Музички вести

М

Мрак

Гостин
Излезе Relapse!!!!:vozbud:За сите фанови на Еминем ова ќе е ден за паметење.Излезе долго очекуваниот албум на Ем.Eminem is back!
 
П

Паган-др

Гостин
Андријана Јаневска во јуни на турнеја во САД

Поп-пејачката Андријана Јаневска на 10 јуни ќе замине на едномесечна турнеја низ Америка. Иако најави дека ќе отпатува за велигденските празници, турнејата се одложи за почетокот на летово. Таа ќе настапи во црквите на источниот брег на САД и во Калифорнија.Таа најверојатно ќе го одложи настапот на годинашното издание на „Будва-фест“, кој ќе се одржи од 5 до 7 јуни, кој е тргнат од нејзината официјална веб-страница. На црногорскиот фестивал Јаневска требаше да настапи на интернационалната вечер со композицијата „Као ја“ на Драган Гиновски-Гино, чиј текст е на Андријана.
 
П

Паган-др

Гостин
Дарио сними нова песна

Пејачот Дарио ја сними својата нова песна „Ластовица“, која наскоро ќе се појави во радиоетерот. Темата е авторско дело на Дарио, а аранжманот е на Александар Митевски. На снимањето во студиото „Торус“ како гости се појавија Зоран Џорлев со својот гудачки квартет, Ташко Грујовски на мандолина и тамбура, тенорот Зоран Даскаловски и баритонот Влатко Христовски, оперски пејачи од Македонската опера и балет - вели Дарио.
 
П

Паган-др

Гостин
Ејкон со химна за Светското фудбалско првенство

Аренби-артистот Ејкон ќе ја компонира химната за претстојното светско првенство во фудбал што ќе се одржи во јуни в година, во Јужна Африка. ФИФА го контактира американскиот аренби-изведувач, кој потекнува од Сенегал, за тој во следниот период да ги разгледа сите аспекти на овој спортски спектакл. Тоа е зашто тој освен компонирањето на химната, ќе биде задолжен и за целата музика на ова првенство. Ејкон така стана музички директор на првенството, а ќе се појави и на самото отворање, на кое ќе ја изведе химната.

- Оваа недела ќе заминам за Јужна Африка, на состанок со организаторите. Го сакам фудбалот и тоа ми е голема чест - вели Ејкон, кој е близок пријател со Бекам, но сепак не планира да кани познати фудбалери за песната зашто смета дека тие треба само да играат квалитетен фудбал.
 
П

Паган-др

Гостин
„Суперхикс“ на фестивал во Хрватска

Ска-составот „Суперхикс“ што деновиве е на мини -турнеја во Хрватска ќе свири на фестивалот „Организирани хаос“ во градот Кутин. На манифестацијата се најавени како едни од главните изведувачи, заедно со групите „Ска Рингишпил“ и „Дубиоза Колектив“.Во рамките на турнејата, групата настапи во Осијек и во Иванчиќ град. Бендот од неодамна е засилен со нов член, Горан Папазоски - Папаз кој свири на на алт саксофон. Тој дебитираше во „Суперхикс“ на концертот во Гевгелија.Познатиот македонки ска-бенд годинава слави 15 години постоење. Во наредниот период ќе го промовира својот нов албум „И Сега Што?“ низ Европа. На турнејата, ќе настапат во Белград, Крагуевац, Нови Сад, Темишвар, Софија, Битола и Прилеп. Во јули, закажани се настапи на фестивалот „Рокај-фест“ во Загреб, следат Крк, Макарска, Сплит, Марибор, Грац, Виена и Прага.
 
П

Паган-др

Гостин
Познати песните на „Макфест 2009“
Комисијата за селекција на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ ги избра песните што годинава ќе се натпреваруваат на фестивалот за забавни песни - „Макфест 2009“. По завршувањето на продолжениот рок на конкурсот, од пристигнатите 70 композиции од авторите во Македонија и регионот таа одлучи во програмата на годинашново фестивалско издание да бидат вклучени уште 11 композиции.

Песни има и на авторите Роберт Саздов, Ристо Самарџиев, Јован Јованов, Владимир Дојчиновски-Дојчин, Бранко Вишњиќ, Григор Копров, Раде Врчаковски. Селекционата комисија претходно ги избра песните на Александар Масевски, Весна Малинова, Дарко Тасев, Кристијан Габроски и Хари Котларовски, но поради непополнетата продукција, го продолжи рокот на конкурсот. „Макфест“ ќе се одржи на 8, 9 и 10 октомври во Штип.
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Влатко е Најбогат на свет – и во песната и во спотот! :wub:

Деновиве ексклузивецот на План Б продукција – Влатко Илиевски, го сними спотот за темата Најбогат на свет, со која настапи на годинешниот национален Избор за песна на Евровизија. Паралелно течеше и снимањето на српската верзија на спотот, со наслов Најбогатији, со која Илиевски летово ќе настапи на фестивалот Сунчане скале во Херцег Нови.

Да потсетиме – песната Најбогат на свет е авторско дело на Владимир Дојчиновски, Дарко Тасев и Весна Малинова.

Спотот се снимаше 15 часа на повеќе скопски локации – ресторан Воденица, ресторан Tiglio… Освен Влатко, во спотот се појавуваат и Тасев и Дојчиновски...

Во улога на режисер се јавува самиот Илиевски, кој, инаку студира глума на скопската Академија за драмски уметности...

Официјалната промоција на спотот е закажана за 28-ми мај на летната тераса на Winner клубот во Скопје (Т.Ц. Соравиа). Стартот е во 21.30 часот...

Ова, всушност, ќе биде и промоција на деби-албумот на Влатко – Со други зборови, кој веќе се печати во вториот тираж. Овој тираж на албумот е лимитиран, а ќе се продава исклучиво во музичките продавници низ Македонија.
извор: ммм


 
П

Паган-др

Гостин
Ако веќе објавувате објавувајте ТОЧНИ информации.

„Грин деј“ на врвот во Британија

По петгодишна дискографска пауза, се појави новиот албум на поп-панкерската група од САД, „Грин деј“. Благодарение на нивните фанови и долгиот креативен одмор, тројката со цедето 21st Century Breakdown веднаш се искачи на врвот на листата најпродавани остварувања во Велика Британија, симнувајќи го од престолот „Максимо парк“. Албумот во Британија се појави на 15 мај, каде што се покажа дека спонтаната маркетинг-кампања е полн погодок. На новиот албум има мешавина од елементи како сецирање на американското општество во новиот милениум, малку љубов и доволно панк. Сепак, некогаш верните симпатизери и критичарите не се баш благонаклонети кон новиот материјал на поп-панкерите, кои работеа цели три години на осмиот студиски албум во кариерата.

„Беј д фиш“ промовира во „Хавана“

Македонскиот состав „Беј д фиш“ на 19 јуни во летниот клуб „Хавана“ во Скопје концертно ќе го промовира својот нов студиски албум Time to Make Things Right. Изданието, што ќе се појави преку продукцијата „Круг“ и „ПМГ рекордингс“, е двојно и содржи речиси 30 композиции - првото цеде има 11, а второто 17 песни со вкупно траење од повеќе од 80 минути. Материјалот во продажба ќе се најде на почетокот на јуни, додека дизајнот на обвивката ја изработи дизајнерот Горан Костовски-Индог. На „МајСпејс“ профилот на бендот од неодамна бесплатно може да се симне првиот сингл од цедето - Livin’ in a Box - и да се слушнат уште четири песни од двојниот албум.
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Видео за „А Rite of Passage" од прогресивците Dream Theater

Прогресивниот бенд Dream Theater во склоп со нивниот нов албум „Black Clouds & Silver Linings“ го издадоа видео записот за песната „A Rite of Passage“. На 18 Мај оваа година тоа беше аплоадирано на веб страницата ЈуТуб.
Неофицијално видеото на Јутуб беше поставено на 11 Мај со лош квалитет,но сепак во својата оригинална форма. Голем број од корисниците на овој портал беа збунети поради фактот што самиот бенд немаше претходно напоменато за објава на нивниот нов видео запис.
Покрај видеото , бендот неодамна исто така ги објави и датумите за официјалното излегување на албумот „Black Clouds & Silver Linings“ . Тој после се ќе биде издаден на 23 Јуни.

Официјалното видео можете да го погледнете на:
 
П

Паган-др

Гостин
Ева во „Его-трип“

Пејачката Ева Нединковски деновиве ќе го промовира својот нов сингл „Его-трип“, за кој ќе биде снуимен и видеоспот. Истовремено Ева работи и на нумерите за својот следен албум што треба да се појави кон крајот на годината. Нејзините обожаватели на 24 мај ќе може да ја гледаат во битолскиот клуб „Инфинити“, каде што ќе настапи со комбинација од светски хитови и свои композиции, а ќе биде придружувана од танчари.
 
П

Паган-др

Гостин
Ново цеде од пејачката на „Кренберис“

Поранешната пејачка на бендот „Кренберис“, Долорес О’Риордан летово ќе го издаде својот втор соло-албум. No Baggage е плод на соработката на О’Риордан со продуцентот Ден Бродбек, со кој работеше и на своето прво самостојно издание од 2007 година.

Групата „Кренберис“ не функционираат веќе неколку години, а О’Риордан го искористи овој период за своите интереси.

- Решив извесно време да се посветам себеси и да не бидам врзана за бендот и издавачката куќа. Не сакам да бидам ставена во кутија и да се чувствувам ограничено. Туѓото внимание не ми е потребно, зашто научив како самата да се мотивирам. Музиката е моја главна преокупација, така што уживам во создавачкиот процес.

Триесет и седумгодишната О’Риордан вели дека новиот албум е многу интимен и личен, а го создала сакајќи да го достигне сопствениот мир. Во моментов таа е на промотивна турнеја низ Европа, по што ќе се врати во САД за серијата настапи закажани за јуни. Првиот сингл The Journey од новиот албум ќе биде издаден на 2 јуни.
 
П

Паган-др

Гостин
ИГОР ШАРЕСКИ ПРОМОВИРА АЛБУМ
Публиката ќе ја препознае мојата музичка зрелост
На деби-изданието „Нема утро без тебе“ соработувал со врвни професионалци и несебично вложил голем дел од себе

Игор Шарески вчера во „Дивино“ со промовира своето деби-издание
Деби-албумот на младиот поп-пејач Игор Шарески, наречен „Нема утро без тебе“, што вчера беше промовиран, содржи композиции создадени од потврдени авторски имиња. Кај десетте нумери видлива е промената на Шарески во пристапот и во начинот на размислување за музиката.

- На албумот соработував со големите професионалци Дарко Тасев, Давор Јордановски, Кристијан Габровски, Зоран Крагуевски, Влатко Плевнеш, Весна Малинова, Андријана Јаневска, Стево Чепишевски, кои имаат голем придонес за ова издание, кое за мене е „парче душа“. Публиката тоа ќе го препознае! Проектот го нареков „Нема утро без тебе“, според истоимената тема што ја изведов на „Макфест 2003“, каде што дебитирав како изведувач - вели Шарески.

РЕШИВ ДА СЕ ПРОМЕНАМ

Овој исклучителен вокал и талентиран композитор во текот на својата шестгодишна кариера настапил на повеќе фестивали во земјава и надвор од неа. Отпеа песни што го најдоа своето место во етерот и кај публиката. Но, никогаш не „трчал“ по популарноста по секоја цена. Ниту го практикувал непишаното правило „важно е да ме има по секоја цена“. Во тие мигови, открива дека размислувал поинаку отколку сега.

- Мислев дека можеби го немав добиено и отпеано вистинскиот хит. Можеби не бев татино или мамино галениче кога станува збор за музиката, за да ми купуваат песни од скапи автори или насловни страници што дејствуваат евтино во очите на публиката. Решив да бидам поинаков, да играм фер, ако таква игра се' уште постои. Размислувањата за музиката ги променил откако се запишал во Школата за продукција кај Валентино Скендеровски. Иако на почеток не му изгледало се' идеално, „професорот“ - како што милува да го нарече Скендеровски, го издигнал музички, во секој аспект.

- Во Школата за продукција се запишав во еден психолошки тежок момент, но музиката и семејството беа тие што ме одржаа на вистинскиот колосек по смртта на татко ми. Да загубиш родител не е воопшто лесно, а фактот со кој мораше да се соочам, дека него го нема, беше уште потежок. Во тој период човек не може да ги среди мислите, не пак да размислува за музика. Затоа, решив да се повлечам.

ПЕСНИ ПОСВЕТЕНИ НА НАЈБЛИСКИТЕ

По двегодишна пауза Игор почувствувал дека му се враќа креативната мисла и енергијата што му недостигала за да твори и да застане пред микрофонот.

- Човекот кому сум му бескрајно благодарен и кому го должам појавувањето на овој албум е Дарко Тасев. Иако обајцата преживеавме тешки мигови во изминатиот период, сепак тој ми подаде рака кога ми беше најтешко. Веруваше во мене и во овој проект и бескрајно му благодарам. Во неговата работна агенда до крајот на годината не се запишани настапите на македонските фестивали. Планира да се посвети на промоција на деби-албумот, кој е во издание на „Мистер компани“. Во иднина посакува да биде дел од некоја интернационална музичка манифестација.

- Досега имам настапувано на многу фестивали, на кои стекнав искуство и носам убави спомени. Тие, како и авторите Григор Копров, Огнен Неделковски, Славиша Кибровски и Владимир Дојчиновски-Дојчин, со кои почнав да соработувам на почетокот на мојата кариера, придонесоа за едно мое музичко воздигнување. Наредниов период ќе го искористам за промовирање на албумот, кој го посветувам на моето семејство, внуката Симона, пријателите и на сите оние на кои им значат моите песни. Во него несебично вложив голем дел од себе и од својата душа. А во слободното време ќе музицирам во своето студио, каде што го пронаоѓам својот душевен мир - завршува Шарески.
ИНФО-Соработка со познати автори
Игор Шарески е пејач и композитор што шест години е на македонската поп-сцена. Настапил на повеќе фестивали во земјава и надвор. На деби-албумот „Нема утро без тебе“ соработувал со познати авторски имиња: Дарко Тасев, Давор Јордановски, Кристијан Габровски, Зоран Крагуевски, Влатко Плевнеш, Весна Малинова, Андријана Јаневска, Стево Чепишевски.
 
П

Паган-др

Гостин
Калиопи со хуманитарен концерт во Хрватска

Поп-пејачката Калиопи на 2 јуни ќе одржи хуманитарен концерт во Тиват, Хрватска. Настапот ќе биде на атриумот на вилата „Буќа“. Целиот приход од концертот Калиопи ќе го донира на хуманитарното друштво на слепи и цивилни инвалиди од војната, во Тиват.Нашата пејачка вечерва ќе настапи на финалната вечер на „Хрватски радиски фестивал“, што се одржува во Опатија, а ќе ја исполни својата песна „Љубичице“.Од 5 до 7 јуни ќе учествува на интернационалниот музички фестивал „Песна на Медитеранот“ во Будва, со песната „Мени је име“, но и како автор на песната „Шарена“ во изведба на Тамара Тодевска. Во рамките на фестивалот, Калиопи ќе настапи и како специјален гостин на концертот „Индекси и пријателите“, што ќе се одржи на 5 јуни во Будва.
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
5.334
Џими Хендрикс бил убиен?!

Џејмс Рајт - „Tappy“, организаторот на патувањата на Џими Хендрикс, напиша книга „Rock Roadie“ во која тврди дека една година по смртта на најдобриот гитарист на сите времиња, неговиот менаџер пијан признал дека е крив за прераното заминување на ѕвездата.

Рајт во своето дело пишува дека Хендрикс во последните денови од својот живот му раскажал како планира тогашниот менаџер Мајкл Џефри да го замени со нов, нешто што на Џефри не му се допаднало.

Една година откако 27-годишниот Хендрикс е пронајден во лондонскиот хотел Smarakand како безживотно лежи во сопствените повраќаници, Рајт се напил со поранешниот менаџер на рок легендата.

- Дента кога Џим умре бев во Лондон со некои стари пријатели. Отидовме во неговата хотелска соба и му бутнавме цела рака таблети во уста, а потоа му ја отворивме устата и му ставивме шише вино во гркланот. Морав тоа да го сторам. Џим повеќе ми вредеше мртов отколку жив. Тој курвин син сакаше да ме напушти. Да го изгубев него, ќе изгубев сè, признал Џефри.

По смртта на рок легендата, менаџерот добил два милиони долари од осигурувањето на Хендрикс бидејќи бил единствен корисник на полисата, напиша Рајт, а во корист на неговата приказна е и извештајот на докторот кој пробал да го оживее Џими во болница.

Имено, докторот Џош Банистер утврдил дека Хендрикс се задавил со црвено вино, но сомнителен му бил фактот што процентот на алкохол во крвта бил многу низок.

За жал, менаџерот нема да може да ги потврди тврдењата на Рајт бидејќи загинал во авионска несреќа во 1973 година, три години по смртта на Хендрикс.

хммм, што се значи ти прават менаџерите.... не за џабе викаат дека се се врти околу парите....
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
Жално е ако измислува човекот. Ако излапел од старост, дрога и секс и намерно збори вака.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom