш 20 годишна особа од 17 годишна?
Пак ќе повторам, и во сфрј, и сега, стои дека полицаецот може да те легитимира кога сака. Особено на подрачја како паркот, кои се итекако дувла на деликвенција.

У глобала, муабетиве на темава се у стилу на ликот на Кили у Тетовирање.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320

па боље голи да шетаа него разголени, маето нивно, асоцираат на секс, тоа е полошо него голи да шетаа ова жеништава!
Некад и овака сеа ко шо се шетаат било забрането а со тек на време и голи да шетаат ќе биде нормално ко сеа шо е нормално да идат по улица, мореееее....
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
па боље голи да шетаа него разголени, маето нивно, асоцираат на секс, тоа е полошо него голи да шетаа ова жеништава!
Некад и овака сеа ко шо се шетаат било забрането а со тек на време и голи да шетаат ќе биде нормално ко сеа шо е нормално да идат по улица, мореееее....
Абе, како тргнало од Холандија, легално за некое време ќе биде и да имаш секс со 10 годишно дете.
Не е тоа поентата.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Прво да се извинам, не сакав да испадне до толку иронично-грубо, но ете, бидна :smir:
Друго ми е битно, тоа што спомена, дете. Тргнувам баш заради тоа, од сопственото семејство, не сакам да го прави тоа и еден ден да отиде во погрешен правец. Да вложуваш во нив цел свој живот, за на крај да си го зезне животот...
И јас имам нешто слично правено, не сум светец, па баш ради тоа и знам дека некои од тоа друштво отидоа малку предалеку и...но тогаш на тие години исто и ја се бунев (само не за цела ноќ туку за барем до полноќ-беше забрането после 22.00 да се седи надвор на улица-од маалските милицајци), бев со тој памет. Сега поинаку размислувам кога гледам дека сето тоа води и во друг правец. Инаку, не било само за алкохол, иако тоа е напишано во медиумите.
Исклучиво твое е правото да го воспитуваш својот син, и само тебе може општеството да ти прогледа низ прсти ако кренеш рака на него. Затоа и сметам дека додека не се нарушува јавниот ред и мир, и основните закони во паркот, нема што некој џандар да спроведува етика и морал и да ги праќа децата/луѓето дома на спиење.
ada напиша:
1. Затоа што законов не е поврзан со тендери, набавки, буџетски пари и сл., па да разглабаме околу сомнителните мотивации од тој тип, може да ни стане сеедно дали го спроведува Грујо или Обама, и да се фокусираме чисто на законот како форма.

2. Постои закон (одамна), околу тоа до колку часот малолетник смее да биде надвор, без супервизија на возрасен и колку смее, односно не смее, да конзумира алкохол и наркотици.
Тоа што до сега не се спроведувани, не значи дека не треба да се спроведуваат воопшто.
Патем, по твојата логика со "репресијата" врз тинејџерите...Ако тинејџер одлучи да се фикса и да дила дрога, контрапродуктивно е било семејството, било надлежните органи да го ограничат во тоа. Ќе му створат отпор и нема да ја почитуваат неговата слободна воља

Виктор, секој закон може да го протумачиш како репресија. И педофилите у Холандија се осеќаат репресирани.

3. Исто е забрането гол да се шеташ у јавност. Јбг. И не е важна местоположбата на јавната површина, ниту делот од денот. Како што не е важно дали некого убиваш у 12 саат попладне или на полноќ, ниту пак каде го правиш тоа.
Сепак, можеби примерот не ми беше доволно пластичен. Ќе пробам со друг...Сметам дека е слобода, како панкер рецимо, да мавам со стаклени флаши по фуфиците кои идат у Колосеум (да, тоа се дешава де факто). Можда и ќе погодам некоја и ќе ја повредам, али јбг, тоа е моја лична експресија против естаблишментот и класните поделби. Кој смее да ми ја ускрати, плус на место ко паркот, кај што све кул деца сме собрани?

4. Нема баш touchdown. Каде негирав дека се шета полиција низ парк?
Се шета и легитимира. Исто како што правела у време на екс сфрј. Дали сметаш дека бивша Југославија беше полициска држава?
И плус го прашав типот некои прашања, но не одговори. Без нив, немаме целосна слика.

5. И на педофилот и силувачот му чачкаат у емоциите, и тоа ептен, кога го спречуваат со закон да го прави она што го прави. Законите не се носат заради нечии емоции и идеи за слобода.
А, со самото тоа што пак ги ставаш у муабетот црквата и сл., само покажуваш дека тебе те мачи анимозитет кон владата општо и дека, од тоа стојалиште, необјективно судиш за секој нејзин потег.

6. Го прочитав и линкот од Ацид. Легитимирале полнолетни во поголем процент.
И?
Колку прецизно може да разликуваш 20 годишна особа од 17 годишна?
Пак ќе повторам, и во сфрј, и сега, стои дека полицаецот може да те легитимира кога сака. Особено на подрачја како паркот, кои се итекако дувла на деликвенција.

У глобала, муабетиве на темава се у стилу на ликот на Кили у Тетовирање.
Зошто Ада тераш инает? Се осеќам ко да дебатирам со злобник. Едноставно не прифаќам дека превидуваш работи или дека случајно избегнуваш мои констатации. Мислам дека намерно водиш ваков муабет кој вришти “сакам да се спротиставам“.

1. Ок.

2. Јас веќе нагласив дека законот мора да се почитува, но не се сложувам со него. Вистинскиот проблем за кој зборувам е малтретирањето на возрасните во паркот кои не кршат правила.
И не, немам намера да станам секташ, не ме интересира муабетот за слободна волја, упорно зборам дека родителите треба да го воспитаат и контролираат детето, а не властите. :)

3. Како тоа изедначуваш танцување гола во парк со мавање со флаши. Милион пати имам повторено “се додека не се повредува друг“. Не се работи за личните чувства, туку за доброто на заедницата (нормално според мои сфаќања).

4. Нормално дека беше полициска држава. Официјално смееше да кажеш Тито е мочко, ама потоа се соочуваш со тортура, психичка, не ретко и физичка, од властите а преку нив и од општеството. Како што денес се етикетирани панкерите шо ги спомна, никаква разлика нема.
И не, полицијата не “само легитимирала“ привела луѓе кои биле казнети затоа што постоеле у парк. Ја читаше колумната, или и нејзе нема да и веруваме, како на моите пријатели?! Единствено полицијата е релевантна нели?

5. Јас тргнувам од себе, нормално. И според мене, и моите сфаќања, кои се лично мои и не значи дека се исправни и сите мора да ги имаат во глава како мене... силувачи и педофили не може да бидат на исто рамниште со алкохоличари од едноставна причина. Пречење на околината. На силувачи и педофили им е забрането да ја практикуваат нивната пасија бидејќи повредува други луѓе, алкохоличарите можат да се уништуваат само себе. Тоа е и моето стојалиште околу муабетот, прави апсолутно што сакаш, додека не ги загрозуваш другите. И сега ти кажи ми како јас и ти кои пиеме пиво во парк на трева ги загрозуваме другите?

6. Може да те идентификува, ама не може да те натера да дуваш додека седиш, мислам тоа само на џандар може да му текне, “дувај, откајзнам може после ќе возиш“. :icon_lol: А па да те приведе у марица зашто пиеш пиво... :nesvest: следен чекор да те седне на возачко седиште и да те обвини дека си го киднапирал комбето. Тогаш знаеш колава казна може да ти пише, не знам зашо тоа не им текнало, ќе се напуни пари држаава.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Исклучиво твое е правото да го воспитуваш својот син, и само тебе може општеството да ти прогледа низ прсти ако кренеш рака на него. Затоа и сметам дека додека не се нарушува јавниот ред и мир, и основните закони во паркот, нема што некој џандар да спроведува етика и морал и да ги праќа децата/луѓето дома на спиење.
Ова општество е гадно Виктор за новите генерации, знаеш какво е. Многу лесно самото општество ја презема улогата на старател, воспитувач. Во услови на изместени вредности, доста голема немаштија, немање избор за работа...(да не редам), кога по цел ден скоро сме на работа...тешко е да се каже дека ние родителите имаме некаква голема контрола. Само горниот нека ги чува. Сега, откако завршија лутаат како зомби. Нема работа -младинска, студентска задруга, нема нешто со што би се занимавале. Порано имаше, дали сакаш во кафич, дали сакаш истовар на шлепери (ја главно ова второто го работев), цел ден можевме да го исполниме со практично и корисно.
Ама како иде работава...впрочем да не одам далеку со муабетот но алкохолизам, наркоманија (па и пушењето цигари) се зависности кои се во постојан пораст, а тоа е најголема казна за родителот.

И јас реков, порано (со помали деца) мислев едно за оваа работа, сега сосем друго.
Сепак ова е само мое скромно гледање на работите во семејството (не само моето, во семејството во Македонија), што не мора да значи дека од друг аспект е точно.
Здравје боже, како ќе ти раснат децата мислам дека полека ќе го менуваш мислењето и ти и другите по ова прашање. Не ради конзервативност, ради безбедност и иднина на своето.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Модел за идентификација кај адолесцентот е друштвото не родителите!
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Зошто Ада тераш инает? Се осеќам ко да дебатирам со злобник. Едноставно не прифаќам дека превидуваш работи или дека случајно избегнуваш мои констатации. Мислам дека намерно водиш ваков муабет кој вришти “сакам да се спротиставам“.

1. Ок.

2. Јас веќе нагласив дека законот мора да се почитува, но не се сложувам со него. Вистинскиот проблем за кој зборувам е малтретирањето на возрасните во паркот кои не кршат правила.
И не, немам намера да станам секташ, не ме интересира муабетот за слободна волја, упорно зборам дека родителите треба да го воспитаат и контролираат детето, а не властите. :)

3. Како тоа изедначуваш танцување гола во парк со мавање со флаши. Милион пати имам повторено “се додека не се повредува друг“. Не се работи за личните чувства, туку за доброто на заедницата (нормално според мои сфаќања).

4. Нормално дека беше полициска држава. Официјално смееше да кажеш Тито е мочко, ама потоа се соочуваш со тортура, психичка, не ретко и физичка, од властите а преку нив и од општеството. Како што денес се етикетирани панкерите шо ги спомна, никаква разлика нема.
И не, полицијата не “само легитимирала“ привела луѓе кои биле казнети затоа што постоеле у парк. Ја читаше колумната, или и нејзе нема да и веруваме, како на моите пријатели?! Единствено полицијата е релевантна нели?

5. Јас тргнувам од себе, нормално. И според мене, и моите сфаќања, кои се лично мои и не значи дека се исправни и сите мора да ги имаат во глава како мене... силувачи и педофили не може да бидат на исто рамниште со алкохоличари од едноставна причина. Пречење на околината. На силувачи и педофили им е забрането да ја практикуваат нивната пасија бидејќи повредува други луѓе, алкохоличарите можат да се уништуваат само себе. Тоа е и моето стојалиште околу муабетот, прави апсолутно што сакаш, додека не ги загрозуваш другите. И сега ти кажи ми како јас и ти кои пиеме пиво во парк на трева ги загрозуваме другите?

6. Може да те идентификува, ама не може да те натера да дуваш додека седиш, мислам тоа само на џандар може да му текне, “дувај, откајзнам може после ќе возиш“. :icon_lol: А па да те приведе у марица зашто пиеш пиво... :nesvest: следен чекор да те седне на возачко седиште и да те обвини дека си го киднапирал комбето. Тогаш знаеш колава казна може да ти пише, не знам зашо тоа не им текнало, ќе се напуни пари држаава.
Јас си го држам ставот и убедена сум у него. Ако тоа ти личи на злоба и инатење, твоја лична перцепција, не сум одговорна за истата.:nesum:

И затоа што сметам дека веќе немам што да додадам и се вртиме у круг, ја напуштам темава.

Само ќе заклучам...

Кога семејството, како базична институција, сјебува ствар, треба другите општествени институции да се вклучат.

Она што во парк се случуваше беше дегутантно и загрижувачко, често претставувајќи опасност за безбедноста на другите.

Апсолутно се радувам на парк без малолетници и дрога, нека МВР продолжи со акцииве и нека има што помалку полициско самоволие.

За крај, доколку навистина луѓето кои се противат на ова што се случува, имаат одржани аргументи, поткрепени со законски регулативи...ајде дечки, менувајте, протестирајте, барајте права, слободи и тако даље.
Вака може до 100 и една и назад да си збориме, а вие у парк пак нема да може без лична карта да се алхолозирате и џаначите.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
За крај, доколку навистина луѓето кои се противат на ова што се случува, имаат одржани аргументи, поткрепени со законски регулативи...ајде дечки, менувајте, протестирајте, барајте права, слободи и тако даље.
Да не` намлатат ко оние на плоштад? Не благодарам!
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Да не` намлатат ко оние на плоштад? Не благодарам!
Сеа ко наводната 10% геј популација сте...Ем сакаат права и разбирање, ем нигде ги нема.

Онда, ќе продужи ова у парк и даље.
 
BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Сеа ко наводната 10% геј популација сте...Ем сакаат права и разбирање, ем нигде ги нема.

Онда, ќе продужи ова у парк и даље.
Ама да се разбереме , ние имаме право на протест , ама они имаат право да не тепаат доека ние протестираме за наше право. Или не беше баш така ?
Остај тоа не ми е толку голем проблем , стварно треба да се расчистат пијаните деца од паркот кој се повеќе и повеќе го загадуваат , ама полицајците можат да бидат малце поучтиви и културни . Истото важи и за специјалната единица Алфи . Се има случено додека се со девојка да дојдат и да кажат „Што правиш ? Знаеш дека е забрането бацување на јавни места , копиљ? “ .Значи настапуваат со навреда. Како прво и прво сите знаеме дека таков закон нема , ама кој им може нешто ? Доаѓаат , неретко делат и заушки и шамари на малолетните и покрај тоа што они учтиво си седат на клупите во паркот и не прават никакви проблеми . И тоа е праведно ?
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Сеа ко наводната 10% геј популација сте...Ем сакаат права и разбирање, ем нигде ги нема.

Онда, ќе продужи ова у парк и даље.
По печатените медиуми има многу покултурен и побезбеден протест од физичкиот(така ги нарекувам овие ,,регуларниве"протести, бидејќи секогаш завршуваат со некој омодрен) кој би ескалирал. Јасно е дека ова е задкулисна игра со една единствена цел-пари пари пари! Мора од нешто да се исплатат тоа шмизлите, биковите и типчето што и` се пушта на шмизлата. Јас се извинувам што ќе прашам, ама зошто воопшто производството и продажбата на алкохол се дозволени во оваа земја, кога толку владава се засекира за нашето здравје и уништување на нервни клетки? Донеле закон за пијан пешак... Не смееш да пиеш дома и да излезеш на улица, пијан пешак си бил. Смешно е.
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
68
Поени од реакции
0
Не се прај со Пендрек држава

Добро бе луѓе кога ќе сватите дека, со притисок никад нема да се одучат младите и од седење у парк до сабајле и од алкохол и од сите работи, кои во принцип не се пожелни и здрави да ги прави млад човек.

Точно е дека не чини млад чоек да биде секој ден пијан у парк, ама сте му понудиле нешто друго? Има што да прави? има Алтернатива?

Кај нас секогаш се гледаат само последиците и се казнуваат, а никој не сака да размисли зошто е тоа така, и да креира генерална политика, која тоа ќе го промени, на мудар и разумен начин, а не со примена на сила.
Ама што очекувам од неписмени луѓе кои имаат моќ. За нив природно е да ја контролираш работата со сила, а не со размумна политика.

Прво: никој нема да седи у парк до 4 сабајле и да се пијанчи, ако сабајле има нешто попаменто да прави. Тоа што не им нудите на младите што да прават, тоа е сосема друг проблем......
Второ: Ако има кеш, сигурно нема да седи у парк на трева. Значи треба да се потрудите, да можат млади луѓе да си дозволат (да платат) место каде ќе можат да се опуштат....
Трето: Која друга форма на дружење ја има пружено државата на младите, освен самите да се собираат и да прават работи на своја иницијатива у парк?

Тоа што у Македонија има закони, што никој не ги почитува, тоа е само доказ за катастрофа политика. Кај нас единствената мерка за спроведување на Закон е СИЛА... За жал никаде тоа не е така, и со таков начин нема да се успее да се спроведе ни еден закон, туку само ќе се создаде обратниот ефект - револт.... ( а тоа и се случува кај нас редовно )
Ако сакаш да натераш некој да не прави нешто, не треба да му наредиш да не го прави, туку треба да му објасниш и самиот да стане свесен тека тоа не е за него добро...... Не заборавјте дека она што човекот го движи напред е љубопотството, па затоа не може со едноставни забрани да се креира младинска политика... Ама на кој луѓе што ги греат државните фотељи ќе им го објасниш тоа....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom