Јас гледав на една емисија за Маите,кажуваа како тие граделе со невидена прецизност,меѓу камењата не можеше едно ноже да се бутне.
Овие некои научници пробаа со истите алати и исти такви ОГРОМНИ камења да напраат едно ЅИДЧЕ,ама никако не можеа совршено да ги спојат.
Да не си гледал за Инките? Маите не се замарале со мегалитски камења.. Иначе добро што ме потсети.. баш вчера на кабловска на оној каналот место А1 - 24вести ли се вика не знам... имаше фантастичен документарец за Маите, за нивната култура, јазик, писмо, историја и сл.. Имаше многу работи за кои што вреди да се прочита некоја книга или да се пронајде од оние што говореа, али кој да памти толку многу информации јебеш!
Ми оставија впечаток тројца истражувачи што се најзначајни околу она што денес го знаеме за Маите..
1. една русинка шо студирала Архитектура во САД за време на големата економска криза, али пошо не можела да најде работа по струка, случајно на оглас видела дека се бара цртач во Мексико за да ги прецртува храмовите на маите. Отишла таму, и оп, благодарење на нејзиното фантастично цртање, постанала прв хроничар на архитектурата на маите! хахах
2. исто така еден русин. што како војник во втора светска војна заедно со својата чета влегол у Берлин кон крајот на војната, и додека се борел по зградурините, влегол во градската бибилиотека (за што подоцна дознал, пошо за време на борбата не ни бил свесен нешто многу кај иде и се тепа) и наишол на една книга во која што биле запишани сите 800 симболи т.е. логоглифи од писмото на маите. Типов се нафурал до толку што после војната се запишал да студира лингвистика и станал првиот човек во светот што го разбил „кодот“ на писмото на маите.
3. благодарение на русинов немаше да се појави и третиов тип, односно 12 годишно дете, син на еден американски археолог што си го носел со себе уште од својата 4 годишна возраст по локалитетиве во Мексико, Гватемала и сл исл..Е ова дете, на своја 12 годишна возраст впивал ко сунгер од постариве за да после едно 5-6 години да му светне како се чита писмото на маите и да им кажува што се значи на луѓево околу него..
толку.. хах !