Нè брка полиција од парк, што со тоа?

Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
ха ха ха малолетничка деликвенција е да се кршат излози и да се краде.
а не да седат и да пијат. еј млади сте по години ама у мозокот ко старци.
Каде ви е критичката свест и бунтовноста?Плус гледам побитниот дел што го пишав не го ни укапира, а споредбите и асоцијациите не ги сфаќаш.
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Малолетната деликвенција е појава која што никогаш нема да се искорени, најверојатно поради фактот дека колку повеќе некој се обидува да ги репресира младите ќе се појави бунт и кај оние кои што го немале, а нашата држава не функционира беспрекорно за да се надеваме сега ние дека нема да се направи грешка или дека ќе се успее во походот.
Кога некој наумил нешто (малолетник) ќе го направи тоа, без разлика дали си го затворил ти или не, знам по себе, една пријава во полиција нема да те спречи ама баш во ништо.
Ни педофилијата, ни семејното насилтво, ни многу други нешта никогаш нема да се искоренат, али тоа не значи и дека треба пасивно да им се пристапува.

И колку шо ја глеам деновиве низ парк, не преполовен, него за три/четири пати е намален бројот на дечиња шо повраќаат по треви.
Значи, ипак не е толку голем бројот на хард кор пубертетлии.

ха ха ха малолетничка деликвенција е да се кршат излози и да се краде.
а не да седат и да пијат. еј млади сте по години ама у мозокот ко старци.
Каде ви е критичката свест и бунтовноста?Плус гледам побитниот дел што го пишав не го ни укапира, а споредбите и асоцијациите не ги сфаќаш.
ЛОЛ

Тоа у кој лексикон го прочита? (мислам на дефиницијата за деликвенција)

И извини, за што да се бунтувам...Да може малиот ми брат и остала банда копиљаци на мира да си ебаваат јетра и здравје и живот у парк?

И ти малку критички осврни се, па праи разлика измеѓу бунтовност и пубертетлиска неканализирана енергија.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
А кај конкретно е ограничувањето на слобода на движење?
Конкретно, карши продавничките од другата страна на калдрмата, кај шо другар и на Ивана го собрале у комбе пошто бил пунолетен ама бил пијан. Е таму. Сеа точно не знам да ти кажам на која коцка и у кое комбе. :nesum:

Уствари, да не бидам злобен у празно, поентата ми е дека таквото однесување на мојата влада не ми се допаѓа и не го поддржувам. Скопскиот парк кој од секогаш бил локација каде скопјани се опуштаат (Од времето на баба ми и дедо ми) и каде алкохол и дрога (послабо) се точело и пушело на велико, сега и текна на нашата великомакедонска влада да го среди тоа. :tapp:
Не ми се свиѓа, едноставно, тој “Red light district“ реон сакам да постои. Еврпјаните кои ова го немаат, ги препуштаат своите млади да бидат емо депресивци навлечени на апчиња пошто е ин, или да бидат сатанисти кои се сечат по цело тело пошто е кул, или секс оргии. Човек (особено млад) мора да има издувен вентил, сета енергија да ја исфрли, и тоа никој не може да го демантира, а државата треба да ги канализира тие емоции како знае и умее, а не да ги репресира. Кога едно дете ќе испушти душа од баскет цел ден, ни дрога ни алкохол му се врти у глаа. Има начини, ама ние од секогаш сме биле такви, куќата од кров ја градиме.

Знам дека на места ми се коси со претходниот пост муабетов, ама коа ќе размислам подобро, повеќе сакам либерализам отколку конзервативност...
Bottom line, не сакам конзервативна влада, едноставно не сакам.
 
С

Сатори

Гостин
Ни педофилијата, ни семејното насилтво, ни многу други нешта никогаш нема да се искоренат, али тоа не значи и дека треба пасивно да им се пристапува.

И колку шо ја глеам деновиве низ пар, не преполовен, него за три/четири пати е намален бројот на дечиња шо повраќаат по треви.
Значи, ипак не е толку голем бројот на хард кор пубертетлии.
Се сложувам дека не треба пасивно да се постапува, да, но далеку од тоа дека треба да им се наметнат закони и правила на малолетници, не може да се стават во иста бранша педофилијата и семејното насилство, пристапот е погрешен, начинот на воспитување не е правилен.
Грешките не се бараат каде се или во кој, се бара начин за нивно решавање, а како тоа они го решаваат ... да бев малолетник ќе пиев пиво во парк во 3 после полноќ.
Штета што веќе не сум.
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Конкретно, карши продавничките од другата страна на калдрмата, кај шо другар и на Ивана го собрале у комбе пошто бил пунолетен ама бил пијан. Е таму. Сеа точно не знам да ти кажам на која коцка и у кое комбе. :nesum:

Уствари, да не бидам злобен у празно, поентата ми е дека таквото однесување на мојата влада не ми се допаѓа и не го поддржувам. Скопскиот парк кој од секогаш бил локација каде скопјани се опуштаат (Од времето на баба ми и дедо ми) и каде алкохол и дрога (послабо) се точело и пушело на велико, сега и текна на нашата великомакедонска влада да го среди тоа. :tapp:
Не ми се свиѓа, едноставно, тој “Red light district“ реон сакам да постои. Еврпјаните кои ова го немаат, ги препуштаат своите млади да бидат емо депресивци навлечени на апчиња пошто е ин, или да бидат сатанисти кои се сечат по цело тело пошто е кул, или секс оргии. Човек (особено млад) мора да има издувен вентил, сета енергија да ја исфрли, и тоа никој не може да го демантира, а државата треба да ги канализира тие емоции како знае и умее, а не да ги репресира. Кога едно дете ќе испушти душа од баскет цел ден, ни дрога ни алкохол му се врти у глаа. Има начини, ама ние од секогаш сме биле такви, куќата од кров ја градиме.

Знам дека на места ми се коси со претходниот пост муабетов, ама коа ќе размислам подобро, повеќе сакам либерализам отколку конзервативност...
Bottom line, не сакам конзервативна влада, едноставно не сакам.
Аха, ова лични желби и честитки се значи.

Никаква забрана на движење не постои. Средете си малку терминологија на темава.

Патем, паркот НИКОГАШ порано не бил место каде малолетници се уништувале.
 
Х

Ханзо

Гостин
Малолетната деликвенција е појава која што никогаш нема да се искорени, најверојатно поради фактот дека колку повеќе некој се обидува да ги репресира младите ќе се појави бунт и кај оние кои што го немале, а нашата држава не функционира беспрекорно за да се надеваме сега ние дека нема да се направи грешка или дека ќе се успее во походот.
Кога некој наумил нешто (малолетник) ќе го направи тоа, без разлика дали си го затворил ти или не, знам по себе, една пријава во полиција нема да те спречи ама баш во ништо.
Малолетната деликвенција е резултат на неуспехот правилно да се насочи младешката енергија. Кај нас има и погоден катализатор за беспричинското бунтување на младите, а тоа е сендвичот во кој се наоѓаат - СФРЈ родители и расипана западњачка пропаганда, било емо стилови, гневни металци, рапери со генгста комплекс, и така натаму. Многу од денешните родители се параноични токму поради стравот нивното дете да не „забега“, па го стегаат ланецот. Од друга страна, Тин Шема кажува дека на 14 години си веќе зрела личност која сама носи одлуки за својот живот, и тоа резултира со бунт кон родителите, па бунт кон системот (полициска држава, ACAB глупости), па глупирање и фрлање ѓубре низ парк, зашто нели, џандарите ништо не ми можат, ќе правам што сакам. И на крај, како демонстрација на недопирливоста од страна на родителите и законот, доаѓа до вандализирање на сè што ќе ти дојде при рака, посебно спомениците, кои младиве индивидуалисти и анархисти ги сметаат за симбол на авторитарниот систем и општонароден офчизам.
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Се сложувам дека не треба пасивно да се постапува, да, но далеку од тоа дека треба да им се наметнат закони и правила на малолетници, не може да се стават во иста бранша педофилијата и семејното насилство, пристапот е погрешен, начинот на воспитување не е правилен.
Грешките не се бараат каде се или во кој, се бара начин за нивно решавање, а како тоа они го решаваат ... да бев малолетник ќе пиев пиво во парк во 3 после полноќ.
Штета што веќе не сум.
Кога базичната општествена институција-семјство потфрла, тогаш мора другите, поголеми, институции да се вклучат.

Пошто не се почнало од главата, ќе решаваме од опашката..Да, тоа не е најконструктивниот пристап, но кога главата не реагира, јбг, со опашката ќе пробуваме.
 
Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Аха, ова лични желби и честитки се значи.

Никаква забрана на движење не постои. Средете си малку терминологија на темава.

Патем, паркот НИКОГАШ порано не бил место каде малолетници се уништувале.
Не е само тоа што се уништуваат, тоа е нивна работа. После уништувањето цело ѓубре го расфрлаат по паркот, мочаат кај ќе стигнат и слични работи. Треба да се има малку ред:toe:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Аха, ова лични желби и честитки се значи.

Никаква забрана на движење не постои. Средете си малку терминологија на темава.

Патем, паркот НИКОГАШ порано не бил место каде малолетници се уништувале.
Форумот и е лични желби, честитки може да дојдат малку подоцна, затоа и односот ни е најчесто фин и коректен по темите, на нас членовите.

Забрана за движење очигледно постои, ако и се верува на Ивана односно другар и... кој шо го собрале пошто бил пијан. Среди си го читањето на темава.

Патем, паркот, СЕКОГАШ бил место каде малолетници уживале. Никој од нив не се уништил во паркот, ниту паркот бил виновен за тоа, како што никад не бил виновен “Форум“, или плоштадчето пред Лејди блу, или “кругче“ или кеј.
Али исто така СЕКОГАШ било место каде младите скопјани (па и оние повозрасните) уживале во алкохолот, а во последно време и дрогата. Тоа твоите желби како ќе го гледаш, не се моја работа, не ти се мешам.
 
Го нарушувал, со нешто, јавниот ред и мир, и го привеле...На запад имаат традиција алкохолизирани луѓе кои се влечат по јавни површини, да праќаат на "трезенење".

И ќе биде ограничување на слобода на движење тогаш кога навечер нема да ми даваат да му пристапам на паркот, да седам на клупи итн..се дотогаш, забрана од таков тип нема.

Инаку, апослутно не помислив дека паркот е причинителот на адолесцентската авто-деструкција и деструкција...причинител се семејствата кои се одлика, огледало, на општествениот систем.
Паркот е само излогот. Редно беше да го тргнеме. Па, после со изолираните продукти полесно ќе се справуваме.

За крај, до 90 и некоја, паркот апсолутно НЕ беше извитоперен Вудсток. Ниту пак до крајот на '80-те низ Скопјево, на било кое место, се собираа во толкав број, изџанкани и начукани деца. Едноставно, немаа каде пошто не смееше (ова од сигурни извори блиски до Владата, се податоциве :icon_lol:)
 
Член од
24 август 2006
Мислења
41
Поени од реакции
1

Нема забрана ама имаш силна демотивација. До сега два пати ме гњавеле џандари, ми го истурале ранецот, ми запишувале податоци од лична карта и на крај ме пуштале оти не успеале алкохол да најдат. И зошто денес пак да искачам во парк, ако пак планираат да ми го направат истото? Поубаво ќе идам да се начукам у некоја кафана или дискотека (у п.м. штета што не пијам...) Таму барем никако да се појават. Не верувам иначе дека луѓе би се бунеле ако има некој полицаец во парк, али со овој нивен однос на шериф и највечи фраер во маало комплекс - никако. Мислиш ќе умрат малце култура и човечност ако покажат.

Али право да ви кажам, тоа и до толку не ми пречи колку што ми пречи лицемерието на целата ситуација. Праќаат полиција и бркаат луѓе од ПАРК. Признавам дека има деца што пијат во парк, али се кладам дека многу поголем процент луѓе пијат во Level, Колосеум, па и Мементо. Зошто не читаме дека одат да проверуваат лични карти таму? Или барем дека им даваат алкохол тестови на тие што излегуваат од таму? Ова во комбинација со забраната на продажба на алкохол послем 7 саат малку посочува на финански мотив... али ајт. Не е битно, цајканите знаат најдобро. И ми го истураат ранецот за мое добро. И запишуваат кога каде сум бил, за не дај боже да се изгубам, да можат послем да ми помогнат да се најдам или нешто.

Го нарушувал, со нешто, јавниот ред и мир, и го привеле...На запад имаат традиција алкохолизирани луѓе кои се влечат по јавни површини, да праќаат на "трезенење".
Која е тогаш причината зошто влечкаат полнолетници до комбињата за тестирање? Ако некој е доволно пијан за да предизвикува нарушување на јавен ред и мир, сигурно не е потребен алко тест. Или тоа е служба за корист на граѓаните, чисто да видат како функционира па ќе ги пуштат ако не е претставуваат "нарушување на јавен ред и мир".

На запад традицијата диктира дека не смееш граѓанин да присилиш на алкохол тест освен без негова дозвола - при што оперирање на моторно возило се смета за имплицитна дозвола. Како таква казна за drunk and disorderly conduct или public intoxication не е врзана со конзумација на алкохол или нивото на истото во крвта туку однесувањето на сторителот. Зошто тогаш ние имаме алкохол тестови на луѓе кои само си седат во парк?
 
С

Сатори

Гостин
Малолетната деликвенција е резултат на неуспехот правилно да се насочи младешката енергија. Кај нас има и погоден катализатор за беспричинското бунтување на младите, а тоа е сендвичот во кој се наоѓаат - СФРЈ родители и расипана западњачка пропаганда, било емо стилови, гневни металци, рапери со генгста комплекс, и така натаму. Многу од денешните родители се параноични токму поради стравот нивното дете да не „забега“, па го стегаат ланецот. Од друга страна, Тин Шема кажува дека на 14 години си веќе зрела личност која сама носи одлуки за својот живот, и тоа резултира со бунт кон родителите, па бунт кон системот (полициска држава, ACAB глупости), па глупирање и фрлање ѓубре низ парк, зашто нели, џандарите ништо не ми можат, ќе правам што сакам. И на крај, како демонстрација на недопирливоста од страна на родителите и законот, доаѓа до вандализирање на сè што ќе ти дојде при рака, посебно спомениците, кои младиве индивидуалисти и анархисти ги сметаат за симбол на авторитарниот систем и општонароден офчизам.
Начинот на кој што покажуваат револт е искажување на фрустрацијата која што се полнела со текот на годините само зачинета со доза на хормони.Тоа не е оправдување, но треба да овозможи разбирање, крајно, кога државата не се потрудила да им обезбеди правилен развој на овие деца тогаш нека не се жали за тоа што излегло од нив, кога веќе би оделе по таа логика.
 
Нема жалење, без разлика на неуспехот на родителите или формалното образование од предметите Граѓанска култура, Етика, и сличните, државата е должна да го зачува јавниот ред и мир и да спречи било каков обид за вандализирање на споменици, што беше случај со споменикот на Гоце Делчев кој долго време меѓу другото служеше и како скејт парк.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Го нарушувал, со нешто, јавниот ред и мир, и го привеле...На запад имаат традиција алкохолизирани луѓе кои се влечат по јавни површини, да праќаат на "трезенење".

И ќе биде ограничување на слобода на движење тогаш кога навечер нема да ми даваат да му пристапам на паркот, да седам на клупи итн..се дотогаш, забрана од таков тип нема.

Инаку, апослутно не помислив дека паркот е причинителот на адолесцентската авто-деструкција и деструкција...причинител се семејствата кои се одлика, огледало, на општествениот систем.
Паркот е само излогот. Редно беше да го тргнеме. Па, после со изолираните продукти полесно ќе се справуваме.

За крај, до 90 и некоја, паркот апсолутно НЕ беше извитоперен Вудсток. Ниту пак до крајот на '80-те низ Скопјево, на било кое место, се собираа во толкав број, изџанкани и начукани деца. Едноставно, немаа каде пошто не смееше (ова од сигурни извори блиски до Владата, се податоциве :icon_lol:)

Популарниот Кермес во градскиот парк. Тоа е место каде скопските фраери од 19. и 20. век доаѓале да се перчат и да пијуцкаат љута, винце и пивце. Мцкале ќебапчиња и пееле на сиот глас.
Паркот има традиција на собирање на боемџиите и уживателите на Скопје. Тоа што порано градот имал 50 илјади луѓе а денес 800 само покажува на разновидноста и бројот на луѓето и начините на уживање во паркот.

На запад имаат и пиштолџии по улиците и адолесценти со узија по универзитетски кампуси, да не треба и нив да ги воведеме? Запад, запад, запад. Ги земаме сите закони од илјада и една земја на светиот запад, никој ниту да седне и да ги прилагоди на нашите услови. Но, не ме чуди тоа, ние интелектуалната маса ја потиснуваме и испраќаме во странство а оние шупци ни завршуваат факултети со плаќање од 1200 евра - испит за да бидат експерти. И оние малку што ги имаме ги викаме соросиди, наркомани, или неспособни, зашто не знаат да крадат и да се вклопат во античката фарса која веќе наликува на Којотот, каде владата е птица итрица, секоја епизода завршува со фактот дека иако е цртан филм античката птица е непобедлива. Но, да ви ја прикажам последната епизода од Ворнеровиот master piece. Заклучок нема, кој како му одговара.
Инаку, веќе е јавна тајна дека буџетот е празен како Piggy касичката на моето комшиче од 2 годинки. За какви смешки луѓе добиваат казни нема да ви се верува. А за тоа време во колосеум навистина до 4 сабајле пичи*а мрдаат гс, џандари пљуваат додека казнуваат, а министри продаваат половни гуми за тисуч еура. Ја разбирам дека се обидува владата да гради куќа (само они да живеат у нејзе ама ајде) али не сфаќаат дека (илјада пати го кажав ова) куќа се гради од темел, не од кров. Се казнува за све и сва, само да се соберат пари.
ada напиша:
Паркот е само излогот. Редно беше да го тргнеме. Па, после со изолираните продукти полесно ќе се справуваме.
Што убава реченица. Мх мх мх... Што викаш да напраиме знакот “Самопослуга“ да свети као за fourth of July, а внатре класика од социјализмот од осумдесетите да има празни полици. Убаини еј. Паркот ќе го средиме, и коа ќе дојде Солана, ќе рече “лилааааа“. Туку, ме влечеш на политика, не можам да одолеам.
Ханзо напиша:
Нема жалење, без разлика на неуспехот на родителите или формалното образование од предметите Граѓанска култура, Етика, и сличните, државата е должна да го зачува јавниот ред и мир и да спречи било каков обид за вандализирање на споменици, што беше случај со споменикот на Гоце Делчев кој долго време меѓу другото служеше и како скејт парк.
Државата е должна да го задржи јавниот ред и мир, а не да им кажува на младите и старите (пошто и ја меѓу нив:) )како треба да живеат. Нема што владата мене да ме воспитува во мое слободно време. Институциите на владата, као основно, средно и универзитетско школо, младите македонци ги учи шеснаесетина години на етика, морал, основна култура, и небитни срања као дропки, мада и тоа е очигледно дека проклето не им иде... и сега ќе го продолжуваат работното време и ќе доаѓаат у парк да им викаат на децата, немој тоа е алкохол лошо е тоа, фуј тоа, фуј... ајде апорт. Ако не да креираме роботи, да им кажуваме што да прават и да си играме Sims место reality.

Задржување јавен ред и мир се праи онаму каде има јавност и каде редот и мирот се нарушува. Никој нема против џандарите да седат у парк со нас, и ако некој џитне шише накај друг, е тогаш и палки оправдувам, ама ако ја се зафатам со кењање против Грујо пошто сум се начукал, нема што да дојде некој несписмен тип да ми рече немој да збориш. Ако се раздерам на цел глас Грујо е педер па оние од карши у зградите да се разбудат со восклик дека некој го опцул нашиот голем лидер, тогаш прифаќам да ме апсат, пошто побудувам радост кај нашиот народ у 11 навечер, а тие сироти работни луѓе сакаат да спијат, ама од возбуда не можат.

Џандарска држаа, комуњарите биле вакви или такви, Голи оток муабети, не биле у право комунистите со нивната политика, и сеа некој мене ќе ми ограничува демократија?! Е тоа ти се вика лицемерие... простачко лицемерие, пошто хард кор партиските полтрони и ќе се држат до нивното “Грујо е у право“.
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
И оние малку што ги имаме ги викаме соросиди, наркомани, или неспособни, зашто не знаат да крадат
Ехеее ако после толку години не го научиле занаетот како што викаш ти, тогаш мора да се малоумни.
Инаку, веќе е јавна тајна дека буџетот е празен како Piggy касичката на моето комшиче од 2 годинки. За какви смешки луѓе добиваат казни нема да ви се верува. А за тоа време во колосеум навистина до 4 сабајле пичи*а мрдаат гс, џандари пљуваат додека казнуваат, а министри продаваат половни гуми за тисуч еура. Ја разбирам дека се обидува владата да гради куќа (само они да живеат у нејзе ама ајде) али не сфаќаат дека (илјада пати го кажав ова) куќа се гради од темел, не од кров. Се казнува за све и сва, само да се соберат пари.
Така е бе. И во Италија одат луѓе во затвор заради мали кражби, а Берлускони ебе малолетни пичиња. Ако бараш апсолутна правда, нема да ја најдеш.
Државата е должна да го задржи јавниот ред и мир, а не да им кажува на младите и старите (пошто и ја меѓу нив:) )како треба да живеат. Нема што владата мене да ме воспитува во мое слободно време.
Државата те воспитува и те превоспитува(затвор). Затоа си имаш заеднички правила на игра: крадеш-прекршок, силуваш-прекршок, пијан малолетник- прекршок.
Задржување јавен ред и мир се праи онаму каде има јавност и каде редот и мирот се нарушува. Никој нема против џандарите да седат у парк со нас, и ако некој џитне шише накај друг, е тогаш и палки оправдувам, ама ако ја се зафатам со кењање против Грујо пошто сум се начукал, нема што да дојде некој несписмен тип да ми рече немој да збориш. Ако се раздерам на цел глас Грујо е педер па оние од карши у зградите да се разбудат со восклик дека некој го опцул нашиот голем лидер, тогаш прифаќам да ме апсат, пошто побудувам радост кај нашиот народ у 11 навечер, а тие сироти работни луѓе сакаат да спијат, ама од возбуда не можат.
Пак бараш апсолулутна правда. И во Америка, најдемократската земја на планетава ако се согласуваме, има употреба на прекумерна полициска сила, корупција итн итн. Цел народ сме простачки и најнормално е и полицијата да е проста. Тоа е тоа.
Џандарска држаа, комуњарите биле вакви или такви, Голи оток муабети, не биле у право комунистите со нивната политика, и сеа некој мене ќе ми ограничува демократија?! Е тоа ти се вика лицемерие... простачко лицемерие, пошто хард кор партиските полтрони и ќе се држат до нивното “Грујо е у право“.
150 уапсени луѓе во 20 години е ограничување на демократија ?
Баш до пред некое време одев неколку пати неделно во парк и од почетокот на летото до сега имам видено тепачки, деца од основно како пијат алкохол, малолетници како дуваат на тревата и под светло безброј пати, мочање на сите страни и под секое дрво буквално, кршење стаклени флаши, и после 2-3 паркот изгледа како депонија затоа што има тони пластични чаши, флаши и ќеси.
Е сега да не звучам како дедо :) мене ич кур не ме заболе дали некој копиљ пие или дува, бтњ ме смее и ми ја прави вечерта поинтересна, ама ако е противзаконски(сигурно законот е од 90тите ама им текна овие недела дена да го практикуваат) не ми е гајле што шетаат џандари и апсат. А тоа дека апселе непотребно некои луѓе или јаделе гомна, не е во ред.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom