Музички вести

П

Паган-др

Гостин
Бернајс Пропаганда велигденски во Ретокс

Скопскиот состав Бернајс Пропаганда со својот хит Уживаш ли во своја придружба, се најде на петото место на Топ 40 листа на реномираната хрватска радио-станица 101 Радио. Одличниот пласман на нашиот бенд е импозантен, ако се знае дека Пропаганда на топ-листата ги остави зад себе и големите имиња како: Депеш мод, Пласибо, Симпл мајндс, Продиџи, Брус Спрингстин... Но, тоа не е се!

Она што со нетрпени го чека скопската публика е повртничкиот концерт на Бернајс Пропаганда кој ќе се оддржи утре (недела, 19-ти април), на Велигден, во клубот Ретокс во Скопје. Бернајс... се враќаат во Македонија по импозантната турнеја од 45 настапи низ речиси цела Европа, и ова им е втор концерт кај нас, за промоција на нивниот деби-албум Happines/ Machines.

Одлична прилика за сите што ја испуштија повеќе од успешната прва промоција на албумот. Настанот на Бернајс Пропаганда стартува во 23 часот, а цената на влезниците е 150 денари.
извор:ммм
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Нешто неверојатно се случи на ова шоу за музички таленти. Над 50 000 000 гледачи на Youtube. Мора да се погледне.

 
П

Паган-др

Гостин
Александра со нови мултимедијални проекти

Александра Поповска, харизматичната вокалистка на Квартетот на Драган Даутовски, последниве години живее и работи во Холандија, каде постигнува забележителни успеси на музичко поле.

Во низа ангажмани кои Александра ги има, периодов се издвојува вечерашниот концерт (недела, 19-ти април) во галеријата La Charmotte во градот Ларен (Холандија). Ова всушност е заеднички настап на Александра и Zoli Soos, композитор, гитарист и тапанар.

Линкот ве води до концертната програмата на Александра и Zoli. Веќе на 11-ти мај, Александра има настап со Квартетот на Драган Даутовски, и тоа во Минхен (Германија) на 5-тиот Europaisches Musikfest EUROPAMUSICALE 2009 - Musica Mediterranea.
Александра на 16-ти мај со мултимедијалниот перформанс-инсталација, под име All those lovely creatures, има настап во Хилверсум (Холандија), во рамките на проектот KunstKRACHT 9, организиран од фондацијата Магдалена.

Последно во низа за овој период е групна инсталација организирана од страна на фондацијата Wind Nomads Slem, во рамките на еден од најзначајните мултидисциплинарни фестивали во Холандија - Terschelling Oerol Festival, кој годинава се одржува во периодот од 12-ти до 21-ви јуни.
извор:ммм
 
П

Паган-др

Гостин
No End испратија знак!

Штипскиот состав No End ни ја испрати својата прва песна – Прати ми знак, за која музиката, текстот и аранжманот ги напиша Љупче Рогожаров. За free download ќе ја најдете на МММ, во нашата MMMp3 секција. За оваа тема No End подготвуваат и видео-спот, кој би требало да биде готов до крајот на следниот месец.

Иако се со релативно кус стаж на постоење, No End неодамна ја снимија и песната со која ќе настапат на Макфест 2009. Зад нив е професионална фото-сесија, и свирки по источна Македонија...
извор:ммм
 
Член од
7 јануари 2009
Мислења
406
Поени од реакции
8
Голем концерт на Ван Гог во Скопје!

Од продукцијата Баги комуникации не известија дека најпопуларниот рок-состав на Балканот – Ван Гог, наскоро ќе има голем промотивен концерт во Скопје. На концертот ќе бидат претставени песните од нивниот најнов албум – Лавиринт, кој деновиве се најде во музичките продавници во Србија.

Од контактите со Баги комуникации сме информирани дека деновиве се договара датумот за концертот во Скопје, и тој податокот ќе се знае многу наскоро. Не се исклучува можноста пред големиот концерт во Скопје, Ван Гог да одржат и медиумска промоција на новиот албум

Првиот сингл од албумот – темата Нек те тело носи, бесплатно можете да ја преземете од официјалниот web-сајт на бендот, а спотот за оваа тема е веќе на .
 
П

Паган-др

Гостин
Диџејски ѕвезди на денс-сцената за „Егзит“

Денс-арената на годинашниот фестивал „Егзит“ ќе биде збогатена со настапите на уште 11 светски диџеи. Со свои сетови ќе се претстават познатите имиња како Ерик Прајдз, Адам Бејер, Стив Анџело, Себастијан Ингрос, Пол Вулфорд, Стив Лоулер и Рибут. Годинашната концепција на денс-арената, за одбележување на десеттиот „Егзит“, според организаторите, ќе биде единствена појава на светската диџеј-сцена, а сетовите што ќе може да се слушнат од 9 до 12 јули ќе бидат вистинска реткост на современата електронска сцена.

извор:дневник
 
П

Паган-др

Гостин
Сонувај мирно – голем хуманитарен концерт

Во дискотеката Хард Рок на 29-ти април (среда), со почеток во 21 часот, ќе се одржи хуманитарен концерт под мотото: Сонувај мирно – Кампања за подршка на деца и млади – жртви на сексуална злоупотреба. Влезниците се по цена од 150 денари, а можат да се набават во просториите на ЦИРа (телефон: 02/3114-855), Меѓаши (телефон: 02/2465-316), и на благајната на Хард Рок.

Настапуваат: Некст Тајм, Александар Масевски, Елвир Мекиќ, Даниел Стојмановски, Бени Шаќири, Деана Николовска, Биба Додева, Мартин Србиноски, Зоран Џорлев, Браво бенд, Влатко Лозаноски, Џемини, Ристо Самарџиев, Влатко Илиевски, Боби Beetbox, Елена Петреска, Тони Зен, Јован Јованов, Тања Б, Андријана Јаневска, Иле Спасев, Маријан Стојановски, Игор Митривиќ, Силви бенд, Дани, Мартина, Дони, Ева и Маја Саздановска.
Водител на програмата ќе биде Лила Стојановска.
извор:ммм
 
П

Паган-др

Гостин
Бијонсе се повлекува од сцената за да стане мајка

Популарната пејачка Бијонсе Ноулс планира да се повлече од музичката сцена на неколку години, да се посвети на својот сопруг Џеј Зи и да ги реализира плановите да стане мајка. Таа ќе го намали обемот на турнеите, но нема да ја напушти идејата да настапува во Бродвеј.

- Мислам дека тоа е мојата идеална професија. Така би можела секој ден да одам во театар, да ги носам моите деца в училиште и можеби да приготвам нешто за јадење. Можеби ќе успеам да научам да готвам. Мислам дека во таква ситуација ќе се вратам во нормала и ќе имам вообичаен распоред на дневни обврски. Дефинитивно сакам да бидам дел од Бродвеј - изјавила Ноулс за „Ројтерс“ на промоцијата на нејзиниот најнов филм Obsessed.

Таа изјавила дека се чувствувала одлично во улогата на Шерон Чарлс, која е нејзина прва филмска улога во која не пее, по мјузиклите „Кадилак рекордс“ и „Девојки од соништата“.

- Улогата многу ми се допадна бидејќи во повеќето од овие филмови мажот е тој што на крајот го „спасува денот“. Мојот лик Шерон е херојот. Таа е силна и не прифаќа да биде жртва, туку решава да се спротивстави.

„Пусикет долс“ пред распад поради Никол

Никол Шерцингер, лидерката на женската музичка атракција „Пусикет долс“, сака да почне соло-кариера, поради што може да се распадне составот, јавуваат британските медиуми. Нејзината колешка од бендот, Мелоди Тортон јавно ја обвини дека Никол е многу егоистична, што може да предизвика распад на групата. Никол предизвика голема тензија во бендот инсистирајќи нивните две последни песни да бидат промовирани под името „Пусикет долс“ во придружба на Никол Шерцингер.

Ова ги изреволтирало другите девојки од групата, а во една пригода бесната Мелоди сред концерт им рекла на фановите „Ви благодарам што ме поддржувате иако немам главна улога!“ и и' упатила презирен поглед на Никол. Веќе извесно време медиумите шпекулираат дека Никол планира да ги напушти „Пусикет долс“ и да почне соло-кариера. Се претпоставува дека оваа промотивна турнеја им е последен заеднички проект.
 
П

Паган-др

Гостин
Ѓорѓи Крстевски со нов албум во мај

Познатиот пејач и автор Ѓорѓи Крстевски денеска ќе настапи во битолската дискотека „Расчекор“ каде што во живо ќе изведе дел од своите најпрепознатливи нумери. Тој со полна пареа работи на третиот студиски албум што ќе содржи 10 песни, а промоцијата е закажана за средината на мај. Музиката, текстовите и аранжманите се авторско дело на Ѓорѓи. Претставувањето на албумот Крстевски ќе го искористи и за презентација на спотот за носечката нумера. Македонскиот пејач летово планира низа концертни активности што есенва ќе бидат заокружени со втор голем солистички концерт во Скопје.
 
П

Паган-др

Гостин
Калиопи со награда Царица Теодора

Поп-дивата Калиопи доби награда за успешност на естрадата во Србија за 2008 година. Свеченото доделување на традиционалните награди за најуспешните на естрадата се одржа во елитниот музички клуб Спарк во Ниш.

На најуспешните им беа доделени плакети и статуетки Царица Теодора и Цар Константин, а свој настап имаа голем број српски музички ѕвезди. Калиопи настапи со Пробуди ме и Љуби од најновиот албум Желим ти реќи, а на барaње на публиката во живо ја отпеа и легендарната Бато.

Покрај Калиопи, награди за успешност на естрадата за 2008 година добија и Неверне бебе, Гоца Тржан, Луис, Драгана Мирковиќ, Генерација 5 и други.
 
П

Паган-др

Гостин
Баклава во чест на македонските великани

Денес, по повод 106-годишнината од смртта на големиот револуционер Гoце Делчев, во 20 часот, во големата сала на Домот на АРМ ќе се одржи свечен концерт, во организација на Советот на Меѓународната манифестација Гоцеви денови, каде групата Баклава ќе настапи меѓу Градскиот мешан хор Вардар, КУД Јени Јол, вокално-инструменталната група на Бајса Арифовска, Драган Мијалковски и други.

Покрај овој настап, вон рамките на домашната турнеја, Баклава ќе имаат настап на 17 мај на Денови на Крале Марко, кој ќе се одржи на скопска Матка.

Во организација на Министерство за култура, на 21 мај Баклава ќе патува за Рим по повод традиционалната манифестација Македонија во чест на Св. Кирил, каде, без сомнение, достоинствено ќе ја претстават Македонија...
 
П

Паган-др

Гостин
Беј д фиш ќе објават двоен албум со 28 песни!

Уникатниот македонски состав Беј д фиш (Bei the Fish) кон крајот на месец мај ќе го издаде својот нов албум насловен Time to Make Things Right. Следбеникот на Look up од 2007 година, кој требаше да се појави минатата година светлината на денот ја здогледува дури овој месец преку независните издавачи и продукции ПМГ и Круг. За непланираното доцнење бендот своите фанови ги наградува со бонус албум.

Time to Make Things Right е првиот двоен албум на Беј д фиш на кој се сместени вкупно 28 (дваесет и осум) комплетно нови композиции снимени во текот на месеците септември и октомври 2008 година во сопственото студио Иго Ист (Ego East). Албумот содржи повеќе музички аспекти.

Првиот дел е поп ориентиран со весели и певливи мелодии, но и со значителни елементи на диско од 70ите и 80ите години од минатиот век. Вториот дел претставен преку бонус албумот Music About All About e триесетминутно еднократно парче кое музички се движи од Жоао Жилберто [Joao Gilberto] преку Трики и Најн инч неилс [Tricky / Nine Inch Nails] па се до Ер [Air]) и е комплетно нова слика за сите оние што ги познаваат Беј д фиш.

Поголемиот дел од текстовите се напишани од страна на Огнен Анастасовски, но како текстописци се јавуваат и Валентина Миновска и Благоја Бошковски - Буцко. Снимањето и миксањето го направи главната алка во бендот Огнен Анастасовски додека пак на мастерингот работеше добропознатиот македонски продуцент Горан Атанасовски - Роботек.

Во текот на првата недела на мај на www.myspace.com/beithefish слободно ќе може да се симне првиот сингл Livin’ in a Box којшто ќе го најави новиот двоен албум Time to Make Things Right. Обвивката за албумот е веќе во процес на изработка, а на нејзе е посветен младиот дизајнер Горан Костовски - Индог.

Покрај издавањето на албумот бендот подготвува и концертна промоција на истиот некаде во средината на месец јуни. Подготовките за концертот се веќе започнати и се очекува настанот да остави впечаток со својот бински дизајн, светло, перформанс. Но, повеќе детали за самиот настан како и точниот датум за промоцијата нешто подоцна овој месец.

Инаку Беј д фиш од неодамна има и нов член во својот состав. Владимир Настевски внесува нова енергија и нови идеи во бендот свирејќи на електронски тапани. Неговиот прв настап ќе биде токму на промоцијата на албумот Time to Make Things Right.
 
П

Паган-др

Гостин
„Аеросмит“ ќе одржи концерт одложен пред две години

Рок-групата „Аеросмит“ ќе одржи бесплатен концерт во Хаваи за обожавателите што пред две години купиле влезници, но настапат бил одложен. По судската пресуда рокерите ќе мора да го одржат распродадениот концерт во Мауи и да им се оддолжат на обожавателите што купиле влезници. Фановите поднеле тужба, тврдејќи дека бендот го одложил концертот поради поголем настап во Чикаго и приватен концерт за дилерите на автомобили во Охау. Адвокатите на публиката велат дека „Аеросмит“ се договориле да направат нов концерт и самите да ги платат сите трошоци, а сите оние што купиле карти пред две години ќе добијат бесплатна влезница. Адвокатот на „Аеросмит“, Џеј Ханлдин, изјавил дека се задоволни што постигнале договор и додал дека бендот е среќен што ќе има можност да ги обнови контактите со обожавателите од тој регион.

Засега не е објавен датумот за новиот концерт, но најверојатно ќе биде дел од нивната тукушто објавена северноамериканска турнеја. Според пресметките во судскиот процес, трошоците на посетителите биле меѓу 500.000 и 3 милиони долари, ако се соберат сите потрошени средства, вклучувајќи го превозот и сместувањето. „Аеросмит“ е еден од најпознатите американски бендови, а во својата 39-годишна кариера освоил четири награди „Греми“ и од 2001 година се дел од Халата на славните од рокенролот.
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Влатко подготвува голема промотивна забава!


По распродавањето на првиот тираж на деби-албумот Со други зборови, популарниот пејач, актер и водител Влатко Илиевски забрзано работи на новиот тираж за ова издание...

Новиот дизајн на албумот ќе содржи неколку необјавени фотографии, а со секој примерок ќе оди и постер со мојот потпис – изјави Влатко за МММ.

Младиот рокер, кој и понатаму е вокалист на хард-рок составот Морал, за 20-ти мај најавува голема промотивна забава во чест на вториот тираж на албумот. Средбата со новинарите и со пријателите Влатко ќе ја искористи и за промоција на видео-спотот за темата Најбогат на свет, со која настапи на националниот Евросонг.

Спот ќе добие и српската верзија со наслов Најбогатији, со која Влатко ова лето ќе настапи на црногорскиот фестивал Сунчане скале...

извор: ммм
 
П

Паган-др

Гостин
Jeniferever откажаа, String Forces сами во Кастро

Kонцертот на Швеѓаните Jeniferever кој требаше да се одржи на на 10. мај 2009 година (недела) во клубот Кастро е откажан заради трагичен случај во семејството на еден од членовите на бендот.

Освен скопскиот, откажани се и концертите во Виена, Марибор и Белград кои требаше да бидат дел од нивната мини-турнеја. Менаџментот на Jeniferever даде ветување дека откажаните концерти ќе бидат реализирани оваа есен.

Во недела во Кастро ќе се одржи другиот целовечерен концерт кој е требаше да биде дел од овој специјален настан. String Forces ќе се претстават со теми од нивните три изданија, но ќе промовираат и дел од песните кои ќе се најдат на нивниот четврти албум.

Цената на влезницата ќе изнесува 150 денари, а почетокот на свирката е во 21 часот и 30 минути.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom