Ми го уништуваат животот?

  • Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување
С

Сатори

Гостин
Искрено се прашувам, какви се вашите родители?
Колку многу ги сакате кога се мазохистичко-садистички настроени, а поимот одговорност не го научиле додека биле млади или кога му даваат нова форма на зборот сјебаност.

Не, не мислам на забрани од типот, не ми даваат да излезам до 1 вечерва или не ми дале пари за да си ги купам убавите сандалчиња, мислам на психичкото малтретирање кога времето ги прегазило па фрустрациите ги исфрлаат на тие што се најподложни на малтретирање.

Како ви влијае?
Мислите ли дека треба да се носите со сите тие проблеми што тие дополнително ви ги ствараат во животот кој и така не е лесен и полн со ружи?

Како се справувате?
 
Член од
10 мај 2008
Мислења
364
Поени од реакции
13
Слушајте ги родителите во повеќето случаи во животот зошто тие имаат повеќе искуство за криуцијални одлуки кои ќе ги донесете и ќе резултираат на подолг временски период.
 
С

Сатори

Гостин
Слушајте ги родителите во повеќето случаи во животот зошто тие имаат повеќе искуство за криуцијални одлуки кои ќе ги донесете и ќе резултираат на подолг временски период.
Да, замини на право, а се што сакаш во животот е археологија.
Онда на 40 ќе се разбудиш како мизерен и патетичен правник и ќе си го свирнеш куршумот.

:vozbud:
 
Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Искрено се прашувам, какви се вашите родители?
Колку многу ги сакате кога се мазохистичко-садистички настроени, а поимот одговорност не го научиле додека биле млади или кога му даваат нова форма на зборот сјебаност.

Не, не мислам на забрани од типот, не ми даваат да излезам до 1 вечерва или не ми дале пари за да си ги купам убавите сандалчиња, мислам на психичкото малтретирање кога времето ги прегазило па фрустрациите ги исфрлаат на тие што се најподложни на малтретирање.

Како ви влијае?
Мислите ли дека треба да се носите со сите тие проблеми што тие дополнително ви ги ствараат во животот кој и така не е лесен и полн со ружи?

Како се справувате?
У мој замок, кај што длабоко се разглабаат сите можни уништувачи на животот(воздухот,водата,мекдоналдс и кока кола) најмал фактор се уништувачите родители.
Сатори гет оувер вит ит....побрзо ќе ти го уништи животот топилницата одколку родителите:wink:
 
^Кристи^

Dreamer
Член од
1 ноември 2007
Мислења
781
Поени од реакции
41
Сето психичко делување, иако на моменти можеби изгледа како малтретирање и тортура е со најдобра намера, заштита на своето дете и обид да стане личност подготвена да ја прифати реалноста, излегувајќи од розовиот свет и заштитното стаклено звоно.
Имав период кога мислев дека се` што ми зборуваат ми предизвикува психичка напнатост и не ми дозволува да си го барам вистинскиот пат т.е. живеев во заблуда дека не ми дозволуваат да бидам среќна и баш како насловот на темава ми го уништуваат животот. Одев контра, правев се` што ми велеа дека на треба, не послушав ниту еден совет, помина како што помина, сега последиците не се ни важни. Важно е тоа што сега после толку време, сум благодарна што се случи таква работа да ме освести, да размислам дали сето тоа од страна на родителите било обична тортура или едноставно огромна желба за успех, среќа.....што и да е.
Никогаш повторно во животот не се осмелив ни да помислам дека тие се лица кои ми вршат психички напор и ми го уништуваат животот.
 
Член од
10 мај 2008
Мислења
364
Поени од реакции
13
Да, замини на право, а се што сакаш во животот е археологија.
Онда на 40 ќе се разбудиш како мизерен и патетичен правник и ќе си го свирнеш куршумот.

:vozbud:

Епа кажи си го проблемот конкретно а не така одма родителите ова она... сакаш археологија??? Иди бе на археологија чим го сакаш тоа, ама не гледај само четка пред нос и земја туку види како покрај тоа ќе се здобиеш и со знаење што ќе ти помогне да заработуваш повеќе во иднина.. ти текнува ..
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Искрено се прашувам, какви се вашите родители?
Колку многу ги сакате кога се мазохистичко-садистички настроени, а поимот одговорност не го научиле додека биле млади или кога му даваат нова форма на зборот сјебаност.
Мислам дека ова е делот на кој што треба да ги фокусирате коментарите...

Ја искусувам сеуште оваа ситуација на мои цели 25 години. Од она што јас сум го научил во животот, е дека родителите се институција која не може да се контролира од нивните споствени деца, а во исто време и сум забележал од останатиот свет, дека родителите немаат поим од растење деца. Новиот модерен начин на живот тотално ги сјебува децата и никој не приметува.

Во превод, според мене... се` што еден нормален тинејџер може, и треба да направи во ситуација каде е репресиран од родителите по било кој основ е да се дистанцира од нив. Ако физички не може, тогаш најмалку психички. Правилен однос кон своите родители откако би се решило детето на ваков потег е ладнокрвен. Реченици од типот “тоа не е моја работа“ се најпаметни... со тоа што треба својата единствена задача во животот да ја извршува идеално и максимално, а тоа е средното училиште и неговиот успех во истото.

Кога ќе заврши тоа, и дојде момент на избор се прави компромис... “Во ред, но сноси ги последиците при евентуалниот неуспех“. Тоа е реченица која најчесто би ја употребил родител, но со нивни камен по нивна глава е супер оружје за водење војна со повозрасни и поискусни.
Родителот нема право да одлучува за сериозни животни чекори на своето дете, но ако веќе решил да го прави тоа, тогаш слободно качете му се на глава.
 
Член од
19 април 2005
Мислења
1.806
Поени од реакции
75
Да, замини на право, а се што сакаш во животот е археологија.
Онда на 40 ќе се разбудиш како мизерен и патетичен правник и ќе си го свирнеш куршумот.

:vozbud:
Дедото Конфучие рекол - Не работи го тоа што го сакаш туку засакај го тоа што го работиш.
Куршумот не е опција. Ако, е свирни го уште сега, што ќе чекаш до четриесет години.
Секој човек има фрустрации. Некој се научил како да ги канализира, некој не. Некои сметаат дека чување дете подразбира само чиста пресвлека и полно меше, некои пак сметаат дека детето МОРА да биде генијалче, на секое поле. Не можеш за тоа да ги обвинуваш твоите родители. Доволно си возрасна да носиш свои одуки и да живееш со нив. И сето тоа да им ги објасниш на твоите.
Во крајна линија - тоа што те те прави среќна, нив сто пати посреќни. Порано или подоцна.
 
1. Знаеш дека е многу тешко/невозможно да се засака тоа што се работи а од старт не си го сакал...
2. Куршум не се советува на тинејџер од проста причина што е сосема реално да го употреби
3. Зар не си имала родители кои биле тешки на некое поле? Зар има тинејџер кој немал заебани родители од своја перспектива? Убаво е ова се` другово напишано, само е прерозево, то ест далеку од реалноста. Во нашето општество на 17 години многу работи се детерминирани од родителите и ние можеме да одбереме точно. Куршум или нивната волја. Или да не биде толку сурово, Нивната волја, или опцијата “скар-скар“ која може да резултира со талкање и питање, или поверојатно со изборување за својата варијанта и животно соочување со будното око на родителите кое за најмалата грешка ќе ти плесне "Told you so".

Родител во принцип е глупава работа и ретко кој знае да ја работи. И хормоните на децата се чудни во тие години... но... нели родителите беа оние возрасните и разумните и оние кои знаат се` а децата не знаат ништо... :toe:
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
Задоволен сум од односот на домашните животни спрема мене ... многу ретко сум имал некои недоразбирања со нив

срцки се
 
С

Сатори

Гостин
Дедото Конфучие рекол - Не работи го тоа што го сакаш туку засакај го тоа што го работиш.
Куршумот не е опција. Ако, е свирни го уште сега, што ќе чекаш до четриесет години.
Секој човек има фрустрации. Некој се научил како да ги канализира, некој не. Некои сметаат дека чување дете подразбира само чиста пресвлека и полно меше, некои пак сметаат дека детето МОРА да биде генијалче, на секое поле. Не можеш за тоа да ги обвинуваш твоите родители. Доволно си возрасна да носиш свои одуки и да живееш со нив. И сето тоа да им ги објасниш на твоите.
Во крајна линија - тоа што те те прави среќна, нив сто пати посреќни. Порано или подоцна.
Не велам дека нема смисла тоа што го советуваш, но кога ситуацијата би била дадена како нешто потполно надвор од нормалата, остануваш да трпиш садистички побуди од страна на исфрустрирани стари луѓе.
Канализирањето на тоа се базира врз заминување.

Тоа со факсот беше само пример за круцијална одлука.

Додека, никој не може да ти рече тоа што викаат по тебе е добра работа, океј, нема проблем, да викаат по тебе кога мислат дека грешиш или веќе си згрешил.Поентата мене не ми е тоа, зборувам за психичко разорување, за променливи облици на контрола и слобода и нестабилни личности.
А тоа, не да е разлика ... туку е ебана контрадикција.

И да, Виктор, голем дел од родителите, не знаат како да бидат родители.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не сум се осетила никогаш во животот така.
Да, сум била изнервирана, нервозна, но секогаш ми се оставала барем доза на избор.
На пример, мајка ми повеќе инсистираше на правни науки да одам, додека моја животна желба беше политички науки. Имавме дебати по дома, на моменти си повишувавме тон, но на крај ме остави да го направам моето. И сега ми вика: “Е супер, во право беше што си остана доследна на тоа што го сакаш. Мило ми е што гледам дека го сакаш тоа што го учиш.“
Ова доведува до фактот дека родителите не се секогаш во право. Да, можеби се карав со мајка ми, но сега и таа е среќна зашто знае дека тоа што го учам ме исполнува.
Мене единствено што ми смета е што мајка ми е на моменти премногу заштитнички настроена. Иако знам дека го мисли најдоброто, некогаш тоа ме гуши.
Затоа Сатори мој совет. Ако навистина сакаш археологија, биди одлучна и избори се за тоа. Некогаш родителите се болно амбициозни, но можеш да се избориш, ако треба викај, ама не се откажувај од твојот сон, зашто тоа е твојот живот. Ти ќе треба да го живееш понатаму. Они, кога тогаш ќе се помират со тоа, а ти си таа која ќе треба да оди понатаму во животот.
Значи да сумирам: Не се откажувај и БОРИ се!
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Абе знаете како викаат: не дај боже да ти се случи тоа што мајка ти го мисли.
Зошто бидејќи мајките обично се премногу загрижени за своите деца, а за татковците зависи.
Ама факт е дека некогаш родителските преголеми амбиции или преголема грижа да се одразат на живото на детето негативно.
Е сега тука секој со својата среќа, ама тие се родителите и неможеш да ги смениш, тоа што можеш да направиш е да најдеш дипломатско решение и тоа со играње со отворени карти.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Го грешите правецот на дискусија...
Satori напиша:
Не, не мислам на забрани од типот, не ми даваат да излезам до 1 вечерва или не ми дале пари за да си ги купам убавите сандалчиња, мислам на психичкото малтретирање кога времето ги прегазило па фрустрациите ги исфрлаат на тие што се најподложни на малтретирање.
Мислам дека ова е тоа што ја интересира девојкава...
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
мислам на психичкото малтретирање кога времето ги прегазило па фрустрациите ги исфрлаат на тие што се најподложни на малтретирање.

А тоа е најлошото нешто што може да ја снајде една непредрасудна личност со слободен дух и свој начин на живот.

Не само времето што ги прегазило и постепено со тек на годините се повеќе и повеќе го достигнуваат врвот на конзерватизмот туку и не дозволуваат да размислуваат со своја глава затоа што општеството наметнува некои други начини на размислување кои не смеат да бидат прекршени. Гласот на народот е многу побитен од среќата на детето.

Да, можеби ќе ја направам најголемата грешка во животот со мојот избор, но барем јас ќе бидам виновна за тоа а не некој друг. Колку и да биде трагично јас сум го сакала тоа па ќе си ги сносам гордо последиците. Не сакам да живеам во монотоноста на животот кој ќе ми биде наметнат од моите родители, живеејќи цел ебан живот во сегашноста со вечно вперен поглед во затворената врата кон минатото и се она што би можело да го има зад таа врата. Сите тие прекрасни мигови на бескрајна среќа и вечна радост, знаејќи дека си можела да ги имаш ама не...некој не дозволувал затоа што се грижел за твојата среќа турнувајќе те кон несреќата.

И не нема да дозволам тоа. Не сакам секоја ноќ да ја сонувам затворената врата и животот кој што сум можела да го имам. Не сакам да станам искомплексирано исфрустрирана личност заради тоа што ми било одземено. Сакам да ја живеам слободоумноста. Сакам да ја отворам секоја врата која што сакам да ја отворам па макар и утре брутално траснувајќи да ја затворам. Мој живот-мое право.

И тука веќе се јавува најголемиот проблем. Како да се справиш не со нив туку со најлошото со нивната психа ? Проблем чиешто решение очајно ми е потребно...:toe:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom