- Член од
- 30 јануари 2005
- Мислења
- 7.397
- Поени од реакции
- 1.308
Малку злобно Гаго од ваша страна. Животот секако не е розов и треба да си го испотиме газето и да сработиме најдобро што можеме за да го доведеме во ред, но никој нема право да рече “тебе ти е лесно види јас што сум проживеал“.
Нормално, на 17 години во денешни услови “детето“ треба да биде дете, а не да биде нападното од возрасни емотивци кои не сакаат да побараат стручна помош. Тоа што упорно ја вртите темата на страната “кој факултет да го одберам“ е ваш проблем и нема врска со прашањето поставено на почетокот со темата.
Секој има тежок живот, ваша работа е дали ќе го прифатите тоа или не, секој проблем е еднакво тешко поднослив и секој проблем е решлив, на поедноставен или не толку едноставен начин. Народот вика, “Каменот си тежи на местото“.
Животот е тежок, точно, и кога некој ќе се пожали од него и нема да знае што да стори околу него... тогаш се гледа пријателите околу тебе какви луѓе се. Оние кои ќе мрднат со малиот прст и ќе направат нешто конструктивно, вреди да ги задржиш за следниот разговор. Оние кои ќе кажат дека имале тежок живот и дека проблемот посочен е гола вода во споредба со нивната напатеност... не вредат.